Connect with us

Берза

ГОРДАНА ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Зголемен фокус на секундарното тргување и финансиската едукација се предуслови за раст на пазарот на капитал

Објавено

на

Министерката за финансии на Република Северна Македонија имаше свое воведно обраќање на отворањето на 23-та Годишна конференција на Македонска берза во кое се осврна на соработката помеѓу Министерството и Македонска берза.

“Македонска берза и Министерството за финансии ќе работат на развој на секундарното тргување со хартии од вредност, овозможувајќи инвеститорите полесно да ги продадат своите инструменти. Ова ќе го зголеми интересот за хартиите и обемот на тргување” изјави Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа дополни дека се подготвува 23-та емисија на обврзници за денационализација, во вредност од 1,5 милиони евра и дека финансиската едукација и модернизацијата на пазарот на капитал преку нови закони е клучна за подобри инвестициски одлуки, а пазарот на капитал бележи раст со значително зголемување на тргувањето и индексот МБИ-10.

Берза

Поголем промет на Берзата, банкарските акции во црвено

Објавено

на

Македонската берза ја заврши минатата недела со повисока трговска активност, но со негативни ценовни движења кај дел од најликвидните акции, особено во банкарскиот сектор.

Во периодот од 21 до 25 септември 2026 година, вкупниот промет на сите пазари достигна 98,1 милиони денари, односно околу 1,59 милиони евра. Во споредба со претходната недела, станува збор за раст од 25,1 отсто.

Зголемениот промет, сепак, не беше проследен со раст на цените кај најтргуваните банкарски акции. Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка ја завршија неделата со пад на вредноста.

Комерцијална банка со убедливо најголем промет

Најголем дел од неделниот промет беше реализиран со акциите на Комерцијална банка Скопје – 51,8 милиони денари.

Следуваат Алкалоид Скопје со промет од 17,4 милиони денари и Универзална Инвестициона Банка Скопје со 4,4 милиони денари.

Меѓу поактивните беа и акциите на НЛБ Банка, со промет од 2,1 милиони денари, како и Макпетрол Скопје со 1,6 милиони денари.

Во текот на неделата беа склучени вкупно 441 трансакција, што е за 60 помалку од претходната недела. Преку нив беа истргувани 10.396 акции и обврзница, односно 1.705 хартии од вредност помалку во однос на претходниот период.

Адинг со најголем раст

Само три акции забележаа неделен раст.

Најголем добитник беше Адинг Скопје, чија акција поскапе за 3,96 отсто. Акциите на Аутомакедонија Скопје пораснаа за 3 отсто, додека Макпетрол Скопје забележа минимален раст од 0,01 отсто.

На спротивната страна, најголем пад имаше кај акцијата на Стопанска банка Скопје, која загуби 8,33 отсто од вредноста.

НЛБ Банка ја заврши неделата со пад од 7,88 отсто, а акцијата на Комерцијална банка се намали за 7,87 отсто.

Вкупно три акции ја завршија неделата во плус, додека пет акции забележаа пад.

Над 2.000 акции истргувани кај Комерцијална банка и Македонски Телеком

Според бројот на истргувани акции, најактивна повторно беше Комерцијална банка со 2.184 акции.

Кај Македонски Телеком беа истргувани 2.042 акции, додека кај РЖ Услуги беа реализирани трансакции со 2.000 акции.

Дополнителна активност кај Комерцијална банка беше регистрирана преку две блок-трансакции. Во нив беа истргувани вкупно 1.483 акции, во вредност од 36,7 милиони денари, односно околу 597,6 илјади евра.

Податоците за изминатата недела покажуваат дека растот на вкупниот промет не значеше и позитивно движење на цените. Најизразено тоа беше кај банкарските акции, каде трите најтргувани банки ја завршија неделата со пад.

Продолжи со читање

Берза

На Македонска берза купени 1.483 акции на Комерцијална банка за речиси 600 илјади евра

Објавено

на

На Македонската берза се реализирани две блок-трансакции со вкупно 1.483 акции на Комерцијална банка, во вкупна вредност од 36,75 милиони денари, односно околу 597,6 илјади евра.

Во едната трансакција биле истргувани 83 акции по цена од 24.500 денари за акција. Вкупната вредност на овој блок изнесувала 2.033.500 денари, или нешто повеќе од 33 илјади евра.

Втората, значително поголема трансакција, опфатила 1.400 акции по цена од 24.800 денари за акција. За овој пакет биле издвоени 34.720.000 денари, што е еквивалент на повеќе од 564 илјади евра.

Претходно во текот на септември била регистрирана уште една блок-трансакција со 110 акции на Комерцијална банка, вредна 2.799.500 денари. Во тој случај цената по акција изнесувала 25.450 денари.

Продолжи со читање

Берза

Јанкуловски: Подготвуваме модерна рамка за развој на македонскиот пазар на капитал

Објавено

на

Министерството за финансии работи на воспоставување модерна и сеопфатна регулаторна рамка, која треба да овозможи понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал, поголема стабилност и повисоко ниво на заштита на инвеститорите, истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Во своето обраќање, Јанкуловски посочи дека новата регулатива ги опфаќа и обврските на издавачите на хартии од вредност и треба да почне да се применува во следниот период.

„Со новата регулатива воспоставуваме модерна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар на капитал, усогласена со европските регулативи“, нагласи Јанкуловски.

Според него, во Министерството за финансии во тек се дополнителни измени на два закона, кои се очекува да бидат усвоени пред почетокот на нивната имплементација. Целта е навремено да бидат надминати евентуалните предизвици посочени од Македонската берза и од останатите учесници на пазарот.

Новата правна рамка треба да создаде услови за развој на нови производи и услуги, поголема стабилност на финансискиот пазар, зајакнат надзор и повисоко ниво на заштита на инвеститорите.

Расте интересот за граѓанските обврзници

Паралелно со промените во законската рамка, Министерството за финансии направило и практичен исчекор со воведувањето на граѓанските обврзници.

Според податоците што ги презентираше Јанкуловски, досега биле реализирани три емисии на овој тип обврзници. Во третата емисија, реализирана во декември минатата година, 1.543 граѓани запишале обврзници во вредност од над две милијарди денари, односно околу 33 милиони евра.

Обврзниците се со рок на доспевање од две години и со каматна стапка од 4,5 проценти годишно.

„Високиот интерес е потврда дека граѓанската обврзница е препознаена како сигурен и атрактивен инструмент за вложување на заштедите на граѓаните“, рече Јанкуловски.

Министерството за финансии, како што најави, ќе продолжи да работи на унапредување на регулаторната и супервизорската рамка, но и на воведување нови финансиски инструменти на домашниот пазар.

За целосен успех, според заменик-министерот, потребен е активен придонес од сите учесници на пазарот, институциите, регулаторите, Македонската берза, финансискиот сектор и инвеститорите.

Јанкуловски оцени дека размената на идеи и искуства на ваквите конференции може да понуди конкретни решенија и насоки за понатамошен развој на македонскиот пазар на капитал.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange