Connect with us
no baners

Банки

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја.  Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година.  

Целта на состанокот беше да се споделат видувањата и разменат податоци за спроведување на транспарентен и инклузивен процес за изработка на новата стратегиска рамка за соработка со земјава. Дискусиите беа фокусирани на идентификување на приоритетите и можностите за поддршка на одржлив економски развој на земјава, поддршка на растот на приватниот сектор, како и на зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата, согласно целите на ЕБОР.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска на средбата посочија дека Народната банка е посветена на соработката со ЕБОР во насока на зајакнување на економската отпорност и финансиската стабилност во земјава. Во сложеното економско окружување, кое носи повеќе ризици поврзани со геоекономската фрагментација, климатските промени, како и забавувањето на потенцијалот за раст на поразвиените економии, сè поизразена е потребата за спроведување институционални и структурни реформи, коишто ќе ја зголемат продуктивноста и потенцијалот за раст, односно за побрза конверегенција на домашната економија. Во изминатите неколку кризни години доходовната конвергенција стагнираше.

На средбата беше нагласена и досегашната успешна соработка помеѓу Народната банка и ЕБОР и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти, вклучително и во финансискиот систем.

Г-дин Туркменоглу изјави: „ЕБОР е посветена на поддршката на националниот и регионалниот економски развој на земјата преку сеопфатен и стратешки пристап. Со преку 2,9 милијарди евра инвестирани во 196 проекти од 1993 година, ЕБОР одигра клучна улога во зајакнувањето на конкурентноста, подобрувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на дигитализацијата, енергетската одржливост и регионалната интеграција. Остануваме фокусирани на развојот на приватниот сектор, каде што со нашите напори ќе поттикнеме подинамична и поотпорна деловна средина. Исто така, посветени сме на понатамошно зајакнување на финансиската отпорност на земјата, поддршка на растот на приватниот сектор и обезбедување зелена, инклузивна и дигитална трансформација на економијата во согласност со нашите долгорочни цели за одржлив развој“.

Банки

Народна банка: Каматите на вкупните кредити се намалија, новите заеми поскапеа во август

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2026 година изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на претходниот месец и од 0,23 процентни поени на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Кај депозитите, просечната каматна стапка останала непроменета во однос на јули и изнесувала 2,18 проценти. На годишно ниво е забележано минимално намалување од 0,01 процентен поен.

Истовремено, податоците покажуваат поинакво движење кај новите банкарски производи. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.

Повисоки камати се забележани и кај новопримените депозити. Нивната просечна каматна стапка изнесувала 2,72 проценти, што е зголемување од 0,30 процентни поени во однос на јули и од 0,66 процентни поени во однос на август минатата година.

Каматите за компаниите благо се намалуваат кај постојните кредити

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во август се намалила за 0,01 процентен поен и изнесувала 4,33 проценти. На годишно ниво намалувањето изнесува 0,19 процентни поени.

Кај депозитите на компаниите, пак, е забележано зголемување. Просечната каматна стапка изнесувала 2,69 проценти, што е раст од 0,06 процентни поени на месечно и од 0,16 процентни поени на годишно ниво.

Позначителен раст е регистриран кај новоодобрените корпоративни кредити. Нивната просечна каматна стапка достигнала 4,68 проценти, по месечен раст од 0,47 процентни поени. На годишна основа, по неколку месеци на намалување, каматата се зголемила за 0,35 процентни поени.

Кај новопримените депозити на компаниите каматната стапка изнесувала 2,75 проценти, при месечен раст од 0,77 и годишен раст од 0,89 процентни поени.

Каматата на кредитите за населението падна на 5 проценти

Кај домаќинствата продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Во август таа изнесувала 5 проценти, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на јули и од 0,27 процентни поени на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала непроменета на месечно ниво и изнесувала 2,11 проценти. Во споредба со август минатата година, таа е пониска за 0,03 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити за домаќинствата немало промена во однос на претходниот месец, па просечната каматна стапка останала на 4,73 проценти. На годишно ниво, сепак, таа е повисока за 0,05 процентни поени.

Новопримените депозити на домаќинствата во август носеле просечна камата од 2,72 проценти, што претставува зголемување од 0,07 процентни поени на месечно и од 0,54 процентни поени на годишно ниво.

Податоците на Народната банка покажуваат дека, иако просечните камати на вкупното кредитно портфолио продолжуваат благо да се намалуваат, кај новоодобрените кредити во август е забележан раст на каматните стапки. Од друга страна, повисоките камати на новопримените депозити значат и нешто подобри услови за новото штедење во банките.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange