Connect with us

Кариера

Јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 48 став 2, а во врска со член 49 став 3, член 50 и член 50-а од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21, 74/24 и 16/25), Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на двајца кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија

 I.Критериуми за избор  

1.Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

–       да бидат лица државјани на Република Северна Македонија и да имаат соодветна репутација;

–       да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;

–       да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;

–       да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и

–       да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.

II.Услови за избор

2.Кандидатите за вицегувернери покрај горенаведените критериуми, треба да ги исполнуваат и следниве услови:

2.1.да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:

–       ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

–       ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

–       ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

–       ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен 

–       БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

–       АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)

3.За исполнување на горенаведените критериуми и услови, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија потребно е да достават: 

-кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото; 

-потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);

-диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;

-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице – нотар);

-потврда за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата) издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање;

-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице – нотар) и

-меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години.

Сите потврди, дипломата или уверението за завршено високо образование меѓународно признатиот сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).

4.Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.

5.Изборот на кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

6.Ненавремените и некомплетни пријави и документација нема да бидат разгледувани.

7.Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“  бр.1 – Скопје.  

Кариера

iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти

Објавено

на

Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.

Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.

„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Раководител на дигитални кориснички операции

Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.

Што ќе движиш?

  • Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
  • Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
  • Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
  • Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
  • Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
  • Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
  • Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
  • Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
  • Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование.

✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.

✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.

✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.

✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.

✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.

✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.

✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.

✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.

✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание

-Континуиран развој, учење и професионален раст

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти

-Тимбилдинзи во земјата и странство

-Спортски активности

-Дополнителни здравствени прегледи

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange