Останато
Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница
Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.
На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции.
„Капиталните инвестиции се некаде на ниво од 50-ина милијарди денари, од коишто 32 милијарди се од основниот буџет и некои 80-ина од заеми и програми коишто се веќе тековни или допрва ќе бидат земени. Буџетскиот дефицит мислам дека е околу 41-42 милијарди денари. Оваа година е добро тоа што немаме драматично зголемување на дефицитот, постепено капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит се изедначуваат. Тие се сега негде на ниво 300 со 400 милиони евра, очекувам до крајот на годината да бидат многу блиску, иако знаете наследивме трипати поголем буџетски дефицит споредено со капитални инвестиции, но за овие неколку месеци Министерството за финанси и Владата успеаја да го консолидираат и сега засега состојбата е некаде нешто над 18 милијарди денари капитални инвестиции, некаде околу 24,5 милијарди денари“, изјави премиерот Мицкоски.
Тој оцени дека се забрзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти. Наведе дека до крајот на годината треба да се завршат патниот правец Чатач – Длабочица – Крива Паланка и експресниот пат Градско – Росоман – Клисура – Фариш.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вчера изјави дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен и дека нема да биде занемарена и социјалната компоненета.
„Социјалата не може да се исклучи комплетно. Предвидена е поголема контрола, но ако сакате да ја намалите треба да преземете нешто. Затоа планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа.Исто така поголем фокус ќе се стави на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади“, изјави министерката Димитриеска Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.
Проекциите коишто ќе бидат пренесени во Буџетот за 2025 година беа презентирани со усвојување на Фискалната стратегија, односно 4 проценти буџетски дефицит и 3,7 проценти проценти раст на БДП.
„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари , што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдив и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, истакна министерката Димитриеска Кочоска.
Бизнис
Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари
На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.
Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.
Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.
Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.
Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.
Анализи
Минималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека според нивните пресметки, минималната плата во земјата од март 2026 година ќе се зголеми само за околу 1.600 денари, во рамки на законското усогласување со растот на просечната плата на годишно ниво. Тоа значи дека минималецот би достигнал околу 26.000 денари, далеку под очекувањата на синдикатите, кои бараа итно зголемување на најмалку 600 евра.
Според ССМ, дури и со ова усогласување, Македонија ќе остане со убедливо најниска минимална плата во регионот. Од таму потсетуваат дека политички претставници претходно најавија зголемување од 2.000 денари, но расчекорот меѓу најавите и реалниот ефект повторно ја отвора дебатата за куповната моќ и достоинствените примања.
Во споредба со соседството, јазот станува уште поочигледен:
- Косово – минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази: 425 евра од јануари 2026, 500 евра од јули 2026.
- Албанија – од 1 јануари 2026 минималната плата ќе изнесува 500 евра; Владата ќе субвенционира дел од трошоците за осигурување на приватниот сектор во износ од 90 милиони евра.
- Србија – минималецот изнесува 500 евра од октомври 2025, а од јануари 2026 се зголемува на 550 евра.
- Република Српска – минималната плата од јануари 2026 ќе варира од 512 до 743 евра, во зависност од степенот на квалификација.
- Босна и Херцеговина – минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра.
- Црна Гора – минималецот е 600 евра за работници со средно образование, односно 800 евра за работници со високо образование.
ССМ остро реагира дека владините политики, заедно со поддршката на дел од работодавачите и одредени синдикални организации, создаваат притисок за одржување на ниско ниво на платите.
„Жалосно е што некои синдикати, како КСС, се форсираат да бидат репрезентативни само за да не се дозволи реално зголемување на примањата“, наведуваат од ССМ.
Пазарните аналитичари посочуваат дека динамиката на растот на минималната плата ќе биде еден од клучните фактори за домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата во наредниот период, особено во услови на забрзано усогласување на платите во регионот и растечка миграција на работната сила.
Банки
Кој наш сосед е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа!?
Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја оцени Албанија како една од најбрзорастечките економии во Европа, истакнувајќи ја клучната улога на Банката на Албанија во обезбедување стабилност, доверба и одржлив раст.
„Со Централната банка на Албанија како силен партнер, посветена на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност, Албанија се рангира меѓу најбрзорастечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и зголемена одржливост“, посочи Георгиева.
Таа додаде дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува Албанија во процесот на интеграција во Европската унија и во одржување на макроекономската стабилност, како и во унапредување на финансиската инклузија и дигитализацијата на банкарскиот сектор.
Ова признание ја истакнува важноста на доброто управување со монетарната политика и стабилните институции за забрзување на економскиот раст и зајакнување на довербата на инвеститорите во регионот.
-
Продуктипред 2 месециЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Продуктипред 1 месецMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење
-
Осигурувањепред 1 месецДигитализацијата во осигурувањето: SignPlus како пример за модерно и безбедно е-потпишување
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Потрошувачките кредити повторно во фокус: пониски камати, промоции и полесно аплицирање
-
Банкипред 2 месециСЕПА во Македонија: Брзи, поевтини и дигитални плаќања во Европа од 7 октомври
-
Криптовалутипред 2 месециОбразование за крипто иднината: Binance ги стартува Learning Lab работилниците на Балканот
-
Банкипред 1 месецСрпската банка што ја купува Стопанска банка а.д. Битола најави изградба на облакодер од 35 ката за свое ново седиште!?





