Connect with us

Банки

Денес е клучниот ден за Стопанска банка Битола – ќе успее ли Алта банка да влезе на македонскиот банкарски пазар?

Објавено

на

Алта Банка АД Белград официјално објави дека јавната понуда за запишување акции на Стопанска Банка АД Битола завршува денес, 10 октомври 2025 година. Акционери кои сè уште не ја искористиле понудата, имаат можност да ја прифатат уште денес.

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) претходно одобри трансакцијата, овозможувајќи на Алта Банка да понуди преземање на Стопанска банка преку купување на вкупно 371.538 обични акции (заедно со актуелните 19.439 акции во сопственост на преземачот и спојување на лица кои дејствуваат заеднички), целосно покривајќи 100 % од издадените акции.  Цената е утврдена на 3.777 денари по акција. 

Услов за успешност на понудата е поддршка од акционери што поседуваат најмалку 273.795 акции, што претставува 70,03 % од вкупниот број. 

Топ 10 акционери на Стопанска банка АД Битола (според акционерска книга на 01.09.2025)

ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје – 66.437 акции (16,99%)

Nikola Jankovic – 19.501 акции (4,99%)

Jovica Curcic – 19.500 акции (4,99%)

Тони Јосифовски – 19.500 акции (4,99%)

ALTA GROUP DOO BEOGRAD – 19.439 акции (4,97%)

Ненад Јосифовиќ – 19.280 акции (4,93%)

ДПТУУ Тимох ДОО Скопје – 19.060 акции (4,87%)

ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје – 18.294 акции (4,86%)

Нет-Електроникс Владимир ДООЕЛ Скопје – 16.232 акции (4,15%)

Скопски пазар АД Скопје – 16.019 акции (4,10%)

Вкупно (топ 10 акционери): 233.762 акции ≈ 62,8%

Согласно неофицијалните информации, прагот на успешност е достигнат на 21.09.2025 година. Понудата до тој датум ја прифатиле вкупно 54 акционери кои поседуваат 291.992 акции, што претставува 74,68% од вкупниот број акции на Стопанска банка Битола.

Официјалните информации се очекуваат од понеделник, кога се предвидува Алта Група да биде објавена како нов сопственик на банката со мнозински пакет акции во своја сопственост.

Запишувањето и прифаќањето се врши преку овластени банки и брокерски куќи согласно условите наведени во повикот. 

Банки

HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.

Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.

Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.

Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари

Објавено

на

Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.

„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.

Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange