Connect with us

Бизнис

Контрабасот што ќе донесе нов звук: MINT ја засилува културната сцена во Битола

Објавено

на

Jazz Factory Festival оваа година започнува со еден исклучително значаен подарок. Нов контрабас, дониран од MINT Fintech Group.

„Контрабасот не е само инструмент – тој е срцето на секој џез ансамбл. А за нас, оваа донација е симбол на ритамот што го делиме со градот и сцената која ја поддржуваме“, велат од MINT.

Со оваа донација, решен е проблем кој со години ја отежнуваше организацијата на фестивалот. Странски музичари честопати беа спречени да настапат во Битола поради логистичките компликации за транспорт на сопствен контрабас, а организаторите често мораа да изнајмуваат инструмент за да обезбедат квалитетен настап.

„Ова не е само донација – ова е решение за еден сериозен предизвик. Контрабасот што го добиваме значи отворена врата за уште поголеми имиња и повисоко квалитетни настапи. Му благодариме на MINT што го препозна значењето и ни помогна да изградиме посилна инфраструктура за фестивалот“, изјави Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival.

Под мотото „MINT plays the bassline“, компанијата се вклучува не само како спонзор, туку и како активен учесник во поддршката на културната вредност и иднината на младите музичари.

Фестивалот официјално започнува денес, а звукот на контрабасот, засилен со поддршка од MINT, ќе одекнува на новото издание на JFF.

Бизнис

iute и Mitra со специјални понуди за MitraFest 7 и плаќање до 36 рати

Објавено

на

iute Macedonia и Mitra подготвија специјални попусти на избрани производи во рамки на MitraFest 7, а понудата важи до 30 септември 2026 година.

Во промотивната понуда се вклучени повеќе производи од категоријата бела техника, електроника и паметни уреди, меѓу кои Tesla Classic инвертер клима од 12.000 BTU, Xiaomi Robot Vacuum 5 Pro, Xiaomi Electric Scooter Elite со три подароци, како и Tesla 65-инчен QLED 4K Google TV.

Купувачите можат да ја искористат опцијата iute Flexi и избраните производи да ги плаќаат до 36 рати.

Промотивната понуда е временски ограничена и важи до 30.09.2026 година.

Продолжи со читање

Бизнис

AI веќе го менува кредитирањето: Скопје домаќин на дебата за новите модели на заеми

Објавено

на

Вештачката интелигенција, алтернативните податоци и кредитите вградени директно во дигитални платформи сè побрзо го менуваат начинот на кој банките и финансиските компании проценуваат кој може да добие заем. Токму овие теми ќе бидат во фокусот на MicroBalkans 2026 – „Lending Reimagined“, што на 24 и 25 септември во Скопје ќе собере повеќе од 200 претставници од финансискиот сектор од 15 европски земји.

Но, бројките покажуваат дека ова веќе не е само разговор за иднината. Според најновите податоци што Европската централна банка ги објави на 22 септември, повеќе од 90% од банките под нејзин директен надзор веќе интегрираат вештачка интелигенција во работењето, а 85% користат и генеративна AI. Кај 64% од банките AI се користи за спречување измами и сајбер-криминал.

Претходна детална анализа на ЕЦБ од март годинава покажа дека околу 30% од големите банки во еврозоната веќе користат AI и за credit scoring, односно за процена на кредитоспособноста на клиентите. Речиси 90% тогаш пријавиле некаков вид употреба на AI, а инвестициите во дигитални технологии во 2025 година надминале 4 милијарди евра.

Токму тука се отвора и прашањето за alternative data. Наместо процената да се темели само на класична кредитна историја, плата или финансиски извештаи, новите модели можат да анализираат трансакции, дигитални плаќања, податоци од платформи и деловни активности. IFC во свој извештај од 2026 година оценува дека ваквите податоци можат подобро да ја прикажат економската активност на лица и мали компании кои имаат ограничена или воопшто немаат традиционална кредитна историја.

Ова е особено важно за малите компании. Според извештајот „Financing SMEs and Entrepreneurs 2026“ на OECD, микро, малите и средните претпријатија претставувале најголем сегмент кај fintech-компаниите во анализираните податоци – околу 57% од базата на клиенти и 55% од приходите во 2023 година.

Паралелно расте и embedded lending – модел во кој кредитот се нуди директно во продавница, e-commerce платформа, деловен софтвер или друга дигитална услуга, без клиентот прво да оди во банка. Според проценките на Grand View Research, европскиот пазар на embedded lending би можел да порасне од околу 7,6 милијарди долари во 2026 година на 66,1 милијарди долари во 2033 година, што би значело просечен годишен раст од 36,2%.

И OECD го забележува истиот тренд кај поширокиот пазар на embedded finance. Во Европа тој генерирал проценети 20 до 30 милијарди евра во 2023 година, или околу 3% од вкупните банкарски приходи, а обемот на овој вид финансиски услуги во претходната деценија растел трипати побрзо од директно дистрибуираните кредити. OECD посочува дека електронската идентификација, алтернативните податоци и AI можат дополнително да го автоматизираат кредитното скорирање и да ги намалат трошоците.

Во пресрет на MicroBalkans, претседателот на Групацијата на небанкарски финансиски институции Никола Јошевски изјави дека AI и анализата на податоци можат значително да ги подобрат процената на ризикот, откривањето измами, кредитното скорирање и брзината на одлучување, особено кај клиенти и мали компании со ограничена кредитна историја. Истовремено, тој предупредува дека со поголемото потпирање на алгоритми стануваат поважни приватноста, безбедноста, пристрасноста на моделите и можноста да се објасни зошто одреден клиент добил или не добил кредит.

Токму затоа програмата во Скопје е поставена многу попрактично од класична fintech-конференција. Еден од панелите ќе анализира што реално функционира во дигиталното кредитирање на Западен Балкан, вклучително и credit scoring кога нема доволно податоци или развиен Open Banking. Друг панел ќе отвори прашања за процена на малите компании без ревидирани финансиски извештаи, преку алтернативни податоци, парични текови и индустриски показатели, а предвидена е и дискусија за целосно дигитален „кредит за пет минути“.

Оттука, клучното прашање на MicroBalkans 2026 нема да биде дали AI ќе влезе во кредитирањето – тој процес веќе е започнат. Прашањето е дали банките и небанкарските финансиски компании во регионот ќе можат да ја искористат технологијата за побрзо и попрецизно кредитирање, без притоа да ја загрозат заштитата на клиентите и квалитетот на процената на ризикот.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте нуди кредит од 120.000 денари на 46 рати

Објавено

на

Иуте Македонија нуди кредит во износ од 120.000 денари со отплата на 46 месечни рати.

Според објавата на компанијата, месечната рата за овој кредит изнесува 4.476 денари.

Од Иуте посочуваат дека средствата може да се искористат за различни лични потреби и планови, а аплицирањето е овозможено преку мобилната апликација Myiute или преку веб-страницата на компанијата.

Понудата е промовирана како можност за полесна реализација на лични желби и потреби.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange