Connect with us
no baners

Банки

ШПАРКАСЕ БАНКА НАЈАВУВА НОВА ПОВОЛНОСТ ЗА СИТЕ VIBE ON КОРИСНИЦИ – ПЛАТФОРМА ЗА КАРИЕРЕН РАСТ ЗА МЛАДИ НАРЕЧЕНА VIBE UP

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје со гордост го најавува лансирањето на Vibe Up – првата едукативна платформа за кариерен раст во Македонија. Оваа платформа е дизајнирана да ја зголеми вработливоста на младите во земјата, обезбедувајќи им релевантни вештини и алатки и знаење, кои ќе ги издвојат на конкурентниот пазар на труд. Нејзината мисија е да ги инспирира и да ги оспособи индивидуите да го достигнат својот кариерен потенцијал и да ги остварат своите професионални амбиции, а на тој начин и да се создаде квалитетен кадар за компаниите, со што се зајакнува заедницата и економијата.

Платформата има 13 курса за градење професионални вештини, креирани од врвни домашни и меѓународни експерти. Платформата е бесплатна и достапна ексклузивно само за Vibe On корисниците на Шпаркасе Банка.

Што добиваат младите преку платформата Vibe Up?

  • Неограничен пристап до 13 практични курсеви: Стекнување знаење во различни области.
  • Платформа создадена специјално за млади: Интуитивен и лесен за користење интерфејс.
  • Модерни вештини за пазарот на трудот: Креативност, дизајн размислување и иновација, емоционална интелигенција, невронаука на убедувањето и многу повеќе.
  • Поврзување со ментори и компании: Можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.
  • Можност за професионален напредок: Кариерни алатки и совети за градење успешна кариера.
  • Персонализирано искуство и бесплатна поддршка за развој на кариера: Индивидуален пристап и континуирана поддршка.
  • Сертификат за завршен курс

Во ерата на вештачката интелигенција, меките вештини како креативност, емпатија и критичко размислување се клучни за успех. Затоа, платформата нуди курсеви за нивен развој, а младите ќе имаат можност да учат од врвни експерти, да се поврзуваат со ментори и да градат мрежа на контакти, подготвувајќи се за предизвиците на иднината.

„Шпаркасе Банка е препознаена како банка за млади и тоа за нас значи гордост, но и огромна одговорност. Активно вложуваме во иднината на младите и со таа цел во континуитет создаваме проекти со трајни вредности за младите генерации. VIBE UP ќе им овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини и подготвеност да пристапат на пазарот на труд остварувајќи си ги своите кариерни аспирации“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.

VIBE UP платформата за кариерен раст е дел од VIBE ON концептот за млади на Шпаркасе Банка, кој денес нуди низа поволности какви што се финансиска едукација за
млади, платформа за кариерен раст, настани и работилници за млади, низа попусти на
млади, како и бесплатни банкарски производи што се креирани на начин да ги задоволат специфичните потреби на младите, кои се иматели на VIBE ON пакетот за млади и ја поседуваат портокаловата картичка.

Банки

Комерцијална банка со поволности за корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките

Објавено

на

Комерцијална банка ги промовира поволностите што им се достапни на корисниците на Visa Signature и Visa Gold картичките преку програмата „Visa свет на придобивки“.

Преку оваа програма, клиентите можат да користат специјални попусти и ексклузивни понуди кај бројни партнери во земјата, регионот и низ светот. За пристап до поволностите потребна е регистрација на Visa ChatBot платформата преку апликациите Viber или Telegram.

По регистрацијата, корисниците можат да ја изберат опцијата „Privileges by Visa“ и веднаш да ги активираат достапните понуди. Системот овозможува добивање QR-код за користење на попустите или директен контакт со партнерите кои учествуваат во програмата.

Од Комерцијална банка посочуваат дека програмата е наменета за полесно и поповолно користење на картичките при шопинг, патувања и други услуги, овозможувајќи дополнителни бенефиции за корисниците на премиум Visa картичките.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД Скопје најавува нови културни настани по успешниот музички викенд

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје беше дел од музичкиот спектакл што викендов се одржа под отворено небо, привлекувајќи бројна публика и создавајќи незаборавна атмосфера исполнета со музика и емоции.

Од Банката велат дека им претставувало особена чест да бидат поддржувачи на настанот, кој уште еднаш ја потврдил важноста на културата и уметноста во поврзувањето на луѓето и создавањето заеднички вредности.

„Културата има моќ да инспирира, обединува и создава моменти кои долго се паметат“, порачуваат од Стопанска банка, споделувајќи дел од атмосферата од настанот.

Од таму додаваат дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат културни настани со цел уметноста и културата да бидат достапни за што поголем број граѓани.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка промовира детско денарско штедење за сигурна иднина на најмладите

Објавено

на

АЛТА Банка ги повикува родителите навреме да започнат со создавање финансиска сигурност за своите деца преку производот за детско денарско штедење.

Од банката посочуваат дека штедењето уште од најрана возраст претставува важен чекор кон градење здрави финансиски навики и обезбедување средства за идните потреби и планови на децата.

„Секој голем сон започнува со мала заштеда“, порачуваат од АЛТА Банка, нагласувајќи дека производот овозможува постепено и континуирано штедење, со фокус на долгорочна финансиска стабилност.

Детското денарско штедење е наменето за родители кои сакаат чекор по чекор да создаваат финансиска основа за образованието, развојот и иднината на своите деца.

Повеќе информации за условите и можностите за штедење се достапни на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange