Connect with us

Бизнис

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Објавено

на

Компанијата Флекс Кредит ја доби престижната награда „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва, во рамки на годишниот избор на веб-порталот Вработување.ком за 2024 година.

Ова признание претставува потврда за посветеноста на Флекс Кредит во областа на човечките ресурси и создавање позитивна и продуктивна работна средина. Истражувањето, спроведено од Вработување.ком, се базира на гласовите и перцепцијата на јавноста, при што Флекс Кредит е препознаена како прв избор меѓу финансиските друштва – компанија што вработените и кандидатите најмногу ја посакуваат како работодавач.

Компанијата во изминатата година беше наградена и со признанието за најдобра Employer Brandingкампања за 2023 година, што дополнително ја потврдува конзистентната стратегија и ангажманот во градењето на силен бренд на пазарот на труд.

Горди сме што јавноста континуирано ја препознава и вреднува нашата работа, посветеноста и грижата за вработените. Ова признание е поттик за понатамошен раст и унапредување на нашата организациска култура,“ изјави Јоана Спасовска, извршен директор на Флекс Груп.

Наградата беше доделена на свечената манифестација „Работодавач на годината“, организирана од Вработување.ком, која се одржа на 16 април 2025 година, пред повеќе од 300 гости – HR професионалци, менаџери и лидери од водечките компании во земјава.

Бизнис

Mint App 1.3.0 со нови функционалности и велигденски изненадувања за корисниците

Објавено

на

Финтек апликацијата Mint App продолжува да се развива и да ги следи современите трендови во управувањето со личните финансии. Со најновата верзија 1.3.0, корисниците добиваат пристап до три нови алатки кои овозможуваат уште подобра контрола, транспарентност и мотивација во секој финансиски чекор.

Во оваа верзија добивате:

  • Преглед на крипто берзата – следете вредности и трендови во реално време (Следете ги движењата на најпопуларните криптовалути, добијте увид во пазарните трендови и донесувајте информирани одлуки базирани на точни и тековни податоци.);
  • Калкулатор за приватно здравствено осигурување (индивидуално и семејно) – Едноставно споредете трошоци и бенефити за индивидуално и семејно осигурување. Оваа нова функционалност помага корисниците полесно да изберат најсоодветна полиса според нивните потреби и буџет;
  • Специјален велигденски Mint Egg – oд денес до понеделник, корисниците имаат можност да отворат специјално велигденско јајце во апликацијата, кое крие изненадувања во форма на бонуси, награди и ексклузивни понуди!

Mint App расте со вас – за да имате повеќе контрола, јасност и мотивација во секој финансиски чекор.

Со секое ново ажурирање, Mint App се стреми да обезбеди практични и иновативни решенија кои ги поедноставуваат личните финансии. Апликацијата е наменета за сите кои сакаат да ги следат своите приходи и трошоци, да планираат буџет, да добиваат персонализирани финансиски совети и да останат чекор пред со своите финансиски цели.

Ажурирајте ја или преземете ја апликацијата на следниот линк: https://mint.com.mk/mintapp

Продолжи со читање

Берза

Македонската берза, ЦДХВ и Загребската берза донираат 25.000 евра за жртвите од пожарот во Кочани!

Објавено

на

Солидарноста на финансискиот пазар на дело: Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) и Загребската берза ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани, кој се случи минатиот месец.

Како активни и континуирани промотори на принципите на корпоративната и општествената одговорност, овие три институции веруваат дека во вакви моменти заедништвото и солидарноста се од исклучително значење, поради што сакаат да дадат конкретен придонес и поттик до сите други субјекти во рамки на своите можности да се вклучат во активностите за помош и поддршка на засегнатите од трагедијата во Кочани.

„Нашите мисли се со сите кои се погодени од оваа голема несреќа. Искрено се надеваме дека и други субјекти ќе се приклучат и ќе дадат свој придонес според можностите“, се наведува во заедничкото соопштение.

Продолжи со читање

Бизнис

Контрабасот што ќе донесе нов звук: MINT ја засилува културната сцена во Битола

Објавено

на

Jazz Factory Festival оваа година започнува со еден исклучително значаен подарок. Нов контрабас, дониран од MINT Fintech Group.

„Контрабасот не е само инструмент – тој е срцето на секој џез ансамбл. А за нас, оваа донација е симбол на ритамот што го делиме со градот и сцената која ја поддржуваме“, велат од MINT.

Со оваа донација, решен е проблем кој со години ја отежнуваше организацијата на фестивалот. Странски музичари честопати беа спречени да настапат во Битола поради логистичките компликации за транспорт на сопствен контрабас, а организаторите често мораа да изнајмуваат инструмент за да обезбедат квалитетен настап.

„Ова не е само донација – ова е решение за еден сериозен предизвик. Контрабасот што го добиваме значи отворена врата за уште поголеми имиња и повисоко квалитетни настапи. Му благодариме на MINT што го препозна значењето и ни помогна да изградиме посилна инфраструктура за фестивалот“, изјави Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival.

Под мотото „MINT plays the bassline“, компанијата се вклучува не само како спонзор, туку и како активен учесник во поддршката на културната вредност и иднината на младите музичари.

Фестивалот официјално започнува денес, а звукот на контрабасот, засилен со поддршка од MINT, ќе одекнува на новото издание на JFF.

Продолжи со читање

Популарно