Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!

Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Менаџер за проектно финансирање, Сектор за корпоративни клиенти / Служба за проектно финансирање.

Што ќе биде твојата улога?

  • Прием и контрола на документација како основ за плаќање – фактури, договори, известувања од институции, судови, нотари, извршители и друго од домашни и странски добавувачи, институции, други правни и физички лица;
  • Сметководствена евиденција и контрола на фактурите во согласност со контниот план и интерните акти за евиденција на трошоците;
  • Внес на влезни фактури во апликацијата Главна книга и/или системот за аналитичка евиденција;
  • Креирање на фајл на влезни фактури;
  • Обезбедување на согласност за фактурите/трошокот од соодветно одговорните;
  • Kнижење, контрола и исплата на фактури согласно рокови за плаќање;
  • Евиденција и контрола на авансни плаќања;
  • Пренос на сомнителни побарувања и книжење на исправка;
  • Евиденција и следење во соодветните апликации;
  • Комлетирање, контрола и архивирање на прокнижани и платени фактури, договори и другата документација од својот делокруг на работење.

Кои квалификации се потребни?

  • ВСС – Економски факултет;
  • Искуство во сметководство и финансиска анализа како и лиценца за овластен сметководител ќе се сметаат за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
  • Активно познавање на работа со компјутери (MS Office);
  • Познавања од сметководството, финансии, ИФРС стандарди, финансиски извештаи, законската регулатива од областа на банкарството;
  • Организациски способности, лојалност, тимска работа, одговорност, аналитички вештини, самоиницијатива и предлагање решенија, креативност.

Кои ќе бидат твоите придобивки

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • Приватно здравствено осигурување
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing)

Доколку веруваш дека токму ти си она што го бара Банката и имаш желба да се приклучиш кон тимот на Шпаркасе банка,  искористи ја оваа можност и да аплицирај на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: [email protected] заклучно со 23.02.2025 со назнака „Апликација за
СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИСКА ОПЕРАТИВА“
.

НАПОМЕНА: Работната позиција е на определено време од 6 месеци.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #верувајвоиднината #кариераБезБариера

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.

Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.

„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.

Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange