Осигурување
АСО додели награда за најдобар труд на млад научник-истражувач по повод денот на осигурувањето
 
																								
												
												
											Во конкуренција на пет труда стручната комисија го награди истражувачкиот труд на Кристијан Кожески, асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Трудот разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат БДП, долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО. За авторот на прворангираниот труд АСО додели награда од 80.000 денари. Оваа награда за стимулација на работата на млади научници истражувачи од областа на управување со ризици во осигурувањето годинава се доделува по 14 пат.
Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен „Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа“ разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики.
Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.
Осигурување
Дигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
 
														Во рамки на работилницата посветена на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор, учесниците имаа можност да се запознаат со практичната примена на платформата SignPlus – решение за електронско потпишување и работа со дигитални документи, кое овозможува побрзи и побезбедни деловни процеси.
Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО) и Стопанската комора на Македонија, со цел да се поттикне поширока примена на дигиталните алатки во работењето на осигурителните компании.
Преку демонстрација на можностите за онлајн потпишување на документи во PDF формат, издавање и проверка на временски жиг (Momentum) и безбедна препорачана достава на документи (MailTube), беа прикажани конкретни начини како технологијата може да ја подобри ефикасноста, сигурноста и усогласеноста во работењето.
Учесниците заклучија дека решенија како SignPlus претставуваат важен чекор кон целосно paperless работење, автоматизација на административните процеси и создавање на основа за поголема дигитална зрелост на осигурителниот пазар.
Со ваквите иницијативи, осигурителниот сектор во земјава продолжува да ја следи европската пракса во дигитализацијата, што во иднина ќе придонесе за побрза услуга, поголема доверба и подобра заштита на податоците на клиентите.
Осигурување
Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф во Градски парк
 
														Во сабота, на 11 октомври, од 11:00 до 13:00 часот, Градски парк – Школка ќе биде исполнет со детска смеа, игра и позитивна енергија. Таму ќе се одржи семејниот настан „Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф“, наменет за најмладите и нивните семејства.
Преку интерактивни активности, игри и анимации, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат нови пријателства и да уживаат во магично утро на отворено. Настанот е бесплатен и отворен за сите посетители кои сакаат да поминат квалитетно време во семејна атмосфера.
Со овој настан, Винер Лајф Осигурување ја потврдува својата посветеност кон семејните вредности и зајакнување на врската со заедницата преку позитивни и едукативни иницијативи за најмладите.
Осигурување
10 години Unit Link: Над 12.000 полиси и пораст на фондот за 103%
 
														Во 2015 година, Винер Лајф заедно со ВФП Фонд Менаџмент, го создаде првиот Unit Link производ на македонскиот пазар – иновативен спој на животно осигурување и инвестирање во реномирани светски компании.
Денес, една деценија подоцна, резултатите се следниве:
– Над 12.000 склучени Unit Link полиси
– Пораст на Фондот ВФП Премиум Акции за 103%
Unit Link останува пример за модерен и сигурен финансиски инструмент кој комбинира заштита и можност за раст. Компанијата ја задржува својата визија – да им овозможи на клиентите сигурност, стабилност и долгорочен развој.
Со порака „Заедно со вас продолжуваме напред!“, се нагласува континуитетот и довербата во овој производ кој ја трансформираше понудата на македонскиот осигурителен пазар.
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија 
- 
																	   Анализипред 1 месец Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециХрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола 
- 
																	   Продуктипред 1 месец Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay? 
- 
																	   Кариерапред 2 месеци Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 





 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	