Connect with us

Банки

ТТК Банка му додели нов 4-годишен мандат на м-р Димитри Трповски како член на Управниот одбор

Објавено

на

Со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија од 03.04.2025 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на м-р Димитри Трповски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 години, кој започнува на 21 април 2025 година.

Г-дин Трповски ќе продолжи да ја врши функцијата член на Управниот одбор на Банката, како Генерален директор за комерцијално банкарство, со акцент на управување и координација со Секторот за комерцијално банкарство. Во рамките на неговите надлежности, тој ќе продолжи да ги води стратегиите за финансиска поддршка на корпоративните клиенти и физичките лица, управувањето со средствата и ликвидноста, како и развојот на иновативни банкарски производи и услуги. Дополнително, Трповски ќе се фокусира на оптимизацијата на деловната мрежа, воведувањето иновативни канали за продажба и унапредувањето на услугите преку платниот промет во земјата и во странство, со цел зајакнување на конкурентската позиција на Банката и остварување на долгорочен раст.

Трповски е дипломиран економист и магистер по финансии, со повеќе од 18 години професионално искуство на различни раководни позиции во ТТК Банка АД Скопје.

Во моментов Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Проф. д-р Драгољуб Арсовски – Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Наталија Алексова – Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор;
  • м-р Димитри Трповски – Генерален директор за комерцијално банкарство и член на Управен одбор;

Банки

Народната банка и Хрватската народна банка разменуваа искуства за надзорот на платежните услуги

Објавено

на

Во Народната банка од 21 до 24 септември се одржа четиридневна работилница посветена на супервизијата над платежните услуги, на која експерти од Хрватската народна банка и претставници на домашната централна банка разменуваа искуства и практики од оваа област.

Работилницата се одржа во рамки на билатералната мерка „Payment Services Supervision“, како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки во Западен Балкан.

Главниот фокус беше ставен на супервизијата и надзорот над давателите на платежни услуги и издавачите на електронски пари, како и на практичната примена на европската регулаторна рамка.

Меѓу темите за кои се разговарало биле теренската и вонтеренската супервизија, засилената автентикација на корисниците, заштитата на средствата на корисниците, информирањето на корисниците на платежни услуги, како и актуелните регулаторни и супервизорски прашања.

Според Народната банка, размената на конкретни примери и искуства од супервизорската работа треба да придонесе за натамошно унапредување на домашните практики за надзор, особено во услови на брз развој на платежниот сектор и појава на нови платежни услуги и деловни модели.

Соработката со Хрватската народна банка ќе продолжи и во наредниот период преку дополнителни активности за размена на практични знаења и зајакнување на капацитетите во областа на супервизијата над платежните услуги.

Продолжи со читање

Банки

Британските банки првпат префрлија токенизирани депозити меѓу различни банки

Објавено

на

Водечките британски банки ги реализираа првите трансакции со клиенти во кои токенизирани депозити биле префрлени меѓу различни финансиски институции преку заедничка дигитална инфраструктура. Станува збор за значаен чекор во примената на блокчејн и програмски платежни технологии во секојдневното банкарство.

Трансакциите се спроведени во рамки на иницијативата „Great British Tokenised Deposit“, координирана од UK Finance, во која учествуваат Barclays, HSBC UK, Lloyds Banking Group, Monzo, Nationwide, NatWest и Santander. Платформата е развиена од технолошката компанија Quant.

Во првата фаза биле реализирани две трансакции поврзани со рефинансирање станбени кредити. Средствата биле привремено „заклучени“ на сметките на клиентите и автоматски ослободени по исполнување на условите за завршување на трансакцијата, со што се намалуваат рачните проверки и можните доцнења при порамнувањето.

Технологијата овозможува средствата да останат на сметката на клиентот сè до моментот на реализација на трансакцијата, што значи дека клиентот може да продолжи да добива камата додека парите чекаат пренос.

Во рамки на проектот бил тестиран и модел за плаќање при купопродажба преку онлајн платформи. Парите на купувачот се задржуваат на неговата сметка и се префрлаат на продавачот дури откако ќе биде потврдено дека производот е предаден, што може да го намали ризикот од измама.

Токенизираните депозити не се криптовалута, туку дигитална форма на класичните банкарски депозити. Тие ги задржуваат правната и регулаторната заштита на традиционалните депозити, но овозможуваат плаќањата да бидат програмирани и автоматски да се извршат кога ќе се исполнат однапред утврдени услови.

Според UK Finance, пошироката примена на ваквиот модел би можела да донесе побрзи и поефикасни плаќања, поголема контрола на клиентите врз средствата и намален ризик од измами. Сепак, станува збор за пилот-проект, а услугата засега не е достапна за сите корисници.

Во следната фаза се планира тестирање на порамнување дигитални средства, при што банките ќе испробаат и издавање дигитални должнички инструменти што ќе се тргуваат и порамнуваат со користење токенизирани депозити.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди кредит за млади на возраст од 18 до 35 години

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата кредитна понуда наменета за млади лица на возраст од 18 до 35 години.

Станува збор за „Кредит за млади со обезбедување“, производ наменет за корисници кои сакаат финансиска поддршка за нови планови, вложувања или други лични потреби.

Од Банката посочуваат дека кредитот е осмислен како можност за младите полесно да направат следен чекор кон реализација на своите цели, стекнување нови искуства и создавање нови можности.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange