Connect with us

Банки

Познато е колкав надомест ќе земаат членовите на надзорните органи на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје го закажа Собранието на акционери кое е предвидено да се одржи на 29.11.2024 година (Петок) со почеток во 12.00 часот, во просториите на банката.

Покрај именувањето на нов член на Надзорниот одбор, кој треба да го замени Блаж Бродњак кој поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година, на дневен ред за Собранието на акционери е и утврдување на годишните надоместоци на членовите на надзорните органи.

За нив ќе се гласа на претстојното Собрание на акционери, но со оглед на тоа што најголем и доминантен акционер на НЛБ Банка АД Скопје е Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана, со 86,97% учество (742.804 акции) во вкупниот број на акции и која преку своите претставници во Надзорниот одбор управува со Банката, логично е да се очекува дека овие одлуки ќе бидат усвоени.

Согласно предложената одлука, Членот на Надзорниот одбор ќе прима основен надомест за извршување на функцијата во износ од 15.000 евра нето годишно (основен надомест) или 1250 евра месечно.

Претседателот на Надзорниот одбор има право да добие дополнителна исплата за
извршување на претседателската функција во износ од 25% од основниот надомест
(дополнителен надомест) односно дополнителни 3.750 евра годишно.

Членот на друг одбор (кој е и член на Надзорниот одбор) има право да добие
дополнителен надомест за извршување на функцијата, што изнесува 10% од
основниот надомест (исплата за член на друг одбор), при што исплатата се плаќа за
членство во најмногу два одбори, без оглед дали поединечен член на Надзорниот
одбор е член на повеќе од два одбори.

Покрај исплата за член на друг одбор, претседателот на одборот (кој е и член на
Надзорниот одбор) има право да добие дополнителна исплата за извршување на
функцијата претседател во износ од 5 % од основниот надомест (исплата за
претседател на одбор), при што оваа исплата се плаќа за функција во еден одбор, без
оглед дали поединечниот член на Надзорниот одбор ја извршува оваа функција во
повеќе од еден одбор.

Член на одбор (кој не е член на Надзорниот одбор) ќе добие исплата на основен
надомест за извршување на функцијата во износ од 7.500 евра нето годишно (основен
надомест за членство во одбор).

Претседателот на одборот (кој не е член на Надзорниот одбор) има право да добие
дополнителен надомест за извршување на функцијата во износ од 15 % од основниот
надомест на одборот (дополнителен надомест за членство во одбор).

Надворешните членови на Надзорниот одбор и членовите на другите одбори ќе го добиваат горенаведениот надомест во пропорционални месечни исплати на кои имаат право сè додека ја извршуваат функцијата. Доколку тие ја извршуваат функцијата помалку од еден месец, тие имаат право на пропорционална исплата пресметана врз основа на бројот на денови кога ја извршувале секоја функција.

Оваа Одлука доколку биде донесена, ќе се применува од 01.01.2025 година.

Банки

НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.

Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.

Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.

Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.

Продолжи со читање

Банки

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност

Објавено

на

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно оценува дека девизните резерви остануваат стабилни и обезбедуваат соодветна покриеност на идните надворешни плаќања.

Во извештајот, „Фич“ наведува дека кредибилната и конзистентна монетарна политика придонесува за стабилноста на економијата. Во услови на повисоки инфлациски притисоци, Народната банка, во јуни 2026 година, ја зголеми основната каматна стапка за 25 базични поени на 4,25%. Според „Фич“, просечната инфлација во периодот јануари – август 2026 година изнесува 3,7%, при што повисоките цени на енергијата и растот на трошоците за труд и кредитната активност се меѓу факторите што влијаат врз ценовните движења.

Во однос на банкарскиот сектор, извештајот потврдува дека тој останува стабилен и добро капитализиран, со солидна ликвидност и отпорност. Во вториот квартал од 2026 година банките имаат висока адекватност на капиталот од 19,5%. Квалитетот на активата останува солиден, со нефункционални кредити од околу 2%.

Народната банка и натаму е посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност. Во услови на променливи глобални економски услови и присутни инфлациски и надворешни ризици, централната банка внимателно ги следи инфлациските движења, кредитната активност и состојбата на финансискиот систем и соодветно ја приспособува монетарната политика.

Наодите на „Фич“ се потврда за важноста на кредибилната и соодветно водена монетарна политика, како и на стабилниот и добро капитализиран банкарски сектор, за одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Банки

Септемвриските пензии преку Халкбанк се достапни на сметките на пензионерите!

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје информира дека од 29 септември 2026 година, пензиите се достапни на сметките на пензионерите кои својата пензија ја примаат преку банката.

Средствата пензионерите можат да ги користат во сите филијали на Халкбанк, преку банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк посочуваат дека пензионерите имаат повеќе можности за пристап до своите средства, зависно од начинот на користење на банкарските услуги.

„Важни се луѓето!“, порачуваат од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange