Connect with us

Банки

Претседателот на НЛБ Банка, Тони Стојановски ги инспирираше дипломците на Економскиот факултет: Патот до успехот е исполнет со предизвици и можности

Објавено

на

Претседателот на НЛБ Банка, Тони Стојановски, во својот мотивациски говор пред дипломците на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја истакна важноста на постојаното учење и издржливоста на патот до успехот. Тој нагласи дека успехот не е конечна дестинација, туку патување кое ги тестира нашите способности и издржливост, и дека од грешките треба да се учи. Стојановски ги охрабри дипломците да бидат љубопитни, храбри и да не се откажуваат, иако понекогаш патот ќе изгледа тежок.

“Успехот не е дестинација, туку патување, кое ја предизвикува вашата кондиција и издржливост. Не плашете се од неуспех, на грешките се учи. Важно е да имате цел, никогаш да не престанете да бидете љубопитни за нови знаења и никогаш да не се откажувате, дури и тогаш кога ќе ви изгледа дека е многу тешко. Токму тоа ќе ве направи посилни и поотпорни на секој нов предизвик, а верувајте растот често произлегува од предизвиците“, истакна меѓудругото Претседателот на НЛБ Банка, Тони Стојановски во својот мотивациски говор пред дипломците на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На покана на Деканот на Економскиот факултет во Скопје, проф.д-р Предраг Трпески, Претседателот Тони Стојановски ја имаше честа да се обрати на повеќе од 150 дипломирани економисти, кои на одбележувањето на 74-годишнината на институцијата, со гордост ги понесоа своите димпломи, како „круна“ на едно важно поглавје од нивните животи.

“Бидете храбри, на ова општество му требаат вашите идеи, вашата креативност, енергија и лидерство, но користете го вашето знаење не само за да напредувате, туку и да придонесете за подобар свет. И што и да изберете во животот како позив, колку и да напредувате, каде и да стигнете на скалилото на успехот, останете човечни и етични, тие вредности секогаш се на цена“, додаде Стојановски, упатувајќи искрени честитки до сите дипломци на факулетот.

Во чест на овие дипломирани економисти, кои ја одбележаа 74-годишнината на факултетот, НЛБ Банка награди четворица студенти со највисок просек на дипломите, доделувајќи им дебитни картички со паричен износ од 30.000 денари. НЛБ Банка, исто така, презентираше можности за платена пракса и потенцијално вработување во банката, покажувајќи интерес за младите таленти како идни кадровски потенцијали.

Банки

НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.

Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.

„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange