Connect with us

Банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматите? – Инфлацијата и енергетскиот шок отвораат нов ризик за економијата во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со нов притисок за зголемување на каматните стапки во септември, откако инфлацијата во еврозоната повторно се оддалечи од целното ниво од 2%.

Инфлацијата во јули достигна 2,9%, наспроти 2,8% во јуни, а дополнителен ризик претставува растот на цените на енергенсите. Цените на енергенсите на годишно ниво се зголемија за околу 10%, што го зголемува ризикот од дополнителен инфлациски притисок врз економијата.

Членката на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, оцени дека монетарната политика треба дополнително да се заостри за инфлацијата на среден рок повторно да се приближи до целта.

На пазарите веќе се зголемуваат очекувањата дека ЕЦБ би можела да ја зголеми депозитната каматна стапка од 2,25% на 2,50% на септемврискиот состанок. Централната банка во јуни ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени, додека во јули ги остави непроменети.

Што значи тоа за граѓаните и бизнисот?

Ново зголемување на каматите би значело поскапо финансирање, особено доколку повисоките трошоци постепено се пренесат во банкарскиот сектор. Тоа би можело да создаде дополнителен притисок врз каматите на станбените, потрошувачките и корпоративните кредити.

Конечната одлука на ЕЦБ ќе зависи од податоците за инфлацијата, економската активност и движењето на енергетските цени што ќе бидат достапни пред септемврискиот состанок.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange