Кариера
Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр. 04-36097/1 од 21 октомври 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува оглас за вработување на пет лица на определено време во траење од 1 година.
– Едно лице на работно место помлад правник во Отсекот за правна поддршка во правно застапување, имотно правни работи и странски договори во Дирекцијата за правни работи;
– Едно лице на работно место помлад правник почетен II степен во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи;
– Едно лице на работно место помлад организатор за канцелариско и архивско работење почетен II степен во Отсекот за документаристика и архивирање во Дирекцијата за правни работи
– Две лица на работно место Организатор II степен во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување.
Кандидатите за работните места, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– за работното место „помлад правник“ во Отсекот за правна поддршка во правно застапување, имотно правни работи и странски договори во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и потребни знаења од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења (Закон за Народната банка на Република Северна Македонија, Закон за банките, Закон за девизното работење и Законот за платежни услуги и платни системи).
– за работното место „помлад правник почетен II степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и потребни знаења од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења (Закон за Народната банка на Република Северна Македонија, Закон за банките, Закон за девизното работење и Законот за платежни услуги и платни системи).
– за работното место „помлад организатор за канцелариско и архивско работење почетен II степен“ во Отсекот за документаристика и архивирање во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на општествените или хуманистичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање од областа на документаристиката, канцелариското и архивско работење и познавање од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на законската регулатива која се однесува на документаристиката, канцелариското и архивското работење и од областа на работењето на Народната банка (Закон за архивски материјал, Уредба за канцелариско и архивско работење, Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење и Закон за Народната банка на Република Северна Македонија).
– за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на електро-техничките науки, да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на електроенергетиката и автоматиката, енергетските инсталации, опрема за енергетика (вклучително опрема алтернативни извори на енергија), топологија и структури.
– за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на градежно-архитектонски науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на законските и подзаконски акти од областа на градежништвото и управните постапки поврзани со одобренијата и дозволите за градење.
Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
– пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
– кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
– препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;
– доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
– потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
– диплома или уверение за завршено образование;
– доказ за работен стаж задолжително за работните места од точката 1 од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
– кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).
Сите докази може да бидат доставени во копија.
Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, кои за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 1 изнесува 53.835,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 27.394,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 изнесува 44.306,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.638,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 4 изнесува 64.273,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 32.622,00 денари.
Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци [1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Кариера
НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник
НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.
Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.
Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.
Кариера
Иуте Македонија го проширува тимот: Отворена позиција за Раководител на дигитални кориснички операции
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на дигитални кориснички операции
Твојата мисија?
Одговорен/на за развој и управување со дигиталните кориснички операции преку интеграција на AI решенија, со цел создавање едноставно, брзо и персонализирано корисничко искуство, раст на продажбата и зголемување на долгорочната вредност на клиентите.
Што ќе движиш?
- Ќе управуваш со моделот на работа во кој вештачката интелигенција и човечките агенти работат интегрирано.
- Ќе го водиш целиот кориснички пат – од прв контакт, продажба и поднесувањето барање, до проценката на кредитоспособност, одлуката, реализацијата на финансиската услуга, дополнителната продажба, корисничката поддршка и задржувањето на клиентите.
- Ќе управуваш со AI-поддржани дигитални кориснички операции
- Ќе развиваш и унапредуваш дигиталните процеси за сите финансиски услуги во екосистемот.
- Идентификување на процеси кои можат да бидат дигитализирани и автоматизирани преку вештачка интелигенција.
- Ќе ја следиш и подобруваш успешноста на автоматизираните и човечките интеракции со клиентите.
- Зголемување на продажбата и користењето на дигиталните финансиски услуги преку персонализирани понуди и data-driven пристап
- Следење на клучните показатели за продажба, продуктивност, квалитет на услугата, задоволство на клиентите и ефикасност на автоматизацијата.
- Водење на трансформацијата од традиционален контакт-центар кон интелигентна, дигитална и автоматизирана корисничка операција.
Кого бараме?
✔ Универзитетско образование.
✔ Најмалку 3-5 години искуство во управување со операции, корисничко искуство, дигитални канали, контакт центар или сродни функции.
✔ Искуство во водење тимови и управување со перформанси.
✔ Разбирање на AI, автоматизација и дигитални платформи, како и нивна примена во подобрување на корисничкото искуство и продуктивноста.
✔ Докажано искуство во управување со KPI-и и реализација на деловни цели преку анализа на податоци.
✔ Искуство во управување со трансформациски проекти и воведување нови процеси или технологии ќе се смета за предност.
✔ Дигиталните производи, продажбата и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски јазик.
✔ Проактивен лидер со силни комуникациски и преговарачки вештини, ориентиран кон резултати и носење одлуки.
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку, технологија, дигитални екосистеми и исклучително корисничко искуство – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 25 Септември 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на дигитални кориснички опрации
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во СКОПЈЕ.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Продажба на банкарски производи и услуги;
- Промотивни активности на новите производи;
- Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
- Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
- Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
- Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
- Следење на конкуренцијата;
- Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
- Вршење на благајнички работи, по потреба;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.09.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





