Банки
Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне
 
																								
												
												
											Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година.
Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ниво, а ликвидните средства покриваат значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата. И квалитетот на кредитното портфолио се подобри во овој квартал, при што стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,4%.
Во услови на олеснети кредитни стандарди и зголемена кредитна побарувачка, зајакнатата солвентност го поддржа побрзиот раст на кредитирањето на домаќинствата и на претпријатијата, којшто на квартална основа изнесува 3,1% и 4,3%, соодветно. И депозитите растеа побрзо во вториот квартал од годината, при што и натаму има поволни движења според валутата и рочноста на депозитите.
Народната банка и во иднина ќе биде внимателна во водењето на монетарната и макропрудентната политика, во време кога сè уште има изразена надворешна и домашна неизвесност. Се нагласува потребата од претпазливост и постојано следење на ризиците заради задржување на стабилноста на банкарскиот сектор и во наредниот период.
Советот на Народната банка ја усвои Рамката за одржливост со што се поставува основата за систематско воведување одржливи практики во секојдневното работење. Рамката за одржливост има за цел да придонесе кон поголема енергетска ефикасност, одговорно користење на ресурсите, поттикнување зелени финансии и намалување на јаглеродниот отпечаток, како и кон подигање на свеста и зајакнување на капацитетите на вработените во областа на одржливото работење. Со нејзиното усвојување, Народната банка ќе продолжи со активностите насочени кон унапредување на еколошките практики, финансиската писменост и одговорното делување, заради долгорочна економска стабилност и општествена благосостојба.
Банки
Ѓорѓи Атанасовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2025 година
 
														На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, за најдобар банкарски службеник.

“Горди сме на нашиот колега Ѓорѓи Атанасовски за професионалноста, посветеноста и придонесот во работата. Честитки колега за ова заслужено признание! ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.
Банки
Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка
 
														Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.
Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Банки
УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади
 
														Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.
Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.
Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.
Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.
Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.
Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија 
- 
																	   Анализипред 1 месец Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола 
- 
																	   Продуктипред 1 месец Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay? 
- 
																	   Кариерапред 2 месеци Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој 





 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									