Connect with us

Останато

„Стандард и Пурс“: Девизните резерви растат, а банкарскиот сектор е стабилен

Објавено

на

Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот  и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед.

Во делот во кој Агенцијата прави процена на отпорноста на економијата за справување со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемија на нивото од околу пет милијарди евра , главно како резултат на откупот на девизи од страна на Народната банка. Очекувањата на Агенцијата се дека тие ќе бидат стабилни и понатаму, меѓу другото поддржани и од странските директни инвестиции.

Од Агенцијата нагласуваат дека за 2024 година просечната инфлација во земјава забави сведувајќи се од 20% на 3,5%.

Агенцијата посочува дека и покрај скорешните кризи, банкарскиот сектор е зајакнат, што се гледа и од историски високата стапка на адекватност на капиталот од 19% во третиот квартал од 2024 година и ниска стапка од 2,9% на нефункционалните кредити на крајот на ноември 2024 година. Народната банка продолжува со мерки за зајакнувањето на финансиската стабилност, преку зголемување стапката на противцикличниот слој на капиталот и  интервенции кај задолжителната резерва во девизи, се забележува во Извештајот. 

no baners

Останато

УЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега

Објавено

на

Управата за јавни приходи (УЈП) започна процес на системска проверка на сите приливи од странство што ги оствариле физичките лица во периодот од 2020 година до денес.

Информацијата ја потврдуваат и даночни советници, кои велат дека по објавите во медиумите и директната комуникација со граѓани, УЈП веќе испраќа решенија за наплата на данок за непријавени приходи од странство.

Според објавеното, контролата има за цел да утврди дали граѓаните кои во изминатите години оствариле приход од странство навистина го пријавиле тој приход и поднеле пресметка до УЈП, како и дали соодветно го платиле овој данок.

Од УЈП веќе се испраќаат решенија за наплата на данок за непријавени приливи од 2020 година. Дел од граѓаните веќе добиле известувања дека им е утврден долг по основ на непријавен приход, а во следните денови се очекува засилена активност на институцијата.

Даночните советници најавуваат дополнителни објаснувања и упатства за тоа како точно треба да се пријават приходите од странство кои подлежат на оданочување со данок на личен доход, со цел граѓаните навремено да постапат и да избегнат казни и камати.

Продолжи со читање

Останато

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат во сите деловни банки во земјата

Објавено

на

Граѓански обврзници од третата емисија, за која  Министерството за финансии веќе го објави проспектот, може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

Граѓаните што сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа можат да го направат во филијалите на банките ширум земјата.

Рокот за запишување обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, колку што е износот на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанските обврзници се со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка изнесува 4,5% годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.

Продолжи со читање

Останато

Започна исплатата на повратот од „Мој ДДВ“, средствата до крајот на ноември

Објавено

на

Граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во наредните денови ќе ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки, информира Управата за јавни приходи (УЈП), по реакциите во јавноста дека исплатата за последниот квартал доцни.

Од УЈП информираат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени и одобрени, а исплатите ќе се реализираат етапно за да се избегнат технички оптоварувања, при што целиот процес ќе биде завршен најдоцна до крајот на ноември.

„Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за поврат на ДДВ и навремено ги имаат скенирано фискалните сметки ќе ги добијат средствата на своите сметки, без потреба од дополнителни постапки или пријави“, информираат од УЈП, апелирајќи граѓаните редовно да ги проверуваат податоците во апликацијата и точноста на внесените трансакциски сметки.

Исплатата доаѓа во пресрет на новогодишните празници и се очекува да придонесе за зголемена ликвидност кај домаќинствата и поинтензивна потрошувачка во последниот месец од годината.

Програмата „Мој ДДВ“ останува еден од клучните механизми за намалување на сивата економија и поттикнување на фискалната дисциплина, при што државата на граѓаните им враќа дел од платениот данок за пријавените фискални сметки, со што се стимулира користењето на безготовински плаќања и транспарентноста во прометот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange