Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.

Објавено

на

„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, за жал се зголеми. Според Светската банка, најсиромашните 40% од светското население изгубиле двојно повеќе доход од најбогатите 20%. Ова е највисокиот раст на нееднаквоста од 1990 година па наваму. Финансиската писменост се смета за силна алатка за поттикнување на растот и за намалување на сиромаштијата – според некои студии, дури за 2 до 3 процентни поени.“ Ова беше истакнато од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Како познавањето на финансиите ја обликува твојата иднина?“, организирана од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Во своето обраќање, гувернерката ги претстави и активностите на Народната банка во областа на финансиската едукација, вклучувајќи ја и подготовката на првата национална Стратегија за финансиска писменост и финансиска инклузија, организирањето бројни предавања и работилници, подготовката на едукативни материјали и вклучувањето нови целни групи, како лицата со попреченост. Таа нагласи дека во услови на брзи дигитални трансформации и зголемена комплексност на финансиските услуги, мора и натаму да се вложува во знаењето. Ова е особено важно имајќи го предвид фактот дека според истражувањето на ОЕЦД, стапката на финансиска писменост (56% од максималната вредност) е слична со стапката во регионот, но значително пониска од стапката во Европската Унија.

Настанот беше посветен на унапредување на финансиската писменост кај младите – тема од суштинско значење за личниот развој, но и за економската стабилност на едно општество. На панел-дискусијата учествуваа и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, претседателката на Советот на експерти на АСО, Ели Дракуловска, Дарко Саздов, член на Советот на експерти на МАПАС, и професорот Кирил Јовановски, надворешен комисионер при КХВ.

Банки

Со картичките на АЛТА Банка 20 отсто попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore

Објавено

на

Корисниците на платежните картички на АЛТА Банка (СТББТ) можат да остварат 20 отсто попуст во рестораните SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore.

Од банката информираат дека понудата е дел од програмата за поволности наменета за клиентите кои плаќаат со нивните картички, овозможувајќи им заштеда при користење на угостителските услуги во овие ресторани.

„Резервирајте вечера во добра атмосфера и уживајте во одлична заштеда. Со платежните картички на ALTA Банка (СТББТ), добивате 20% попуст во SushiCo, SushiCo ZEN и Salvatore“, соопштија од банката.

Од АЛТА Банка додаваат дека секое уживање е уште подобро кога е проследено со дополнителна заштеда за клиентите.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Плаќање сметки без провизија и без чекање на дигиталните киосци

Објавено

на

Граѓаните можат брзо и едноставно да ги плаќаат сметките за струја, интернет и телефон преку дигиталните киосци на Комерцијална банка, без провизија и без чекање на шалтер.

Од Банката информираат дека на киосците може да се изврши плаќање кон ЕВН, ЕСМ Снабдување, Телеком, А1 и Телекабел со картичка од која било банка. Дополнително, корисниците на Интернет банка имаат можност бесплатно да испечатат извод од платежна сметка.

За полесно користење на услугата, до крајот на јуни во повеќе филијали и експозитури во Скопје ќе бидат присутни асистенти кои ќе им помагаат на клиентите при реализирање на плаќањата и запознавање со придобивките од дигиталните киосци.

Од Комерцијална банка посочуваат дека плаќањето сметки преку дигиталните киосци е достапно 24 часа дневно, седум дена во неделата, што им овозможува на граѓаните да ги завршат своите обврски и во денови кога останатите услуги не работат.

Локациите на дигиталните киосци се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со поволности за корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките

Објавено

на

Комерцијална банка ги промовира поволностите што им се достапни на корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките преку програмата „Visa свет на придобивки“.

Преку оваа програма, клиентите можат да користат специјални попусти и ексклузивни понуди кај бројни партнери во земјата, регионот и низ светот. За пристап до поволностите потребна е регистрација на Visa ChatBot платформата преку апликациите Viber или Telegram.

По регистрацијата, корисниците можат да ја изберат опцијата „Privileges by Visa“ и веднаш да ги активираат достапните понуди. Системот овозможува добивање QR-код за користење на попустите или директен контакт со партнерите кои учествуваат во програмата.

Од Комерцијална банка посочуваат дека програмата е наменета за полесно и поповолно користење на картичките при шопинг, патувања и други услуги, овозможувајќи дополнителни бенефиции за корисниците на премиум Visa картичките.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange