Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Соработник за развој на продажба, Сектор за население / Служба за за развој на продажбата.
Што ќе биде твојата улога?
- Анализа на потребите на крајните потрошувачи, советување на клиентите, продажба на производи и услуги, земајќи ги во предвид специфичните потреби на клиентот и на профитабилноста на Банката;
- Подготовка на акционен план за реализација на комерцијалните цели и креирање на доверба на клиентот;
- Воспостаување и развој на релациите со постоечките клиенти и градење на мрежа на идни потенцијални клиенти;
- Одговорност за одржување професионални и стабилни релации со клиентите вклучувајќи и советодавна улога и исклучителен квалитет на услуга;
- Закажување на состаноци со сегашни и идни клиенти;
- Примање на барања за кредит, кредитни картици и отворање на нови сметки на клиенти;
- Презентации и посети на терен низ земјата.
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ССС;
- Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MS Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Кои ќе бидат твоите придобивки
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
- Приватно здравствено осигурување
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing)
Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка, искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 10.03.2025 година со назнака „Апликација за Соработник за развој на продажбата“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.
Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.
Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.
Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Силк Роуд Банка вработува банкарски службеник во Скопје
Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на банкарски службеник во експозитура во Скопје, нудејќи можност за работа во динамична и професионална средина со фокус на личен развој и напредок.
Од банката информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а предност ќе имаат оние со универзитетска диплома. Потребно е и минимум една година работно искуство, по можност во благајничко работење, како и одлично познавање на MS Office алатките и англискиот јазик. Се бара и добро познавање на банкарските производи, развиени комуникациски и организациски вештини, како и прецизност и доверливост во работењето.
Избраниот кандидат ќе работи со готовински и безготовински трансакции, ќе врши менувачки активности и ќе учествува во советување на клиенти и промоција на банкарски производи. Позицијата вклучува и активности поврзани со кредитирање и вкрстена продажба на услуги.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на електронската адреса: [email protected], со назнака „Банкарски службеник во експозитура во Скопје“, најдоцна до 10 мај 2026 година.
Од банката посочуваат дека сите апликации ќе се третираат со строга доверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Кариера
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.
Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.
Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.
Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата
-
Кариерапред 1 месецНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 1 месецАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Анализипред 2 месециКаде е најпрофитабилно да се инвестираат пари во 2026 година?





