Connect with us

Осигурување

Од клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање

Објавено

на

Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија.

Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и склучете осигурителна полиса онлајн.

Зошто да склучите осигурителна полиса онлајн?

Со склучувањето на осигурителна полиса онлајн, целиот процес на осигурување се олеснува: од пребарување и споредба на понуди, до склучување и следење на вашите полиси.

Преку Минт Инс осигурителен брокер, имате можност:

  • Да побарате понуда за осигурување онлајн преку нашата веб-страна или мобилната апликација Mint App за различни видови осигурувања.
  • Да добиете пристап до понуди од повеќе осигурителни компании.
  • Да ја склучите полисата онлајн со само неколку клика.
  • Да ја следите и проверувате состојбата директно од апликацијата во секое време.

Целиот процес е дизајниран за брзина и едноставност – без непотребни чекори, без чекање.

Како осигурителните полиси достапни онлајн го олеснуваат процесот?

Можноста да склучите осигурителна полиса онлајн значи дека целата постапка – од добивање понуда, до плаќање – се одвива дигитално. Ова не е само дигитализација на стар процес. Ова е нов начин на размислување.

Минт Инс е осигурителен брокер кој не само што ги поврзува корисниците со повеќе осигурителни компании, туку им дава и целосна контрола врз нивните полиси преку нашата веб страна и мобилната апликација Mint App.

Со Mint App, сè е на вашиот телефон: избирате вид на осигурување кое ви одговара, добивате понуда според вашите потреби, ја склучувате полиса и ги имате информациите за истата достапни во апликацијата.

Брзина

Нема повеќе чекање во ред, нема повици до осигурителни агенти. Нема повици, нема чекање. За неколку минути аплицирате за својата осигурителна полиса онлајн, без разлика дали сте дома, на работа или на патување.

Едноставност

Процесот е дизајниран така што секој може да го користи – без техничко знаење, без сложени чекори. Интерфејсот и на Минт Инс веб страната и на Mint App е јасен и интуитивен. Сè што ви треба е достапно на едно место.

Заштеда на време

Времето е највредниот ресурс денес. Со Минт Инс, добивате осигурување на начин кој вас ви одговара, од компјутер, таблет, мобилен, или во канцеларија. Нашата цел е да го направиме начинот на добивање понуда значително пооелеснителен за нашите клиенти.

Целосна транспарентност

Повеќе нема скриени детали или нејасни услови. Нашите брокери Ви помагаат да изберете најсоодветна понуда од различни компании, така што секогаш го добивате најповолното решение за вас.

Минт Инс – Повеќе од осигурителен брокер

Повеќе нема потреба да го одложувате осигурувањето затоа што „немате време“. Минт Инс е тука за да ви заштеди време, да ја поедностави процедурата и да го направи осигурувањето – конечно – современо.

Зад Минт Инс стои тим од лиценцирани брокери со долгогодишно искуство, кои ја комбинираат експертизата од осигурителниот сектор со современа технологија. Резултатот е систем кој е:

  • брз и сигурен,
  • едноставен за користење,
  • достапен 24/7,
  • и создаден за вистинските потреби на клиентите.

Покрај тоа, Минт Инс нуди постојана корисничка поддршка и советување, така што секогаш можете да добите професионален совет пред да ја склучите вашата полиса.

Какви видови осигурувања можете да добиете преку Минт Инс?

Преку Минт Инс можете да склучите осигурителна полиса за следните видови на осигурувања:

Секој вид на осигурување има различни карактеристики. Сѐ што треба да направите е да нè контактирате, и ние ќе ви изработиме персонализирана понуда, прилагодена на  вашите потреби.

Минт Инс – Брзо, едноставно и без чекање

Секоја осигурителна полиса склучена онлајн преку Минт Инс е чекор напред кон нов начин кој штеди време, нуди транспарентност и носи сигурност. Со само неколку клика, можете да добиете осигурителна полиса онлајн, да ја плаќате на рати, да ја следите состојбата и да имате целосна контрола.

Ако барате брзина, едноставност и заштеда на време, тогаш Минт Инс е вистинскиот избор за вас. Дополнително, преку Mint App, Минт Инс го поедноставува процесот на склучување на осигурување.

Посетете ја веб страната Минт Инс или преземете ја Mint App, добијте понуда за неколку минути, и склучете осигурителна полиса онлајн – брзо, едноставно и без чекање.

ПР објава

Осигурување

Халк Осигурување со понуда за професионална одговорност за повеќе дејности

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје ја истакнува важноста на осигурувањето од професионална одговорност како заштита од штети што можат да настанат поради грешки или пропусти при извршување на професионалните обврски.

Од компанијата посочуваат дека вниманието, знаењето и професионалноста се основа на довербата во секоја професија, но и дека целосната посветеност не може секогаш да ја исклучи можноста за ненамерна грешка или пропуст.

Осигурувањето од професионална одговорност е наменето токму за вакви ситуации и обезбедува заштита при штети настанати во текот на совесното и професионално извршување на работните обврски.

Халк Осигурување нуди решенија приспособени за различни професионални дејности, меѓу кои ревизори, сметководители, адвокати, здравствени работници, нотари, проектанти и геодети, како и други професии.

„Професионалноста е ваша одговорност. Сигурноста е наша“, порачуваат од Халк Осигурување.

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурувањето расте низ Балканот – каде е Северна Македонија?

Објавено

на

Осигурителниот сектор во земјите од регионот продолжува да расте и во 2026 година. Во Босна и Херцеговина, Косово и Албанија во првите седум месеци се бележи зголемување на бруто-полисираната премија, а регионалните бројки повторно го отвораат прашањето колку е развиен македонскиот осигурителен пазар и колку граѓаните користат животно осигурување.

Во БиХ, осигурителните компании во периодот јануари–јули оствариле бруто-премии од 496,1 милиони конвертибилни марки, односно околу 253,7 милиони евра. Тоа претставува раст од 4,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во Косово, пак, премиите во првите седум месеци од годинава пораснале за околу 5 отсто, додека албанскиот осигурителен пазар бележи раст од околу 3 отсто.

Северна Македонија со посилен раст, но пазарот останува доминиран од неживотното осигурување

Последните целосни годишни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување покажуваат дека македонскиот пазар во 2025 година забележал значително повисок раст. Вкупната бруто-полисирана премија достигнала 17,93 милијарди денари, што е раст од 12,31 отсто во споредба со 2024 година.

Премијата по жител, еден од показателите за развиеноста и распространетоста на осигурувањето, во државата во 2025 година изнесувала 9.840 денари, односно приближно 160 евра по жител. Тоа е за 13,18 отсто повеќе од претходната година. Истовремено, учеството на осигурувањето во БДП се зголемило од 1,67 на 1,72 отсто.

Но, структурата на пазарот покажува дека неживотното осигурување и натаму убедливо доминира. Од вкупната премија во 2025 година, 14,74 милијарди денари или 82,21 отсто се однесувале на неживотно осигурување. Животното осигурување учествувало со 17,79 отсто, со премии од 3,19 милијарди денари. Премиите во животното осигурување за една година пораснале за 10,22 отсто.

За споредба, во Албанија животното осигурување во првата половина од 2026 година учествувало со само 9,26 отсто во вкупниот пазар, додека повеќе од 90 отсто од премиите се однесувале на неживотно осигурување. Тоа покажува дека Северна Македонија има поголем удел на животното осигурување од дел од пазарите во регионот, иако и кај нас овој сегмент останува далеку помал од неживотното осигурување.

Регионалните податоци, според тоа, покажуваат дека растот на осигурувањето не е изолиран тренд. Премиите се зголемуваат во повеќе балкански земји, но вистинската разлика меѓу пазарите сè повеќе ќе се мери преку премијата по жител, учеството на осигурувањето во економијата и развојот на животното осигурување.

За Северна Македонија бројките покажуваат солиден раст, но и значителен простор за понатамошно продлабочување на пазарот, особено преку поголемо користење на животното осигурување и доброволните осигурителни производи.

Продолжи со читање

Осигурување

Vienna Insurance Group го прошири работењето во Црна Гора, групацијата е силно присутна и во Северна Македонија

Објавено

на

Vienna Insurance Group (VIG) го прошири своето присуство во Црна Гора со основање на компанијата Wiener Städtische Osiguranje Podgorica a.d. – Vienna Insurance Group, која доби дозвола за работа од Агенцијата за надзор на осигурувањето и официјално започна со работа.

По долгогодишното работење во сегментот на животно осигурување, групацијата сега влегува и на пазарот на неживотно осигурување, со што го продолжува инвестицискиот циклус во земјата.

Основачкиот капитал на новата компанија изнесува пет милиони евра, што е значително над законски пропишаниот минимум од три милиони евра.

Vienna Insurance Group поседува 50,1 отсто од капиталот, додека Wiener Städtische животно осигурување Подгорица и Wiener Städtische осигурување Белград имаат по 24,95 отсто.

Извршниот директор Петар Вујошевиќ изјави дека новата компанија од самиот почеток ќе има силна поддршка од целата групација, преку меѓународно искуство, финансиска стабилност и пренесување на знаење од компаниите во Подгорица и Белград.

Одлуката за новата инвестиција следува по успешното работење на Wiener Städtische во сегментот на животно осигурување во Црна Гора. Според податоците за крајот на вториот квартал од 2026 година, компанијата има околу 48 проценти пазарен удел според бруто-фактурираната премија и е лидер во овој сегмент.

Од компанијата посочуваат дека капиталот од пет милиони евра треба да обезбеди дополнителна финансиска стабилност и простор за инвестиции во продажната мрежа, дигитализацијата, новите производи и подобрување на услугите.

Vienna Insurance Group има значајно присуство и во Македонија, каде што работи во сегментите на животно и неживотно осигурување преку „Винер лајф“ и „Македонија осигурување“. Во јули 2024 година, Winner Non-Life беше споен со „Македонија осигурување“, по што компанијата продолжи да работи под брендот „Македонија осигурување“.

Vienna Insurance Group работи во околу 30 земји во Централна и Источна Европа преку приближно 50 компании, има повеќе од 30.000 вработени и над 33 милиони клиенти. Новата инвестиција во Црна Гора е дел од пошироката стратегија на групацијата за зајакнување на позициите на осигурителните пазари во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange