Connect with us
no baners

Банки

[Конференција INFINTECH 2025] Сузан Вилијамс: Смиреност, емпатија и подготовка се клучните вештини кои секој лидер може да ги примени во преговарањата

Објавено

на

На INFINTECH 2025 оваа година се појави Сузан Вилијамс, поранешен hostage negotiator во Scotland Yard, која своето искуство од екстремни ситуации го претвори во практични лекции за подобра комуникација, водење со интегритет и постигнување резултати во работа со луѓето.

Вилијамс, позната по смиреноста и аналитичкиот пристап во преговори за живот или смрт, на конференцијата порача дека секој разговор е форма на преговор и клучно е да се знае како да се слуша соговорникот.

Смиреноста е првиот чекор кон успешен дијалог. Кога емоциите се високи, присебноста ја менува динамиката и гради доверба, а тоа е вредно и во бизнис средина за менаџери, претприемачи и вработени кои се соочуваат со предизвици и притисок.

Емпатијата е најмоќната алатка за влијание. Да го разбереш соговорникот не значи да се согласиш со него, туку да покажеш дека го слушаш. Во деловен контекст тоа значи да се ставиме во улогата на клиентот, колегата или партнерот, што создава врска и ја олеснува договореноста.

Подготовката е тивката победа пред разговорот. Успешните преговарачи се подготвуваат и анализираат сценарија пред самиот разговор. Во бизнис средина тоа значи дека секоја презентација, продажен состанок или интерен состанок бара јасна стратегија. Подготвеноста дава сигурност која инспирира доверба и го намалува стравот и неизвесноста.

Егото е најголемиот непријател на преговарачот. Преговарањето не е битка за тоа кој е во право, туку процес кон заедничко и одржливо решение што носи стабилност и разбирање за сите страни.

Вештината на слушање е потценета лидерска супермоќ. Во време на постојан шум, внимателното слушање или активно присуство е клучно за разбирање на вистинските мотиви зад зборовите. Најмногу вреди оној кој најдобро разбира, а разбирањето започнува со слушање.

Искуството на Сузан Вилијамс покажува дека преговарањето не е само деловна техника, туку животна вештина. Секојдневно преговараме со колеги, клиенти, партнери и со самите себе. Принципите што таа ги применувала во екстремни ситуации се применливи и во секојдневни ситуации: смири се пред да реагираш, подготви се пред да зборуваш и слушај пред да одлучиш.

Во секој преговор, луѓето не се против тебе, туку се за себе. Разбери го тоа и веќе си победил.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange