Осигурување
Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании
Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје.
Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1 ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје.
Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“,
„Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување – живот“.
Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот
на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1 ноември.
Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.
Бизнис
КБ Прво пензиско друштво го одбележа Светскиот ден на штедењето со порака за сигурна иднина
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, КБ Прво пензиско друштво упати потсетник дека секој паметен финансиски избор денес создава посигурна иднина утре.
Во светот на финансии, штедењето не е само навика, тоа е инвестиција во себе, во своите најблиски и во спокојна иднина.
Од Друштвото порачуваат дека и најмалите уплати имаат значење, бидејќи со упорност и дисциплина може да се изгради стабилна финансиска иднина.
Преку доброволниот пензиски фонд на КБ Прво, граѓаните имаат можност самостојно да уплаќаат средства, во износ и во време кое самите го одбираат, создавајќи дополнителна пензија и чувство на сигурност за иднината.
Со дваесетгодишно искуство во управување со пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво останува партнер на граѓаните во градењето на долгорочна финансиска стабилност.
„Штедењето е нешто што ќе остане – затоа започнете денес.“
Осигурување
Дигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
Во рамки на работилницата посветена на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор, учесниците имаа можност да се запознаат со практичната примена на платформата SignPlus – решение за електронско потпишување и работа со дигитални документи, кое овозможува побрзи и побезбедни деловни процеси.
Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО) и Стопанската комора на Македонија, со цел да се поттикне поширока примена на дигиталните алатки во работењето на осигурителните компании.
Преку демонстрација на можностите за онлајн потпишување на документи во PDF формат, издавање и проверка на временски жиг (Momentum) и безбедна препорачана достава на документи (MailTube), беа прикажани конкретни начини како технологијата може да ја подобри ефикасноста, сигурноста и усогласеноста во работењето.
Учесниците заклучија дека решенија како SignPlus претставуваат важен чекор кон целосно paperless работење, автоматизација на административните процеси и создавање на основа за поголема дигитална зрелост на осигурителниот пазар.
Со ваквите иницијативи, осигурителниот сектор во земјава продолжува да ја следи европската пракса во дигитализацијата, што во иднина ќе придонесе за побрза услуга, поголема доверба и подобра заштита на податоците на клиентите.
Осигурување
Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф во Градски парк
Во сабота, на 11 октомври, од 11:00 до 13:00 часот, Градски парк – Школка ќе биде исполнет со детска смеа, игра и позитивна енергија. Таму ќе се одржи семејниот настан „Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф“, наменет за најмладите и нивните семејства.
Преку интерактивни активности, игри и анимации, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат нови пријателства и да уживаат во магично утро на отворено. Настанот е бесплатен и отворен за сите посетители кои сакаат да поминат квалитетно време во семејна атмосфера.
Со овој настан, Винер Лајф Осигурување ја потврдува својата посветеност кон семејните вредности и зајакнување на врската со заедницата преку позитивни и едукативни иницијативи за најмладите.
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка а.д. Битола ги намалува трошоците за секојдневните банкарски услуги


