Connect with us

Останато

Девизните резерви на крајот на септември изнесувале 4,4 милијарди евра

Објавено

на

Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,2%) и монетарното злато (11,9%).

Останато

Во Загреб денеска ќе се одржи Балкан Економик Форум

Објавено

на

Балкан Економик Форум – БЕФ денеска ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI), кој БЕФ 2024 го именува како свој водечки настан во годината.

Форумот кој, како што се наведува, „своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа“.

По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција Балкан Економик Форум се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб.

Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст.

Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија.

На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива, изјавил во пресрет на новото издание претседателот на БЕФ, Сашо Ќосев.

 Од Балкан Економик Форум соопштија дека крајна цел на Здружението за регионален развој е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои што треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од регионот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

Продолжи со читање

Останато

Светска банка: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година предвиден умерено да забрза

Објавено

на

Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.

„Домашните фактори и понатаму го поддржуваат умереното забрзување на растот во Западен Балкан. Дополнително, на среден рок, постепеното закрепнување на економската активност во Европската Унија се очекува да игра огромна улога во поттикнувањето на извозот од регионот“, вели Изолина Роси, економистка во Светска банка и главен автор на извештајот.

И покрај позитивните изгледи, како што посочува, регионот и понатаму е ранлив од повеќе ризици, вклучувајќи ги слабиот раст на светско ниво, враќањето на инфлацијата, политичката несигурност и екстремните временски појави.

Посочува дека со зајакнувањето на економскиот раст во Западен Балкан, животниот стандард и понатаму се приближува до стандардот во понапредните економии во Европската Унија. Меѓутоа, задржувањето на моментот на раст и забрзувањето на темпото на приближување бараат структурни реформи, вклучувајќи ги и оние наведени во Планот за раст на Европската Унија. 

„Економската интеграција е клучен двигател на растот за малите економии како што се оние во Западен Балкан“, вели директорката за регионот при Светска банка, Шиаочин Ју. 

За да го поттикнат овој раст, земјите треба да ја подобрат регионалната трговија и трговијата со Европската Унија, да го намалат времето на чекање на границите и да ги интегрираат платежните системи. Исто така, справувањето со демографските предизвици и со предизвиците на пазарот на труд бара силен фокус врз развојот на човечкиот капитал. Подобрување на образовните и здравствените системи е од суштинско значење, за напредок  од земја со средни приходи во земја со високи приходи.

Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, и затоа подоброто управување со глобалната работна сила во Западен Балкан би можело да биде клучен двигател на економскиот раст во регионот. Иако отселувањето може да доведе до други предизвици, како што е недостигот на работна сила, постојат и јасни можности за искористување на миграцијата за добивање на економски придобивки.

Според извештајот, со ефикасно управување, миграцијата може да помогне во ублажување на сиромаштијата, стимулирање на извозот и привлекување на инвестиции, што во крајна линија ќе доведе до отворање на работни места и пренос на знаења. На пример, дознаките може да ги подобрат финансиските ресурси на мигрантските домаќинства. Исто така, враќањето на обучените мигранти може да доведе до „прилив на мозоци“ во нивните домашни земји, додека привлечноста на повисоките плати во странство може да го мотивира образованието и подобрувањето на вештините кај оние што ќе останат.

За да се максимизираат придобивките од миграцијата, во извештајот се препорачува повеќе мерки за Западен Балкан, како развивање програми за обука за вештини и мобилност во партнерство со одредишните земји и проширување на билатералните договори за социјално осигурување.

Во извештајот се препорачува и подобрување на заштитата на мигрантите низ нивниот пат на миграција заради ублажување на ризиците со кои може да се соочат и заради поттикнување на враќањето, олеснување на преносот на капитал, стручност и најсовремени технологии од членовите на дијаспората, како и користење на дигитални алатки и подобрување на прибирањето податоци за ефективно управување и креирање политики за миграциите.

Продолжи со читање

Останато

Со еден клик до Вашето ново работно место – “JobLink by DEKRA”

Објавено

на

Развојот на нова и корисна технологија од ден на ден е се поважна за личниот и професионалниот живот. Модерното живеење бара решенија кои го олеснуваат пристапот до информации и услуги. ДЕКРА Македонија како долгогодишен креатор на ХР сцената кај нас, ги препозна овие барања и започна проект за креирање на нов интерактивен портал “JobLink by DEKRA” кој е креиран да биде вистинско решение преку кое кандидатите за работа ќе ја пронајдат работната позиција која ја посакуваат, а компаниите во своите редови ќе ги добијат најдобрите професионалци, но воедно да добијат простор каде може да ги презентираат своите компании, вработени, производи, вредности низ призмата на ХР-от како наша водилка.

„Нашата мисија е јасна, како силна заедница ги спојуваме луѓето и работата и заедно креираме синергија. Ги разбираме предизвиците со кои се соочува денешниот пазар на труд и посветени сме да обезбедиме простор каде докажаните партнери ќе можат да се здружат за да создадат успешна соработка. При имплементација на решението создадовме алгоритми, преку кои порталот ги поврзува барателите на работа со можностите кои се усогласени со нивните вештини и аспирации, а компаниите отсега можат лесно да објавуваат огласи за слободни работни позиции, да ги следат апликантите и ефикасно да управуваат со нивните процеси на вработување на едно ново, повисоко ниво“, изјави Дејан Чекаров, Извршен Директор на ДЕКРА Арбеит Македонија.

„Нашиот тим од експерти има долгогодишно искуство во секторот за вработување, а Декра Македонија има силни партнерства со водечки компании во целиот регион. Создавањето доверба е долготраен процес. Клиентите бараат квалитетна услуга, а ние сме задолжени да им обезбедиме широк опсег на можности. Затоа дадовме голема поддршка Декра Македонија да го имплементира ова решение. Огромно е задоволството кога вакви иницијативи доаѓаат од помал економски пазар, но ете токму тој мал пазар има што да понуди. Преку долгогодишното делување, можеме да оцениме дека овој портал значи многу за олеснување на процесите за компаниите но и за кандидатите“, изјави Сузана Бернхард, Извршен Директор на ДЕКРА Германија.

DekraJobLink.mk” веќе од денес е достапен за сите корисници.

Внесете ги Вашите податоци за регистрација и чекајте ја вистинската можност за Вашиот натамошен професионален развој.

Продолжи со читање

Популарно