Бизнис
ГРАНД АУТО со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија
Гранд Ауто, официјалниот застапник на ФОРД, ХЈУНДАИ, МГ МОТОР и ЧЕРИ за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.
ФОРД и ХЈУНДАИ, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на
фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат. Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш сме биле посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.
Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти. Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.
Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto“, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската
репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.
ПР објава
Бизнис
Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје.
Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за потребите на Зоолошката градина. Децата со љубопитност го следеа часот, учејќи за важноста на грижата кон животните и природата.
Но, покрај незаборавното искуство и стекнатите знаења, оваа соработка донесе и конкретна, практична поддршка за секојдневието на децата. Преку својата CSR платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit обезбеди дополнителни парични средства наменети за СОС Детско село. Оваа донација е наменета за купување и замена на нова бела техника и мали кујнски апарати за куќите во кои се згрижени децата, со цел да им се обезбедат уште подобри, помодерни и покомфорни услови за живот.
„За нас, грижата за заедницата секогаш има две димензии – емотивна и практична. Преку денешниот едукативен час во Скопје ЗОО сакавме да им подариме на децата убави спомени и знаења со кои ќе го започнат летниот распуст. Но, истовремено, свесни сме дека вистинскиот дом значи сигурност и функционалност. Токму затоа, со обезбедувањето средства за нова бела техника во куќите на СОС Детско село, сакавме директно да го олесниме и разубавиме нивното секојдневие. Секоја инвестиција во овие деца е инвестиција во посреќна иднина,“ изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.
Оваа активност уште еднаш покажа дека партнерството помеѓу Flex Credit и СОС Детско село одамна ги надмина рамките на корпоративна соработка – тоа е жива приказна која континуирано создава реална вредност и придонесува таму каде што е најпотребно.
Бизнис
Државата продаде државни записи во вредност од 8,8 милиони евра, под планираниот износ
Министерството за финансии на Северна Македонија на аукција одржана во вторникот продаде едногодишни државни записи во вредност од 543,8 милиони денари, односно околу 8,8 милиони евра, што е помалку од првично понудениот износ.
Според податоците на Министерството, на аукцијата биле понудени државни записи во вкупна вредност од 615 милиони денари, но инвеститорите доставиле понуди во износ од 543,77 милиони денари, колку што на крајот и биле продадени.
Хартиите од вредност доспеваат на 16 јуни 2027 година и носат годишна каматна стапка од 4,10 проценти.
Продажбата на државните хартии од вредност ја спроведува Народната банка во име на Министерството за финансии преку тендер со однапред утврдени цена и каматна стапка, при што примарните учесници доставуваат понуди само за износот што сакаат да го купат.
Фактот што вкупната побарувачка беше пониска од понудениот износ значи дека аукцијата заврши под предвидената цел на државата за ова задолжување.
Бизнис
Следната недела ќе биде отворен првиот Центар за вештачка интелигенција во Македонија
Северна Македонија следната недела ќе го добие својот прв Центар за вештачка интелигенција, проект поддржан од Европската Унија чија цел е развој на екосистеми за вештачка интелигенција и проширување на пристапот до суперкомпјутерски ресурси оптимизирани за оваа технологија.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека проектот „Везилка“ е вреден 6,5 милиони евра. Од нив, 2,5 милиони евра се обезбедени од Северна Македонија, додека остатокот е финансиран од Европската Унија.
Носител на проектот е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Според најавите, граѓаните ќе можат да поставуваат дигитализирана литература и академски текстови, што ќе придонесе за збогатување на базите на податоци и развој на локални решенија базирани на вештачка интелигенција.
Проектот е дел од поширока европска иницијатива за развој на таканаречени „Антени на фабрики за вештачка интелигенција“ (AI Factory Antennas). Европската Унија за оваа намена планира инвестиции од околу 55 милиони евра, дополнети со средства од земјите учеснички во заедничката иницијатива EuroHPC, меѓу кои се и Северна Македонија, Србија и Молдавија.
Антените на фабриките за вештачка интелигенција претставуваат точки за поврзување со постојни суперкомпјутерски центри, овозможувајќи им на истражувачките институции, стартапите, малите и средни претпријатија и јавните институции далечински пристап до напредни компјутерски ресурси за развој и примена на вештачка интелигенција.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


