Connect with us

Business Woman

Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење

Објавено

на

Се приближуваме кон крајот на годината со многу причини за гордост. Кога велиме горди, не алудираме само на нашите достигнувања и резултати, туку пред се на нашите принципи, вредности и етичко работење.

Пред сѐ, ги поздравуваме овогодинешните регулаторни измени, кои значително придонесоа за донесување на етички одлуки во индустријата, одговорно и поконзервативно финансирање, како и дополнителна сигурност и безбедност преку воведување на регистрирана шема за идентификација на клиентите. Со овие измени, финтек индустријата има уште поголем потенцијал за здрав и одржлив раст, со оглед на тоа што во моментов учеството во финансискиот пазар изнесува само 2%.

Годинава први на пазарот на финансиски друштва го препознавме бенефитот на новата услуга на Македонското Кредитно Биро за проверка на приходи и работодавец на клиентот, во интерес на носење на информирани одлуки.

Значаен успех за 2024 е воведувањето на регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст, како прво друштво на пазарот кое ја исполни законска обврска за електронска идентификација при користење на онлајн услуги.

Постигнавме квалитетно кредитно портфолио од 31 милион евра, што претставува годишен раст од 22%, а притоа преку персонализација на понудата успеавме да го намалиме кредитниот ризик, односно значително да го подобриме сервисирањето на обврските.

Со воведувањето на модел кој го предвидува ризикот за исполнување на обврската на клиентот, користејќи машинско учење и наука базирана на податоци, стапката на отплата на ратите до 30 дена надмина 96%.

Револуционерниот модел “Купи сега плати подоцна”, кој Иуте пионерски го воведе на пазарот како пософистицирана алтернатива на кредитните картички доживеа вистински бум, со мрежа од над 800 продажни локации, 7 милиони евра директно инјектирани во македонското стопанство исплатени на преку 12.000 клиенти, од кои 25% се онлајн продажби.

Корисниците се повеќе преферираат финтек услуги, не затоа што не се погодни да користат услуги од банка, туку заради едноставноста, достапноста, брзината, транспарентноста, односно заради подобреното корисничко искуство во финтек компаниите.

Оваа година влеговме и во осигурително-брокерскиот бизнис со Iute Safe, со тенденција да бидат искористени сите дигитални алатки кои ги имаме во групацијата.

Иуте Естонија го доби и својот прв Fitch Rating, како огромен успех и потврда на дигиталната експертиза и високи стандарди за проценка на ризикот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои според истражувањето на Financial Times и Statista покажале контунуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатава декада.

Продолжуваме да даваме значаен придонес во спортот, културата, академската заедница, и активностите кои го поддржуваат социјалниот импакт, животната средина, како и финансиската и дигитална писменост во земјата. Вработените остануваат наша најголема вредност, со нив истрчавме многу маратони, а нашиот главен натпревар е оној со самите себе.

Нека нѐ понесе празничниот оптимизам и ентузијазам, да останеме здрави и живи пред се, само така ќе можеме да го извлечеме максимумот од нашиот потенцијал за да реализираме уште повисоки врвови и во годината што претстои.

Во име на тимот на Иуте,
Биљана Мишиќ – Извршен Директор

Business Woman

Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.

„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.

Продолжи со читање

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Business Woman

Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март

Објавено

на

Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.

Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.

Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.

Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.

Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange