Connect with us
no baners

Останато

Средба на Димитриеска-Кочоска во Трезорот на САД – Техничката поддршка на експертско ниво корисна за унапредување на процесите во управувањето со јавните финансии

Објавено

на

Техничката поддршка од Трезорот на САД е добредојдена и корисна во унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Со експерти од Трезорот на САД се работи во повеќе сектори во Министерството за финансии, Царинската управа и Управата за јавни приходи, а соработката се темели врз основа на потпишан Договор помеѓу МФ и Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД. Ова беше констатирано на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Лијен Тран заменик-помошник секретар за техничка помош во Трезорот на САД, Ребека Горин од Канцеларијата за Европа и со помошници директори коишто се инволвирани во активностите во земјава.

„Постоечкиот систем на планирање на Буџетот и на процесите е развиен со техничка помош од МФ на САД во периодот 2004 – 2008 година, а сега се работи на подобрување на тие процеси. Со експертите од Трезорот на САД се работи во повеќе области и во сектори во МФ. Се работи на подготовка на нацрт-верзии на клучните документи за планирање и извршување на Буџетот, коишто произлегуваат од новиот Закон за буџети, потоа на зајакнување на надзорот на небанкарскиот финансиски сектор, преку зајакнување на капацитетите на соодветниот сектор во МФ, како и на зајакнување на заштитата на потрошувачите и на финансиската писменост. Исто така, експертите работат и во делот на управувањето со јавниот долг и сл. Сето ова е особено важно за нас во насока на унапредување на процесите преку кои ќе се зголеми ефикасноста во прибирањето на приходите во Буџетот и управувањето со прибраните средства“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека со Договорот се опфатени и се спроведуваат активности и во Управата за јавни приходи и Царинската управа, каде што се работи на зајакнување на капацитетите, дигитализација на процесите, сајбер безбедност и борба со криминалот.

На средбата министерката изрази благодарност за поддршката што ѝ ја дава САД на земјата, при што беше изразен интерес соработката на експертско ниво и техничката поддршка да продолжи и во наредниот период со цел натамошно зајакнување на целокупниот систем на јавните финансии.

Оваа средба се оствари за време на работната посета на САД, каде што министерката за финансии учествува на Годишните средби на ММФ и Светската банка, а дополнително ќе се сретне и со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

Бизнис

Исплатата на К-15 се одвива забрзано: Работодавачите досега исплатиле над 3,7 милијарди денари

Објавено

на

На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законски утврдената обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15), податоците на Управата за јавни приходи покажуваат дека фирмите веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари во бруто-износ, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход.

Според анализата на УЈП, просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаната сума од 18.141 денари. Дел од работодавачите исплаќаат повисоки износи, што ја зголемува просечната вредност на регресот.

Досега, обврската ја исполниле 11.046 работодавачи, кои исплатиле К-15 на вкупно 137.840 работници, што претставува нешто повеќе од една четвртина од вкупниот број компании кои минатата година ја извршија исплатата , а тој број изнесувал над 40.000 работодавачи.

Регресот за годишен одмор се исплаќа во периодот од 1 јули до 31 декември, а неговата минимална сума изнесува 40% од просечната тримесечна нето-плата во државата.

Овие податоци укажуваат на стабилен динамички почеток на исплатите, со очекување интензитетот значително да се зголеми во последниот квартал, кога традиционално најголем број компании ја исполнуваат оваа законска обврска.

Продолжи со читање

Анализи

Минималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи

Објавено

на

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека според нивните пресметки, минималната плата во земјата од март 2026 година ќе се зголеми само за околу 1.600 денари, во рамки на законското усогласување со растот на просечната плата на годишно ниво. Тоа значи дека минималецот би достигнал околу 26.000 денари, далеку под очекувањата на синдикатите, кои бараа итно зголемување на најмалку 600 евра.

Според ССМ, дури и со ова усогласување, Македонија ќе остане со убедливо најниска минимална плата во регионот. Од таму потсетуваат дека политички претставници претходно најавија зголемување од 2.000 денари, но расчекорот меѓу најавите и реалниот ефект повторно ја отвора дебатата за куповната моќ и достоинствените примања.

Во споредба со соседството, јазот станува уште поочигледен:

  • Косово – минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази: 425 евра од јануари 2026, 500 евра од јули 2026.
  • Албанија – од 1 јануари 2026 минималната плата ќе изнесува 500 евра; Владата ќе субвенционира дел од трошоците за осигурување на приватниот сектор во износ од 90 милиони евра.
  • Србија – минималецот изнесува 500 евра од октомври 2025, а од јануари 2026 се зголемува на 550 евра.
  • Република Српска – минималната плата од јануари 2026 ќе варира од 512 до 743 евра, во зависност од степенот на квалификација.
  • Босна и Херцеговина – минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра.
  • Црна Гора – минималецот е 600 евра за работници со средно образование, односно 800 евра за работници со високо образование.

ССМ остро реагира дека владините политики, заедно со поддршката на дел од работодавачите и одредени синдикални организации, создаваат притисок за одржување на ниско ниво на платите.

„Жалосно е што некои синдикати, како КСС, се форсираат да бидат репрезентативни само за да не се дозволи реално зголемување на примањата“, наведуваат од ССМ.

Пазарните аналитичари посочуваат дека динамиката на растот на минималната плата ќе биде еден од клучните фактори за домашната побарувачка, продуктивноста и конкурентноста на економијата во наредниот период, особено во услови на забрзано усогласување на платите во регионот и растечка миграција на работната сила.

Продолжи со читање

Банки

Кој наш сосед е меѓу земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа!?

Објавено

на

Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ја оцени Албанија како една од најбрзорастечките економии во Европа, истакнувајќи ја клучната улога на Банката на Албанија во обезбедување стабилност, доверба и одржлив раст.

„Со Централната банка на Албанија како силен партнер, посветена на здрави монетарни политики, регулаторна рамка и институционална транспарентност, Албанија се рангира меѓу најбрзорастечките економии во Европа, што е доказ за непоколеблив напредок и зголемена одржливост“, посочи Георгиева.

Таа додаде дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува Албанија во процесот на интеграција во Европската унија и во одржување на макроекономската стабилност, како и во унапредување на финансиската инклузија и дигитализацијата на банкарскиот сектор.

Ова признание ја истакнува важноста на доброто управување со монетарната политика и стабилните институции за забрзување на економскиот раст и зајакнување на довербата на инвеститорите во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange