Connect with us

Банки

Народната банка ‒ домаќин на работилница за зајакнување на капацитетите на ЕСГ, основа на одржливото работење и општествената одговорност

Објавено

на

Народната банка презема одлучни чекори кон градењето поодржлив систем и оттука, централната банка беше домаќин на работилница за унапредување на капацитетите поврзани со еколошките, социјалните и управувачките остварувања (ЕСГ). Настанот којшто беше организиран под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со експерти од „Ернст и Јанг“, имаше за цел да ги зајакне капацитетите на централната банка со знаење и алатки за одржливи практики, во согласност со меѓународните стандарди и регулативи.

На работилницата беа разработени теми поврзани со Политиките за одржливост на централните банки, како и одредени оперативни аспекти поврзани со управувањето со емисиите на стакленички гасови. Во рамките на овие теми беше разгледана Предлог-политиката за одржливост на Народната банка, вклучувајќи ги и активностите за оперативна ефикасност, клучните показатели за успешноста (КПИ), како и целите за одржливост со акцент на транспарентноста. Исто така, беа обработени и стандардите и методологиите за пресметка на емисиите на стакленичките гасови, стратегиите за декарбонизација и техниките за поставување цели.

Преку оваа работилница, Народната банка цели кон зајакнување на принципите на одржливост, коишто ги опфаќаат еколошкиот интегритет, социјалната еднаквост и економскиот напредок, осигурувајќи се дека одржливите практики се спроведуваат и стратегиски, и оперативно. Со носењето на Среднорочниот план на активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 – 2025 година се дефинираа активностите на Народната банка за активно управување со ризиците од климатските промени и институционално профилирање како одржлива и општествено одговорна институција, додека една од активностите предвидени за спроведување на Среднорочниот план е изработката на Политиката за одржливост  на Народната банка заради преземање активности за одржливо работење и градење на капацитетите на вработените во Народната банка во однос на овие прашања.

„Инвестицискиот фонд за зелен раст“ е влијателен инвестициски фонд којшто ги ублажува климатските промени и промовира одржлив економски раст, пред сè преку инвестирање во мерки со коишто се намалуваат потрошувачката на енергија, употребата на ресурси и емисиите на CO2. Фондот го насочува ова наменето финансирање кон деловните претпријатија и домаќинствата преку локални финансиски институции и преку директни инвестиции кон подобни проекти и компании. Наменскиот фонд за техничка помош обезбедува знаења и техничка експертиза за да се осигура дека овие инвестиции се успешно спроведени и со високи меѓународни стандарди. Фондот работи на 19 пазари низ Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Турција, Европскиот источен соседски регион и Блискиот Исток и Северна Африка.

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange