Продукти
Новите задоволства стануваат достижни со Потрошувачкиот кредит од Комерцијална банка

Повеќе комфор во домот и незаборавни патувања – изборот е твој, а со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка уживањето станува достапно лесно и едноставно. Сега и со намалени каматни стапки за уште повозбудлива нова авантура.
Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари од Комерцијална банка ти овозможува вистински задоволства при што имаш едноставна постапка за аплицирање и најважно од сѐ помало месечно оптоварување на твојот буџет.
Имаш опција и за вклучено осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје, која ти обезбедува безгрижна финансиска иднина.
Повеќе информации за условите, калкулаторот за рата и потребните документи за аплицирање за Потрошувачкиот кредит се достапни на следниот линк.
ПР објава
Продукти
Ќе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?

Apple Pay веќе е достапен во Македонија преку НЛБ Банка (од 29 јули) и Комерцијална банка (од 26 август). Двете банки овозможија на своите клиенти да плаќаат бесконтактно со iPhone, Apple Watch и други уреди на Apple.
Информациите од банките кои веќе ја имплементираа услугата говорат дека интересот кај корисниците е огромен и над очекувањата, а бројот на клиенти кои ги персонализирале своите платежни картички и бројот на трансакции е многукратно поголем во однос на Android.
Според правилото на Apple, кое вели дека секој месец може да стартува само една банка во Македонија со услугата, септември сè уште остава простор за нова најава, имајќи предвид дека остануваат уште два работни денови за некоја од останатите банки да ја активира услугата.
Според неофицијални информации, Халк банка и Стопанска банка Скопје се во завршна фаза на тестирање на Apple Pay, но не е сигурно дали целата процедура ќе се комплетира токму овој месец.
Од останатите банки, ПроКредит банка исто така активно работи на имплементација на оваа услуга.
За очекување е овие три банки да ја воведат услугата во текот на 2025 година.
Ако во септември се приклучи уште една банка, Apple Pay ќе стане уште подостапен за граѓаните и ќе ја забрза дигиталната трансформација на плаќањата во земјава.
Продукти
Заштеда што се исплати – Промо депозит наПроКредит Банка

И оваа година ПроКредит Банка го започнува Месецот на штедење порано, со атрактивна понуда за сите кои сакаат да ја почувствуваат вредноста од своето штедење.
Со Промо депозитот добивате 3,2% за орочување денари на рок од 13 месеци, односно 2,2% за орочување евра на рок од 25 месеци, а исплатата на камата се врши на месечно ниво. Овој Промо депозит е вистински избор за оние што сакаат сигурност и стабилност. Благодарение на фиксната каматна стапка и однапред дефинираниот рок, вашата добивка е сигурна и предвидлива – без изненадувања. Вашите заштеди остануваат орочени и заштитени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.
Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка е препознатлива по својата посветеност на развојот на културата на штедење. Со постојан фокус на иновации и стабилност, банката им нуди на клиентите практични решенија за рационално управување со нивните финансии.
Започнете го Месецот на штедење порано и изберете сигурна заштеда што вистински се исплати.
Повеќе информации за Промо депозитот може да најдете на: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx
Банки
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!
НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.
Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.
Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.
НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.
За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk
-
Продуктипред 2 месеци
Потрошувачки кредити од Комерцијална банка со нова можност – животно осигурување со плус погодности
-
Продуктипред 2 месеци
НЛБ Банка со промотивна фиксна каматна стапка од 8,9% за сите безготовински трансакции со НЛБ haPPy картичката
-
Продуктипред 2 месеци
Промотивен потрошувачки пакет од ПроКредит Банка што „ги отвора сите врати“
-
Анализипред 2 месеци
НЛБ Банка со Apple Pay и ефектот на бранување на иновациите во финансиската индустрија
-
Продуктипред 1 месец
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка
-
Анализипред 2 месеци
Две од трите најголеми банки во државата со повисок даночен товар: Што носи глобалниот минимален данок?
-
Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу пензија од втор и од трет столб
-
Анализипред 1 месец
АНАЛИЗА: Кешот vs дигиталната ера – дали граѓаните ќе им останат верни на банкоматите?