Connect with us
no baners

Банки

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

Објавено

на

НЛБ д.д. продолжува да создава подобри отпечатоци и да го зајакнува своето влијание во Југоисточна Европа, особено во сферата на одржливоста. По значително подобрениот ЕСГ рејтинг за ризици за 10.5 од „Morningstar Sustainalytics“ кон крајот на 2024 година, Банката сега заработи две признанија од истата водечка компанија за истражување, рејтинг и податоци за ЕСГ. 

„Morningstar Sustainalytics“ неодамна ја претстави својата листа на најдобро оценети компании за ЕСГ (животна средина, социјални апсекти и корпоративно управување) за 2025 година која опфаќа над 15.000 компании во 42 индустрии, препознавајќи ја НЛБ како „Top regional and Top industry“ компанија. Овие признанија ја потврдуваат посветеноста на НЛБ за одржливи практики и одговорно работење.

Признанието „Top regional“ ја става НЛБ меѓу 432-те највисоко оценети компании во Европа, додека признанието „Top industry“ ја рангира на 42-то место од 1.027 оценети банкарски компании ширум светот.

Ние сме исклучително горди на ова признание за НЛБ и за целата Групација, бидејќи ги одразува вредните напори на нашиот менаџмент, ЕСГ координаторите и сите вработени. Ова признание ја зајакнува посветеноста на НЛБ за подобар свет, почнувајќи од нашиот матичен регион. Високиот рејтинг и признанијата од реномирани агенции се сигнал до јавноста дека компанијата е отпорна и прогресивна, дека ефикасно управува со ризиците, истовремено искористувајќи ги предностите на одржливиот бизнис. За инвеститорите, ова претставува клучен показател за долгорочна вредност и одговорни деловни практики на денешниот пазар. – истакнува Иван Томиќ, Директор за стратегија и бизнис развој во НЛБ д.д.

Ова признание доаѓа откако НЛБ ја доби својата подобрена оценка за ЕСГ од 10.5 на крајот на 2024 година. Оценката, како одраз на нискиот ризик од материјални финансиски влијанија од ЕСГ фактори, ја смести НЛБ во топ 5-ти перцентил од сите банки оценети од Morningstar Sustainalytics. Ова претставува повеќе од 34% подобрување од рејтингот што НЛБ го доби во 2023 година, што се должи на подобрените перформанси на Банката за 26%, и промената во методологијата на Sustainalytics, која придонесе со 8% во подобрувањето. НЛБ најмногу го подобри своето одржливо работење во Приватноста на податоците, Сајбер-безбедноста, Одговорната маркетинг политика и Одговорното управување со средства. Повеќе за резултатите тука

Овој текст е изработен од НЛБ д.д. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Банки

ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.

Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.

Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.

ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.

Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.

Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.

Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.

Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.

Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:

  • 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
  • 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
  • 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци

Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје

Објавено

на

„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје

Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.

Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.

Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“

Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange