Connect with us

Останато

АЕТМ: Помалку од 48 часа за пријавување на најдобрите е-трговци за 2024

Објавено

на

Во тек се номинациите за изборот на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година „E-commerce Awards 2024“, кој по четврти пат е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Во моментот се пријавени над 180 е-трговци, а остануваат помалку од 48 часа за бесплатно номинирање на е-продавници.

На E-commerce Awards ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2024 година кои ќе се натпреваруваат во 23 категории, поделени во 3 секции. Секоја е-продавница може БЕСПЛАТНО да се пријави во 3 категории во секоја од трите секции. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци“, „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“, „Најдобра новоотворена е-продавница за 2024 година“, „Е-трговец на годината“ итн.

Како може да се пријават е-продавниците?

Компаниите кои се заинтересирани да бидат дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 можат да се номинираат бесплатно со пополнување на формуларот достапен на официјалната веб-страница: www.ecommerceawards.mk. Пријавувањето трае до 10 јануари 2025 година, до 23:59 часот.

По номинирањето, следува проверка на апликациите кои ги исполнуваат општите и специфичните услови за учество на изборот и објава на номинираните компании на официјалната веб-страница на натпреварот согласно Правилникот кој е достапен на – www.ecommerceawards.mk. Е-трговците кои ги исполнуваат условите ќе бидат јавно објавени, а јавноста ќе може да гласа електронски за своите фаворити. По гласањето на јавноста следува гласање од жири комисијата, со што гласовите од публика ќе се вреднуваат со 60%, а гласовите од жири комисијата со 40% при вкупното гласање.

Победниците ќе се прогласат по собирање на поените од публиката и жири комисијата на свечен настан за доделување на наградите кој ќе се оддржи во текот на месец март 2025.

Инаку, на минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 160 домашни е-трговци и беа собрани над 111.200 гласови од 6.100 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 38 награди на најдобрите домашни е-трговци, поделени во 24 категории.

Зошто да се пријават?

Пријавувањето на изборот за наградите „E-commerce Awards 2024“ претставува одлична можност за промоција на е-трговците и нивните е-продавници. Учеството овозможува голема видливост и препознатливост и можност да се одвојат од останатите, како е-
трговци кои работат согласно правилата и ги следат најдобрите практики.

На победниците ќе им бидат доделени престижни статуетки и виртуелни беџови кои ќе можат да ги постават на своите е-продавници, со што ќе ја зголемат веродостојноста кај постојните и потенцијалните е-купувачи. Дополнително, овие признанија можат да се користат како силна маркетинг алатка на социјалните медиуми за привлекување нови е-купувачи и зголемување на конверзиите.

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

Бизнис

РКЕ објави нови цени на горивата: Дизелот поевтинува, бензините растат

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која од полноќ ќе важат коригирани износи на малопродажниот пазар.

Според одлуката, дизелот поевтинува за 2,5 денари по литар, додека цените на бензините се зголемуваат за 2 денари. Во просек, цените на нафтените деривати бележат раст од 0,40 проценти.

Покрај тоа, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1 денар, додека мазутот има мало поскапување.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

  • Еуросупер БС-95: 82,50 денари за литар
  • Еуросупер БС-98: 84,50 денари за литар
  • Еуродизел: 91,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло: 96,00 денари за литар
  • Мазут: 46,656 денари за килограм

Од РКЕ информираат дека промените се резултат на движењата на светските пазари. Според нивните податоци, референтните цени кај бензините се зголемени за 4,268 проценти, додека кај дизелот има пад од 3,760 проценти. Намалување има и кај екстра лесното масло за 1,528 проценти, додека мазутот бележи раст од 1,117 проценти.

Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е благо намален за 0,0452 проценти во споредба со претходниот период.

Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, што им остава простор на трговците да понудат и пониски износи.

Продолжи со читање

Банки

Државата одбележа 34 години монетарна самостојност: Денарот останува стабилен столб

Објавено

на

Државата одбележа 34 години од воспоставувањето на монетарната самостојност и воведувањето на македонскиот денар, соопшти Министерство за финансии.

Во објавата се наведува дека македонскиот денар низ годините успешно се справувал со бројни економски предизвици и се изгради како стабилна и сигурна валута, која претставува важен столб на националната економија.

Од Министерството посочуваат дека зачувувањето на стабилноста на денарот останува врвен приоритет, бидејќи токму таа стабилност е клучна за обезбедување на поширока економска сигурност.

Воедно, се нагласува дека институцијата е посветена на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како основа за повисок економски раст, зголемување на инвестициите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Продолжи со читање

Останато

Новиот рок за поднесување на ДДВ пријавите е 27 април

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност, образец ДДВ-04, за периодите од 1 јануари до 31 март 2026 година и од 1 март до 31 март 2026 година првично е утврден на 25 април.

Бидејќи овој датум паѓа во неработен ден, крајниот рок се поместува на 27 април 2026 година, понеделник.

Според податоците на УЈП, досега се поднесени 13.934 пријави од вкупно очекувани 42.605, односно околу една третина од вкупниот број месечни и тримесечни пријави.

Од институцијата апелираат обврзниците да не го чекаат последниот момент и навремено да ја поднесат документацијата, со цел да се избегнат можни казни и дополнителни трошоци. Воедно, навременото поднесување овозможува поефикасна обработка и подобро планирање на деловните активности.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange