Останато
Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани Работодавачи на Годината!
Вчера, во Хотелот Лимак, а во организација на Вработување.ком се одржа настанот „Работодавач на годината“, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во 2024 година.
Пред присутни над 300 гости – HR професионалци, менаџери и лидери на најголемите компании – беа прогласени најпосакуваните компании за вработување.
Престижната титула за Најпосакуван работодавач, трета година по ред, ѝ припадна на Алкалоид – компанија која се покажа како неприкосновен лидер кога станува збор за тоа каде Македонците сакаат да работат.
Според извештајот Алкалоид е посакувана компанија заради можноста за професионалнен напредок, добриот третман на претпоставените кон вработените но и добрата репутација на компанијата
Скопска Пивара го освои второто место а извештајот вели дека оваа компанија е посакуван работодавач и заради Добри меѓучовечки односи (добра атмосфера) на работното место, Можност за хиерархиско напредување но и Квалитетни производи и услуги на компанијата
На Третата позиција, годинава се искачи Макпетрол,а јавноста издвоила дека оваа компанија ја бираат и заради Сигурноста на работното место но и рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Во останатите категории Најпосакувани Работодавачи се:
Производство на Храна:Витаминка
Банки:Комерцијална Банка
Маркети:Кам Маркет
Финансиски друштва:Флекс Кредит
Телекомуникации:Телеком Македонија
Јавни услуги:ЕВН
Кол Центри:Таскфорс
Игри на среќа:Моцарт (Делта Бет)
Приватно болници:Ачибадем Систина
Фабрики:Кромберг и Шуберт
Компанија со најголем ребрендиг раст е Минт Финтек Групацијата
А Емплоер брендиг кампањата за 2024 ја има МОТОЦЕНТАР
Добитниците беа прогласени врз основа на јавната анкета која се спроведуваше цела година.
Од вчера официјално е отворено и гласањето за работодавач на годината за 2025 можете да гласате овде! Наградна анкета | Најпопуларенработодавач
Анализи
Инфлацијата во еврозоната на најниско ниво во последните 16 месеци
Годишната инфлација во еврозоната во јануари се намали на 1,7 проценти, што претставува пад во однос на декемвриските два проценти и најниско ниво во последните 16 месеци, покажуваат најновите податоци на Евростат. Резултатот е во согласност со претходната прелиминарна проценка.
Забавувањето на инфлацијата беше проследено со зајакнување на еврото, кое кон крајот на месецот ја надмина границата од 1,20 долари, достигнувајќи највисока вредност во последните повеќе од четири години.
Растот на цените на услугите забави од 3,4 на 3,2 проценти, додека цените на преработената храна, алкохолот и тутунот се намалија од 2,1 на два проценти на годишно ниво.
Овие податоци претставуваат важен сигнал за идните одлуки на Европската централна банка во однос на каматните стапки и насоката на монетарната политика во еврозоната.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.
Бизнис
Еден примерок од оваа монета вреди повеќе од еден милион евра – што ја прави толку скапоцена!?
Британските граѓани се повикани да посветат внимание на старите монети, откако беше потенцирано на исклучително редок примерок кој денес вреди вистинско богатство. Станува збор за монети со ликот на кралот Едвард VIII, од кои една беше продадена во 2020 година за дури еден милион фунти (1,14 милиони евра).
Вредноста на колекционерските монети зависи од повеќе фактори, но реткоста речиси секогаш е пресудна. Колку е поретка монетата, толку колекционерите се поспремни да издвојат поголеми суми. Токму ова е случај со еден посебен примерок од многу специфичен период од британската историја.
Во видео објавено на социјалната мрежа „TikTok“, експерт познат како „Волшебник за собирање монети“ им советуваше на следбениците да внимаваат на монети со ликот на кралот Едвард VIII. Монетите на Едвард VIII се исклучително ретки и меѓу најскапите во британската нумизматика. Тој владеел само 326 дена во 1936 година, пред да абдицира за да се ожени со Волис Симпсон, што довело до уставна и политичка криза.
Поради краткото владеење, ниту една монета со неговиот лик официјално не била пуштена во оптек. Сепак, биле изработени неколку пробни примероци, вклучувајќи златни суверени и пени, кои денес се сметаат за едни од најретките британски монети.
Според податоци од аукциски куќи, еден златен суверен на Едвард VIII бил купен во 2014 година од американски колекционер за 516.000 фунти, а во 2020 година бил препродаден за речиси двојно повисока сума на анонимен британски колекционер. Со достигната цена од околу еден милион фунти ја прави најскапата британска монета некогаш продадена.
Експертите советуваат дека секој кој поседува ваков примерок може да има во рацете исклучително вреден колекционерски предмет, чија цена со текот на времето дополнително расте.
Фото: canadiancoinnews.com
-
Интервјуапред 2 месециСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја трансформира својата продажна мрежа подготвувајќи ја за иднината – во 2025 обновени осум експозитури на Банката
-
Продуктипред 1 месецАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециГувернерот Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка со предвремена исплата на пензии
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Останатопред 2 месециБугарија од денес официјално го прифаќа еврото
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор




