Connect with us

Останато

20 години раст и развој со Сојузот на стопански комори

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија одбележа 20 години постоење и делување во насока на креирање на подобро деловно опкружување за раст и развој на бизнисите во нашата земја. По тој повод беше организиран свечен настан кој се одржа во ресторан „Рагуза 360“ со присуство на високи претставници на државниот врв, претседателката на Р.Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, бизнис елитата, новинари и други чинители активни во економското опкружување.

Сојузот на стопански комори е формиран во 2004 година, во период кој што беше пост транзициски, почна да се создава јадро на македонски приватни компании кои почнаа да се организираат согласно модерните системи на работење и управување. Фокусот беше во насока на создавање сопствена стопанска комора, според правилата кои ги забележуваа во светската пракса во однос на тоа како функционира успешниот бизнис.

По повод одбележување на 20 годишнината од основањето, се доделија призананија за успешна соработка и придонес за активностите на ССКМ: за својата амициозност и посветеност на Драган Михаиловски, г-дин Зоре Темелковски бизнисмен, г-дин Богослав Ангелоски еден од основачите на Сојузот на стопански комори, г-дин Ванчо Чифлиганец успешен бизнисмен, Велија Рамковски претприемач и еден од основачите на Сојуз на стопански комори на Македонија, посхумно признание за неговата работа се додели и на Адем Кочан кој беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска иницијатива и бизнис, наградата ја прими неговиот син.

Проф. д-р Орце Симов, претседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија при Сојузот на стопански комори на Македонија, додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД кои ги исполнија високите стандарди за квалитетот на нивните производи и креирањето на уникатни производи кои им нудат конкурентност на домашниот и на глобалниот пазар. Компаниите на кои им беше доделен сертификат: Телелинк – противпожарен столб, Серафиомов Груп- E commerce, Ед ком -Auto Top Off, Сигма СБ-SSBedi, Даталаб МК- Pantheon WEB light.

„20 години се навистина долг временски период,меѓу другите наши заложби, најголемите успех сметам дека е претставеноста на Сојузот на стопански комори, конкретно преку мојата кандидатура од пред неколку години за избран член во Генералниот совет на светската федерација на стопански комори. Да можете да бидете репрезент на интересите на регионот на Југоисточна Европа, и во сите светски организации ќе продолжиме да бидеме максимално претставени, со што ќе ја отвораме вратата на македонските компании за соработка со светот, истакна Ангелоски.

Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува интензивно да работи на меѓународната соработка и отварање нови пазари, во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации и контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.

Бизнис

Flex Credit и емисијата „Срце на дланка“ четврта година по ред опремуваат домови за 20 социјално загрозени семејства

Објавено

на

Финансиското друштво Flex Credit ја продолжи својата благородна мисија и четврта година по ред застана како главен партнер зад хуманитарната ТВ емисија „Срце на дланка“. Преку оваа долгогодишна и традиционална соработка, Flex Credit и оваа година обезбеди конкретна помош и донација во бела техника за опремување на новите домови на 20 социјално загрозени семејства ширум Македонија.

Во рамките на овогодинешниот хуманитарен циклус, со донираните апарати за домаќинство на социјално загрозените семејства им се овозможија основни, хумани и современи услови за живеење.

За Flex Credit, партнерството со „Срце на дланка“ е еден од најзначајните столбови во рамки на платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, бидејќи директно внесува сигурност и топлина во домовите каде што помошта е најпотребна.

„Четири години соработка со ‘Срце на дланка’ не се само бројка, туку се 20 нови приказни секоја година, стотици насмевки и вратена надеж кај луѓето на кои животот им донел тешки предизвици. Веруваме дека секој човек заслужува топол и функционален дом. Затоа, поддршката со нова бела техника за овие 20 семејства оваа година е наш скромен придонес кон создавање подобра и похумана иднина за целото општество,“ потенцираат од Flex Credit.

Со оваа долгорочна соработка, Flex Credit уште еднаш покажа дека вистинските лидери на пазарот се препознаваат по својата емпатија, хуманост и континуирана поддршка за најранливите категории граѓани.

Продолжи со читање

Останато

Трамп доби своја монета од еден долар во САД

Објавено

на

Ликот на американскиот претседател Доналд Трамп се најде на нова монета од еден долар, издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави. Со тоа Трамп стана првиот жив американски претседател во последните сто години чиј лик се појавува на монета во оптек.

Американската ковница ја пушти монетата во продажба во средата, 2 септември. На предната страна е портретот на Трамп, заедно со натписите „LIBERTY“, „IN GOD WE TRUST“ и „1776 ~ 2026“, додека на задната страна е претседателскиот печат и бројот 250, во чест на големиот јубилеј.

Ролна од 25 монети се продава за 61 долар, а пакет од 100 монети за 154,50 долари. Побарувачката била голема, а дел од понудата била распродадена само неколку часа по почетокот на продажбата.

Иако имаат златна боја, монетите не содржат вистинско злато. Според американската Ковница, тие се изработени претежно од бакар, со 6 проценти цинк, 3,5 проценти манган и 2 проценти никел.

Монетите имаат номинална вредност од еден долар и можат да се користат како законско платежно средство, иако Ковницата ги промовира и како колекционерски изданија. Дополнително, 250.000 примероци биле исковани на 4 јули со специјална ознака и по случаен избор се вклучени во пакетите што се продаваат.

Појавувањето на ликот на жив претседател на американска валута предизвика и правни полемики, бидејќи американските прописи генерално го ограничуваат прикажувањето живи личности на парите. Администрацијата, сепак, се повикува на законските овластувања поврзани со специјалните дизајни за одбележување на 250-годишнината на САД.

Продолжи со читање

Останато

МФ: За првпат национална сертификација за внатрешните ревизори во јавниот сектор

Објавено

на

Министерството за финансии за првпат ќе организира национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, со што се воведува и национална сертификација за оваа професионална функција.

Од Министерството оценуваат дека ова е важен чекор во зајакнувањето на системот на внатрешна финансиска контрола и во професионализацијата на ревизорските единици во јавните институции.

Спроведувањето на испитот, како што посочуваат, треба да придонесе за поголеми капацитети на единиците за внатрешна ревизија, но и за поодговорно, законско и транспарентно работење на институциите.

Од Министерството нагласуваат дека националната сертификација е дел и од активностите за зајакнување на механизмите за спречување на корупцијата и подобрување на контролата во јавниот сектор.

Воведувањето на националниот испит е значајно и во контекст на евроинтегративниот процес. Со неговото организирање се исполнува дел од препораките на Европската Унија во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а истовремено се придонесува и кон реализација на обврските од Реформската агенда.

Материјалите за подготовка, како и испитните прашања, веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Тие се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Министерството најавува дека во следниот период дополнително ќе информира за роковите и останатите чекори поврзани со организирањето и спроведувањето на испитот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange