Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици. 

Потребни квалификации: 

  • Минимум средно образование, по можност универзитетска диплома во банкарство/финансии или други сродни области; 
  • Најмалку 1 (една) година работно искуство ќе се цени како предност; 
  • Одлично познавање на MS Office; 
  • Добро познавање на англискиот јазик; 
  • Добри организациски вештини; 
  • Високо ниво на комуникациски вештини; 
  • Добри преговарачки вештини; 
  • Иницијативност; 
  • Флексибилност; 
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност. 

Дел од работните задачи: 

  • Постапува по кредитните апликации и останатите барања што ги доставуваат клиентите, правни лица, ги оценува кредитните барања, подготвува; предлози до кредитната комисија и дава кредитни мислења / препораки; 
  • Учествува во спроведување на интерните процеси поврзни со управувањето со кредитниот ризик; 
  • Учествува во подготовката на редовните извештаи од својот делокруг на активности; 
  • Извршува задолженија зададени од одговорното лице во службата; 
  • Останати активности од доменот на управувањето со ризиците. 

Бенефиции / Придобивки 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции;
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “Кредитен аналитичар во Служба за управување со ризици”, најдоцна до 17.03.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Секторот за ликвидност и финансиски пазар

Објавено

на

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работната позиција.

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата стручен соработник за порамнување во земјата и во странство во рамки на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Во објавата се наведува дека Комерцијална банка нуди можност за работа во стабилна и современа институција со долгогодишна традиција, како и професионална средина која ги вреднува личните и професионалните квалитети на вработените.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку страницата за вработување на банката.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола објави оглас за вработување на позицијата „Самостоен стручен соработник“ во Дирекцијата за поддршка на картично работење и канали за продажба.

Работните обврски за позицијата вклучуваат обработка и поддршка на платежни картички и ПИН-ови, координација и контрола на дистрибуција на картички до експозитурите, како и поддршка за трансакции, блокади и деблокади на картички.

Меѓу задачите се и обработка на оспорени трансакции и комуникација со системите на VISA и Mastercard.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат дел од динамичен тим да испратат мотивациско писмо и кратка биографија на македонски јазик на електронската адреса [email protected].

Во предметот на пораката потребно е да биде наведено: „За Самостоен стручен соработник за картично работење и поддршка на самоуслужни продукти“.

Огласот ќе биде активен до пополнување на работното место.

Целосниот оглас е достапен на: Погледнете го огласот

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка вработува Помлад соработник – Cashier во Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 14.05.2026 година 

Работни цели и задачи:

  • Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
  • Понуда на депозитни производи;
  • Промоција и продажба на банкарски производи;
  • Брз трансфер на пари;
  • Менувачко работење;
  • Учество во промотивни кампањи. 

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Со или без работно искуство;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим. 

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл. 

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк или преку e-mail: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange