Connect with us
no baners

Останато

ФИТР беше домаќин на работниот состанок за креирање на новата Национална Стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој во текот на вчерашниот ден беше домаќин на работниот состанок на проектниот тим кој е задолжен за креирање на новата Национална Стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030.

Фондот за иновации и технолошки развој(ФИТР) е активно вклучен во изработка на новата Национална Стратегија за мали и средни претпријатија, која ќе обезбеди одржлив раст, ќе создаде динамичко и конкурентно опкружување што ќе ги позиционира малите и средни претпријатија од Северна Македонија како важни играчи на меѓународниот пазар.

В.д. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Никола Додов истакна дека поддршката на малите и средни претпријатија е повеќе од неопходна, бидејќи тие се основа на економијата, двигатели на иновациите, креативноста и вработувањето. Без нив, не би можеле да зборуваме за динамичен, одржлив и инклузивен економски раст.

Останато

Околу 40 земји разгледуваат заедничка акција за отворање на Ормускиот теснец

Објавено

на

Околу 40 земји започнале разговори за координирана акција со цел повторно отворање на Ормускиот теснец, со цел да се спречи Иран да „ја држи глобалната економија како заложник“, соопштија по виртуелниот самит одржан во британското Министерство за надворешни работи во Лондон.

Иницијативата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека обезбедувањето на оваа клучна поморска рута е „задача за други“.

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер истакна дека „непромисленоста“ на Иран во блокирањето на теснецот сериозно ја погодува глобалната економска безбедност. На виртуелниот состанок учествувале претставници од Франција, Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати и Индија.

„Сведоци сме како Иран ја узурпира меѓународната поморска рута за да ја држи глобалната економија како заложник“, изјави Купер во воведното обраќање, додека остатокот од состанокот се одвивал зад затворени врати.

Според официјални извори, Соединетите Американски Држави не учествувале на разговорите. Европските дипломати посочуваат дека формирањето на коалиција е сè уште во рана фаза, при што водечка улога имаат Велика Британија и Франција.

Разговорите се фокусираат на тоа кои земји се подготвени да се приклучат, како и на обезбедување доверба кај сопствениците на бродови повторно да пловат низ регионот, со цел да се намалат и трошоците за осигурување.

Портпаролот на француските вооружени сили Гијом Вернеизјави дека процесот ќе се одвива во повеќе фази и нема да може да се реализира додека конфликтите не се смират или завршат.

Тој додаде дека ќе биде потребно обезбедување доволен број пловни средства, координација во воздух и на море, како и размена на разузнавачки информации.

Британските власти најавија дека следната недела ќе бидат домаќини на состанок на воени стратези, каде ќе се разгледуваат конкретни чекори за реализација на оваа иницијатива.

Продолжи со читање

Останато

Државата ќе издаде државни записи од 57 милиони евра на 7 април

Објавено

на

Министерството за финансии на Северна Македонија ќе понуди едногодишни државни записи во вкупен износ од 3,5 милијарди денари (околу 56,8 милиони евра) на аукција закажана за 7 април, покажуваат податоците на централната банка.

Државните записи ќе доспеваат на 7 април 2027 година и ќе имаат каматна стапка од 4%, се наведува во објавата за аукцијата.

Продажбата на хартии од вредност ќе ја спроведе централната банка во име на Министерството за финансии, преку т.н. волуменска аукција, при што цената и купонската стапка се однапред утврдени, а примарните дилери учествуваат со понуди за износите што сакаат да ги купат.

Според курсот, едно евро изнесува 61,63 денари.

Продолжи со читање

Бизнис

Велика Британија бара поблиски економски врски со ЕУ поради војната со Иран

Објавено

на

Велика Британија ќе се стреми кон зајакнување на економската соработка со Европската Унија во услови на зголемена глобална нестабилност предизвикана од војната со Иран, изјави британскиот премиер Кир Стармер.

Тој најави дека на претстојниот самит со ЕУ подоцна годинава ќе побара поголема соработка во областа на економијата, безбедноста и енергетиката. Според него, актуелниот конфликт веќе има значително влијание врз економските перспективи, особено преку растот на цените на нафтата и гасот.

Премиерот предупреди дека продолжената блокада на Ормутскиот теснец, еден од најважните глобални транспортни коридори за нафта може дополнително да ги зголеми цените на енергијата и да ги оптовари домашните буџети на граѓаните. Воедно, најави дека Владата ќе продолжи со мерки за ублажување на трошоците за живот, вклучително и корекции на енергетските давачки и зголемување на минималната плата.

Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Велика Британија би можела да биде меѓу најпогодените економии од конфликтот, со забавување на економскиот раст.

Во меѓувреме, опозициските партии бараат дополнителни мерки за заштита на граѓаните, како што се укинување на ДДВ за сметките за струја и одложување на зголемувањето на акцизите за гориво.

Стармер нагласи дека зајакнувањето на односите со Европа е во долгорочен интерес на земјата, посочувајќи дека и покрај Брегзит, постојат значајни можности за економска и безбедносна соработка. Сепак, тој повтори дека Владата нема планови за повторно приклучување кон единствениот пазар или царинската унија.

Во однос на односите со САД, британскиот премиер истакна дека Лондон нема намера да избира меѓу Вашингтон и Брисел, туку ќе работи на одржување на силни врски со двата партнери.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange