Connect with us
no baners

Останато

Комерцијална банка со предупредување за измамничка e-mail кампања

Објавено

на

Комерцијална банка ја информира јавноста дека е забележана нова измамничка кампања со испраќање лажни електронски пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката и известува за наводен пристигнат прилив.

Од Банката апелираат до клиентите и до граѓаните да бидат внимателни и да внимаваат на следниве карактеристики на ваквите пораки:

– барање да се отвори или симне документ од прилог,

– барање да се кликне на линк (на пр. за ажурирање на корисничка сметка),

– барање да се внесат доверливи податоци како корисничко име, лозинка, PIN на картичка или матичен број.

Пример за измамничка кампања

Целта на овие пораки е прибирање на лични податоци или инсталација на злонамерен софтвер со што се овозможува нивна понатамошна злоупотреба.

Комерцијална банка апелира овие пораки веднаш да се игнорираат, а граѓаните да бидат особено внимателни при отворање на е-пораки од непознати испраќачи. Дополнително, Банката охрабрува информацијата да се сподели понатаму за да се заштитат што поголем број корисници.

Останато

Денес трет состанок за Реформската агенда и евроинтеграциите на Македонија

Објавено

на

Министерството за европски прашања и Институт за европска политика денеска го организираат третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда, во рамки на проектот „WB Reform and Growth Monitor“.

Во рамки на настанот е предвидена и јавна панел-дискусија на која ќе учествуваат министерот за европски прашања и национален координатор за спроведување на Реформската агенда Беким Сали, шефот на секторот за соработка при Делегација на Европската Унија во Северна Македонија Штефен Худолин, професорката Силвана Мојсовска и директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска.

Од Институтот за европска политика посочуваат дека спроведувањето на Реформската агенда бара инклузивен пристап и активна вклученост на сите засегнати страни со цел успешно реализирање на реформите и унапредување на економскиот потенцијал на државата.

Според ЕПИ, потребна е поширока јавна дебата и зајакната соработка меѓу институциите, граѓанскиот сектор и останатите чинители за обезбедување одржливи реформи и побрзо напредување во процесот на европска интеграција.

Проектот „WB Reform and Growth Monitor“ го реализира Институт за европска политика во соработка со мрежата „Think for Europe – TEN“ и Transparency International Bosnia and Herzegovina.

Продолжи со читање

Останато

ЕУ наскоро ќе исплати близу 200 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Северна Македонија

Објавено

на

Европската Унија во наредните денови ќе исплати близу 200 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, бидејќи спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан се одвива успешно, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Имам многу јасна порака – има место за сите држави од Западен Балкан во Европската Унија. Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако кандидатите ги исполнуваат обврските, тогаш и ние мора да испорачаме резултати“, изјави Кос пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Таа посочи дека Унијата веќе ги исполнува своите ветувања, наведувајќи го формирањето работна група за пристапниот договор на нова држава, за првпат по 17 години, а станува збор за Црна Гора.

Кос ја поздрави и целосната интеграција на Србија во Единствената европска платежна област (SEPA) минатата недела, со што ѝ се приклучи на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кои уште минатата година воведоа побрзи и поевтини меѓународни трансфери кон повеќе од 40 земји.

Минатиот месец, Кос предупреди дека земјите од Западен Балкан ризикуваат трајно да изгубат повеќе од 700 милиони евра од Планот за раст доколку до крајот на роковите во 2026 година не ги спроведат потребните реформи.

Особена загриженост изрази за Србија, поради законски решенија кои, според неа, ја поткопуваат независноста на судството, притисоците врз демонстрантите и мешањето во независните медиуми.

Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан е вреден 6 милијарди евра и опфаќа 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра заеми за периодот 2024-2027 година.

Во моментов, Црна Гора е најнапредна земја од регионот во преговорите за членство во ЕУ и очекува да ги затвори сите преговарачки поглавја до крајот на 2026 година, со цел да стане 28-та членка на Унијата во 2028 година. Албанија е веднаш зад неа, а Европската комисија оцени дека земјата е на добар пат да ги заврши преговорите по сите шест кластери до 2027 година, доколку го задржи темпото на реформите.

Продолжи со читање

Останато

УЈП ја објави новата листа на должници: Над 5.000 фирми и граѓани должат речиси 12 милијарди денари

Објавено

на

Управа за јавни приходи ја објави најновата листа на должници, која ги опфаќа долговите доспеани заклучно со 31 јануари 2026 година, а неплатени до 30 април 2026 година.

Според објавените податоци, на листата се наоѓаат вкупно 5.018 должници, а вкупниот нето-долг за даноци и придонеси изнесува 11,938 милијарди денари.

Од претходната листа повторно се појавуваат 4.811 должници. Кај 3.091 од нив долгот е зголемен за дополнителни 177 милиони денари, додека 262 должници успеале да го намалат долгот за вкупно 207 милиони денари. Кај 1.458 должници состојбата останала непроменета.

На новата листа се најдоа и 207 нови должници, со вкупен долг од 418 милиони денари. Од УЈП најавуваат дека во следната објава ќе бидат доставени информации и за преземените мерки за наплата кон овие субјекти.

Во меѓувреме, 165 должници од претходната листа повеќе не се дел од новата објава, а нивниот вкупен долг изнесувал 257 милиони денари.

УЈП информира дека на листата се објавени и информации за преземени мерки за наплата кај 421 даночен должник, нагласувајќи дека тоа не претставува даночна тајна согласно Законот за даночна постапка и има цел да обезбеди поголема транспарентност.

Целата листа на должници е достапна на веб-страницата на УЈП.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange