Connect with us
no baners

Банки

Известување од Халкбанк АД Скопје за работното време за Велигденските празници

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите клиенти дека на 18 и 21 април 2025 година (петок и понеделник), по повод Велигденските празници, филијалите на Банката нема да работат.

Притоа, експозитурите Рамстор, Ретаил Поинт Парк и Џевахир ќе продолжат со работа согласно тековниот распоред и ќе бидат отворени според следното работно време:

🔹 Експозитура Рамстор: 10:00 – 17:00 часот;
🔹 Експозитура Ретаил Поинт Парк: 09:00 – 17:00 часот;
🔹 Експозитура Џевахир: 10:00 – 17:00 часот.

Клиентите можат и понатаму да ги користат електронските канали за банкарски услуги – мобилното и електронското банкарство, како и мрежата на банкомати на Халкбанк.

Среќни Велигденски празници од тимот на Халкбанк АД Скопје!

Банки

Комерцијална банка со поволности за корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките

Објавено

на

Комерцијална банка ги промовира поволностите што им се достапни на корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките преку програмата „Visa свет на придобивки“.

Преку оваа програма, клиентите можат да користат специјални попусти и ексклузивни понуди кај бројни партнери во земјата, регионот и низ светот. За пристап до поволностите потребна е регистрација на Visa ChatBot платформата преку апликациите Viber или Telegram.

По регистрацијата, корисниците можат да ја изберат опцијата „Privileges by Visa“ и веднаш да ги активираат достапните понуди. Системот овозможува добивање QR-код за користење на попустите или директен контакт со партнерите кои учествуваат во програмата.

Од Комерцијална банка посочуваат дека програмата е наменета за полесно и поповолно користење на картичките при шопинг, патувања и други услуги, овозможувајќи дополнителни бенефиции за корисниците на премиум Visa картичките.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД Скопје најавува нови културни настани по успешниот музички викенд

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје беше дел од музичкиот спектакл што викендов се одржа под отворено небо, привлекувајќи бројна публика и создавајќи незаборавна атмосфера исполнета со музика и емоции.

Од Банката велат дека им претставувало особена чест да бидат поддржувачи на настанот, кој уште еднаш ја потврдил важноста на културата и уметноста во поврзувањето на луѓето и создавањето заеднички вредности.

„Културата има моќ да инспирира, обединува и создава моменти кои долго се паметат“, порачуваат од Стопанска банка, споделувајќи дел од атмосферата од настанот.

Од таму додаваат дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат културни настани со цел уметноста и културата да бидат достапни за што поголем број граѓани.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка промовира детско денарско штедење за сигурна иднина на најмладите

Објавено

на

АЛТА Банка ги повикува родителите навреме да започнат со создавање финансиска сигурност за своите деца преку производот за детско денарско штедење.

Од банката посочуваат дека штедењето уште од најрана возраст претставува важен чекор кон градење здрави финансиски навики и обезбедување средства за идните потреби и планови на децата.

„Секој голем сон започнува со мала заштеда“, порачуваат од АЛТА Банка, нагласувајќи дека производот овозможува постепено и континуирано штедење, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.

Детското денарско штедење е наменето за родители кои сакаат чекор по чекор да создаваат финансиска основа за образованието, развојот и иднината на своите деца.

Повеќе информации за условите и можностите за штедење се достапни на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange