Connect with us
no baners

Банки

Капитал Банка АД Скопје со нов шалтер во 2024 година!

Објавено

на

На ден 16.09.2024 година, Капитал Банка го отвори својот нов шалтер во Радишани-Скопје кој е лоциран на Ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти и во овој дел на градот.

Шалтерот свечено го отвори директорот на Секторот за работа со физички лица Димитар Ризов.

„Проширувањето на деловната мрежа е наша стратешка определба, а со отворањето на овој шалтер, продолжуваме по претходно зацртаната патека чија главна цел е отворање шалтери на Капитал Банка во сите клучни делови на Скопје и зацврстување на брендот во нашата земја. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија“, им порача на присутните Димитар Ризов, директор на Секторот за работа со физички лица на Банката.

Најголемиот приоритет на Капитал банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, Капитал банка се грижи и за достапноста на услугите што им ги нуди на своите клиенти, затоа што верува дека тоа е од големо значење за секој поединец.

Шалтерот во Радишани се наоѓа на ул. Радишанска ББ, вл.1, кат.ПР, бр.1 во склоп на техчничкиот преглед ,,СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ Центар за возила ДООЕЛ Скопје’’), веднаш до ОКТА бензиската.

Капитал банка ве очекува да го посетите новиот шалтер од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите за физички лица кои Банката ги нуди.

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода

Објавено

на

ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Вода во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.  

Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи имперсонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф. 

Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови,модерни филијали и 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.”– истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди ипромотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. 

Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.

Продолжи со читање

Банки

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Објавено

на

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.

На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.

Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.

Продолжи со читање

Популарно

no baners