Останато
Цената на златото на историски највисоко ниво
Цените на златото денеска се на ново историски највисоко ниво поради глобалната неизвесност околу резултатите од изборите во САД и тензиите на Блискиот Исток, додека цените на среброто се највисоки во последните 12 години.
Според податоците на берзата, унца злато достигна дневна највисока цена од 2.736,48 долари, а унца сребро се продава за 34,09 долари.
Аналитичарите велат дека инвеститорите бараат „безбедно засолниште“ за капиталот поради геополитичките тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу блиските избори во Соединетите држави.
Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија KCM, Тим Вотер, смета дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца.
Според експертите, златото се смета за сигурна инвестиција во време на економски и политички превирања, а намалувањето на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата привлечност.
Бизнис
Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство
Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.
Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.
Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.
Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.
За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.
Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.
Бизнис
НИШТО ОД ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Минималната плата се зголемува за минимални 1.667 денари согласно законското усогласување
Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ.
Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата.
„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави министерот Дурмиши на прес-конференција.
Бизнис
Готовината сè уште е незаменлива во оваа земја и покрај тоа што важи за една од најразвиените во Европа
Три четвртини од Германците и натаму најчесто плаќаат во готово, покажува најновото истражување на институтот „YouGov“, спроведено за консултантската куќа „BearingPoint“.
Според анкетата, 73 проценти од 2.026 испитаници во Германија изјавиле дека готовината е нивниот доминантен начин на плаќање, што претставува пораст во однос на претходната година, кога тој удел изнесуваше 69 проценти. Слична е состојбата и во Австрија, каде што 71 процент од граѓаните најчесто користат кеш.
Во останатите европски земји опфатени со истражувањето, употребата на готовина значително опаѓа. Во Швајцарија, 61 процент од испитаниците сè уште преферираат кеш, во Ирска 58 проценти, во Франција 51 процент, а во Холандија 46 проценти.
Најниско користење на готовина е регистрирано во скандинавските земји. Во Шведска само 25 проценти од граѓаните најчесто плаќаат со кеш, во Данска 32 проценти, а во Финска 42 проценти. Притоа, 27 проценти од Швеѓаните и 18 проценти од Данците изјавиле дека воопшто не користат готовина.
За споредба, само два проценти од Германците и еден процент од Австријците воопшто не користат кеш, што ги прави овие две земји европски лидери во одржувањето на готовинските плаќања.
Сепак, трендот на дигитализација продолжува, така што дури 37 проценти од испитаниците во деветте земји сметаат дека целосното откажување од готовината во следните десет години е сигурно или многу веројатно.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 1 месецШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 4 неделиУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Продуктипред 4 неделиОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол

