Connect with us
no baners

Фондови

МАПАС: Заедно со пензиските друштва учествувавме на настанот “Добредојдовте Бруцоши – Прв Академски Час на УКИМ”

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ пензиско друштво АД Скопје учествуваше на настанот за стартот на новата академска година за сите бруцоши на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ)”.

На сите бруцоши им посакуваме многу успеси во студирањето!” – се вели во кратката објава на Агенцијата.

Фото галерија:

Банки

Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.

Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.

Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.

Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.

Продолжи со читање

Фондови

Ивановски станува сопственик на „Иново Статус“, Халк Банка ќе издаде акции вредни 2,46 милијарди денари

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност донесе одлуки со кои се менува сопственичката структура во едно друштво за управување со фондови и се овозможува ново капитално зајакнување на банкарскиот сектор.

На 84. седница, со која претседаваше претседателката м-р Бујаре Абази, одобрено е Иван Ивановски од Кочани да стекне целосна сопственост во Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново Статус“ АД Скопје. Тој ќе преземе 297.654 акции со право на глас, односно 100 проценти од друштвото, во трансакција проценета на 160 илјади евра. Реализацијата треба да се спроведе во рок од 90 дена од издавањето на согласноста.

Воедно, Комисијата даде зелено светло и за нова емисија на акции на Халк Банка АД Скопје. Станува збор за 246.000 обични акции со вредност од 10.000 денари по акција, што носи вкупна емисија од 2,46 милијарди денари.

Акциите ќе бидат понудени преку приватна понуда на познат инвеститор – Халк банка А.Ш. од Истанбул, која веќе е акционер во скопската банка. Со оваа постапка, банката има за цел да го зголеми капиталот и да ја одржи соодветната капитална стабилност во наредниот период.

Продолжи со читање

Фондови

КБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво преку соопштение потсетува дека грижата за личните финансии и навременото планирање на пензијата се клучни за долгорочна финансиска сигурност.

Од друштвото посочуваат дека информираноста за начинот на распределба на придонесите од бруто платата им овозможува на граѓаните полесно да носат финансиски одлуки. Според објавените податоци, 12,8 проценти од бруто платата се издвојуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, додека 6 проценти се уплатуваат на лична индивидуална сметка во задолжителен пензиски фонд.

Овие средства, како што се наведува, се инвестираат на домашните и странските финансиски пазари со цел остварување принос, што значи дека идната пензија на осигурениците ќе се обезбедува од два извори.

Од КБ Прво нагласуваат дека донесувањето информирани одлуки денес има директно влијание врз финансиската стабилност во иднина, потенцирајќи дека планирањето на пензијата не треба да се одложува.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange