Connect with us

Банки

Силк Роуд Банка со нова, модерно уредена експозитура во Автокоманда

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ја отвори својата нова, современо уредена експозитура во Автокоманда, со цел да овозможи подобро корисничко искуство и поголема удобност при користење на банкарските услуги.

Новата експозитура се наоѓа на ул. Јани Лукровски бр. 8, 1000 Скопје и е отворена за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот. 

Модерен простор за подобрено корисничко искуство

Со оваа релокација, Силк Роуд Банка продолжува да инвестира во подобрување на условите за своите клиенти, создавајќи модерен и функционален простор кој нуди брза и ефикасна услуга, подобрена достапност и персонализиран пристап. 

Новата експозитура е дизајнирана според највисоките банкарски стандарди, овозможувајќи комфор, сигурност и врвен квалитет на услуга. Просторот е уреден за да обезбеди пријатна и професионална атмосфера при извршување на банкарските активности, со посебен акцент на дискретноста при консултации со банкарските советници.

Целосен спектар на банкарски услуги

Клиентите во новата експозитура ќе имаат пристап до широк опсег на банкарски производи и услуги – од услуги за население и правни лица, до кредитни и депозитни производи, како и дигитални решенија што овозможуваат побрз и поедноставен пристап до финансиските средства.

Со оваа иницијатива, Силк Роуд Банка ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на корисничкото искуство, прилагодување кон потребите на клиентите и обезбедување на високо ниво на банкарски услуги. 

Посетете ја новата експозитура во Автокоманда или контактирајте го тимот на Силк Роуд Банка за повеќе информации. 

Банки

Со Visa Signature од Комерцијална банка до 6 GB бесплатен интернет во роаминг годишно

Објавено

на

Корисниците на Visa Signature картичката од Комерцијална банка АД Скопје имаат можност да користат 6 GB бесплатен интернет во роаминг на годишно ниво.

Оваа поволност им овозможува на корисниците да останат онлајн и додека патуваат во странство, да комуницираат и да споделуваат фотографии и други содржини без дополнителна грижа за интернет-конекцијата.

Од Комерцијална банка посочуваат дека услугата е дел од поволностите што ги нуди Visa Signature картичката.

Повеќе информации за начинот на активирање на услугата се достапни преку официјалната страница на Visa, додека деталите за Visa Signature може да се најдат на веб-страницата на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Нова наградна игра на Стопанска банка: Плати со Mastercard и освој милион денари

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје организира наградна игра за корисниците на Mastercard картичките, во која главната награда изнесува еден милион денари.

Право на учество имаат корисниците кои плаќаат со Mastercard картичките издадени од Стопанска банка, а покрај главната награда, предвидени се и месечни парични награди.

Од банката информираат дека корисниците кои плаќаат преку Google Pay и Apple Pay добиваат двојна шанса за учество во наградната игра.

Кампањата се одвива под пораката „Имај МАСТЕРПЛАН“, а од Стопанска банка ги повикуваат клиентите да ги користат своите Mastercard картички при секојдневните плаќања.

Правилата и деталите за наградната игра се достапни на официјалната веб-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Со Smart Cash на Халкбанк може да се подигне готовина од банкомат и без картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата Smart Cash, која им овозможува на корисниците да подигнат готовина од банкомат и кога ја немаат платежната картичка при рака.

Со оваа услуга, корисникот може да подигне пари од банкомат без употреба на физичка картичка, но и да испрати код за подигнување готовина на друго лице.

Од Халкбанк посочуваат дека Smart Cash е наменета да овозможи побрз, поедноставен и попрактичен пристап до готовина преку банкоматите на банката.

Повеќе информации за услугата и начинот на нејзино користење се достапни на официјалната веб-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange