Connect with us

Банки

Дружење, забава и многу насмевки – Халкбанк ги одржа своите први интерни спортски игри

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, минатиот викенд во спортскиот центар МТП за прв пат се одржа интерен спортски тим-билдинг настан наменет за вработените на Банката. Настанот беше посветен на унапредување на тимскиот дух, меѓусебното дружење и градење на подобра колегијална соработка.

Вработените на Халкбанк имаа можност да се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, меѓу кои: фудбал, баскет, тенис, одбојка, пинг-понг, пикадо, сервис и шах. Денот помина во позитивна, натпреварувачка и тимска атмосфера, поттикната и од одличните временски услови и сончевото време кое придонесе за добро расположение на сите присутни.

Во секоја дисциплина беа прогласени победнички тимови кои ги освоија пехарите и благодарниците за првото место, а нивниот успех беше проследен со голема поддршка и навивање од останатите колеги.

Со овој настан, Халкбанк ја потврдува својата заложба за создавање позитивна организациска култура и вложување во тимската енергија и благосостојбата на вработените, препознавајќи дека силните тимови и мотивирани вработени се клучот за континуиран успех.

Настанот заврши со дружење и размена на позитивни впечатоци, со порака дека спортот и тимската работа се вистински двигатели на успехот и на терен и во работната средина.

Банки

HalkEZ пакетот на Халкбанк носи повеќе поволности и дигитални можности за младите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци.

Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство.

Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите финансии преку дигиталните канали на банката.

Од Халкбанк посочуваат дека пакетот е креиран според потребите и навиките на младите, со цел банкарските услуги да им бидат подостапни и секогаш при рака.

Повеќе информации за пакетот и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

„Монте деи Паски“ тргна во голема банкарска офанзива вредна речиси 40 милијарди долари

Објавено

на

Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“.

Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата.

„Монте деи Паски“, која се смета за најстарата банка во светот што сè уште работи, истовремено се обидува да ја зачува својата независност.

Банката во моментов се соочува и со понуда за преземање од поголемиот италијански ривал „Интеза Санпаоло“.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со премиум кредитна картичка нуди пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат

Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот.

Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување.

Понудата е наменета за корисници кои сакаат дополнителни погодности и поголема удобност при патувањата.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange