Connect with us
no baners

Банки

Годишен раст на зелените кредити од 7,4% заклучно со септември 2024 година

Објавено

на

Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од третото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 20.350 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со третото тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.355 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 995 милиони денари.

Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2% на 4,4%.

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.      

За таа цел, Народната банка, на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx

Банки

Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.

Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.

Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.

Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.

Продолжи со читање

Банки

Цената на златото расте, но притисокот сè уште е присутен

Објавено

на

Цената на златото забележа раст во текот на последното тргување, поддржана од задржувањето над нивото на поддршка од 54.700, кое беше очекувана цел во претходните анализи. Ова овозможи позитивен импулс и делумно закрепнување од претходните загуби, во услови кога индикаторите за релативна сила покажуваат подобрување по излегувањето од зоната на препродаденост.

Сепак, и покрај ова закрепнување, притисокот за пад останува. Цената го проби краткорочниот растечки корективен тренд, а воедно се движи и под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што го ограничува потенцијалот за посилен раст во блиска иднина.

Еврото со мешани сигнали во однос на доларот

Валутниот пар EUR/USD покажува нестабилност во последното тргување, со поддршка околу нивото од 1,1730. Ова ниво обезбеди одреден позитивен импулс, при што индикаторите за релативна сила сигнализираат почеток на нагорен пресек по излегувањето од зоната на препродаденост.

И покрај тоа, краткорочниот притисок за пад останува поради доминацијата на корективен надолен бран, а цената продолжува да се движи под EMA50. Сепак, ова не го поништува поширокиот нагорен тренд, бидејќи движењето и понатаму се одвива по поддржувачка тренд-линија, оставајќи можност за нов раст во наредниот период.

Продолжи со читање

Банки

Онлајн потрошувачки кредит од Шпаркасе Банка АД Скопје – брзо и едноставно решение

Објавено

на

Доколку ви се потребни финансиски средства без сложени процедури и чекање, Шпаркасе Банка АД Скопје нуди практично решение преку својата дигитална платформа S-Banka.

Аплицирањето за онлајн потрошувачки кредит трае само неколку минути и може да се направи директно од мобилен телефон или компјутер. Процесот е целосно дигитален, без потреба од жиранти и без административни трошоци, што го прави достапен и едноставен за корисниците.

Оваа услуга овозможува брз пристап до потребните средства, без посета на филијала и без дополнителна документација. Решението е наменето за сите кои сакаат ефикасно и лесно да ги реализираат своите финансиски потреби.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange