Connect with us

Бизнис

Со Mint Credit твојот аванс до плата носи повеќе ова лето!

Објавено

на

Дојдовте до крајот на месецот, а вашата плата сè уште не пристигнала? Веќе сте ги покриле сите основни трошоци, а се појавува итна обврска? Звучи познато? Tокму во вакви моменти, кога е најпотребно, Аванс до плата од Mint Credit е решението што ви овозможува финансиска сигурност – веднаш.

Оваа услуга не е класичен кредит, туку финансиска поддршка за вработени лица, која ви помага да ја премостите краткорочната финансиска празнина до следната плата – без компликации, без долги процедури, без непријатност.

Што претставува Аванс до плата?

Понекогаш животот не се вклопува со распоредот за исплата. Авансот до плата е краткорочен, брз кредит од Mint Credit со едноставна постапка на аплицирање и брза исплата.

Создаден е токму за вакви ситуации, кога имате финансиска потреба, но не сакате или не можете да чекате. Без сложени процедури, без непотребни трошоци, без стрес. Во суштина, тоа е кредит кој го земате денес, а го враќате во рок до 30 дена.. Нема чекање, нема редици, нема бесконечни документи.

Колку може да добиете и под кои услови?

Mint Credit обезбедува Аванс до плата до 40.000 денари, со рок за враќање до 30 дена. Идеално решение за премостување на месечните финансиски празнини.

Процесот е дизајниран да биде брз и ефикасен, од моментот кога ќе поднесете апликација, одлуката ја добивате во рок од неколку минути, а средствата ги добивате директно на Вашата трансакциска сметка.

Со Mint Credit, авансот до плата ви носи многу повеќе. Аплицирајте за аванс до плата и автоматски учествувате во нашиот летен giveaway:

  • 3x ранци 
  • 3x Bluetooth слушалки 
  • 1x лежалка 
  • 1x PlayStation 5

Како да аплицирате за аванс до плата?

Брзо, едноставно и целосно дигитално – преку нашата веб страна Mint Credit или преку мобилната апликација Mint App. Апликацијата е достапна на сите Android и iOS уреди и ви овозможува не само да поднесете барање, туку и да го следите статусот и да бидете постојано во контрола.

Процесот за аплицирање функционира на следниот начин:

  1. Преку Mint Credit или директно од Mint App
  2. Го избирате износот што ви е потребен
  3. Пополнувате кратка апликација со основни податоци
  4. Ја праќате апликацијата
  5. По одобрување – парите се на вашата сметка

Сè се одвива за неколку минути. Без чекање. Без компликации.

Зошто да изберете аванс до плата од Mint Credit?

Ние не нудиме само кредит. Ние нудиме доверба, сигурност и брзина. Авансот до плата е поддршка во клучните моменти. Секој наш клиент добива персонализирана услуга, јасни услови и целосна транспарентност.

Покрај тоа, со Mint App имате постојан пристап до вашите финансии, целосна контрола и можност да ги искористите и другите наши услуги, како осигурување, патувања и бонуси, сите на едно место.

Кога е аванс до плата најкорисен?

Секојдневието знае да биде непредвидливо. Авансот до плата е совршен финансиско решение кога:

  • Ви пристигнува неочекувана сметка
  • Треба да поправите уред или автомобил
  • Имате важен настан што не може да се одложи
  • Или едноставно сакате да си го олесните месецот без да влезете во минус

Со оваа услуга, не го менувате вашиот месечен ритам, туку само си давате мал поттик да поминете полесно низ краткорочниот финансиски предизвик.

Достапна финансиска поддршка кога животот не чека

Животот не чека. А зошто би чекале вие? Со авансот до плата од Mint Credit, добивате брза и сигурна финансиска поддршка во клучен момент.

Аплицирајте лесно преку нашата платформа или преку Mint App, и добијте ги средствата што ви се потребни, без стрес, без компликации, без одложување. Сите заслужуваме финансиска флексибилност. Аванс до плата од Mint Credit е дизајниран токму за тие моменти кога финансиската поддршка е најпотребна.

За повеќе информации, контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во една од нашите филијaли.

ПР објава

Бизнис

Од 1 август повисоки сметки за парно во Скопје, најголемо поскапување кај ЕСМ Снабдување

Објавено

на

Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисока цена за централното греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени за корисниците на топлинска енергија во главниот град.

Најголемо зголемување е предвидено за корисниците приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти.

Поскапување следува и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно на таканареченото железарско парно, за кои цената се зголемува за 5,18 проценти.

Кај корисниците на „Скопје Север“, односно „ЕнергоЕколог“, зголемувањето ќе изнесува 3,65 проценти.

Според пресметките на Регулаторната комисија, за просечен стан со површина од околу 60 квадратни метри, месечната сметка за греење би се зголемила за приближно 140 денари.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 август, пред почетокот на новата грејна сезона.

Од РКЕ посочуваат дека и покрај корекцијата на цените, нивото на цените за топлинска енергија во земјава и понатаму е поволно во споредба со соседните држави.

Продолжи со читање

Бизнис

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот 98,5 денари, бензините до 95 денари за литар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата во просек за 4,55 проценти.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за три денари и ќе се продава по цена од 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за три денари и новата цена ќе изнесува 95 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 4,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за пет денари и ќе се продава за 98 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 2,726 денари и ќе изнесува 48,099 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека референтните цени на светските пазари во однос на претходната пресметка пораснале за 6,229 проценти кај бензините, 7,442 проценти кај дизелот, 8,051 проценти кај екстра лесното масло и околу 8,159 проценти кај мазутот.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од 00:01 часот на 28 јули 2026 година.

Продолжи со читање

Бизнис

САД го продолжија рокот за трансакции поврзани со странските средства на „Лукоил“

Објавено

на

Американските власти го продолжија до 22 август рокот во кој се дозволени одредени активности поврзани со странските средства на рускиот енергетски гигант „Лукоил“. Одлуката доаѓа во период кога Бугарија повторно го става во фокус прашањето за непречената работа на рафинеријата во Бургас.

Продолжувањето беше објавено истиот ден кога бугарскиот премиер Румен Радев телефонски разговараше со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт за енергетската соработка меѓу двете земји.

Според бугарската владина прес-служба, во разговорот биле опфатени повеќе стратешки енергетски прашања, меѓу кои диверзификацијата на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, подобрувањето на регионалното поврзување и изградбата на Вертикалниот гасен коридор.

Радев и Рајт разговарале и за проектот за изградба на нови реактори во нуклеарната централа „Козлодуј“ со американска технологија, како и за можностите за развој на големи центри за податоци и инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција.

Бугарскиот премиер посебно го нагласил значењето на непреченото функционирање на рафинеријата во Бургас, оценувајќи дека нејзината работа е важна не само за Бугарија, туку и за поширокиот регион.

Паралелно со разговорите, Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, ОФАК, го продолжи до 22 август 2026 година важењето на лиценцата што овозможува преговори и склучување условни договори за продажба на „Лукоил интернешнл ГмбХ“ и неговите компании.

Станува збор за компанијата преку која „Лукоил“ управува со значителен дел од своите средства надвор од Русија. Сепак, лиценцата не значи автоматско одобрение за продажба или пренос на тие средства. За реализација на евентуална зделка е потребна посебна дозвола од американските власти.

Одделна американска лиценца, која се однесува на одржувањето и работењето на бензинските станици на компанијата надвор од Русија, останува во сила до 29 октомври 2026 година.

Американските власти нагласуваат и дека во рамки на дозволените активности не смее да се врши пренос на средства кон лица или сметки во Руската Федерација.

Прашањето за иднината на „Лукоил“ е особено значајно за Бугарија поради рафинеријата во Бургас, која е еден од клучните енергетски капацитети во земјата и подолго време се наоѓа во центарот на разговорите поврзани со санкциите кон Русија и енергетската сигурност.

Кон крајот на јуни претставници на „Литаско“, компанија од групацијата „Лукоил“ и акционер во „Лукоил Нефтохим Бургас“ и „Лукоил Бугарија“, разговараа со претставници на бугарската влада. Една од темите беше функционирањето на рафинеријата и ограничувањата што влијаат врз трговијата со нафта преку компании регистрирани во Швајцарија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange