Бизнис
Соларна енергија за бизнисите
Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои нудат целосни услуги за овие два система, како и презентација на кредитната линија на Европската Инвестициска Банка (EIB7) за финансирање на вакви проекти.

Настанот, чиј домаќин е Стопанската комора на Северна Македонија, во имплементација на одговорниот консултантски тим (adelphi, IPC и iC consulenten) и поддржан од кредитната линија EIB7, имаше за цел да ги поттикне локалните бизниси да се пренасочат кон обновливи извори на енергија и да го намалат нивниот јаглероден отпечаток. Учесниците се запознаа со најсовремените фотоволтаични и батериски технологии на македонскиот пазар, и разменија искуства со експертите за соларна енергија од локалните производители.
Фероинвест, како водечки производител во Македонија, презентираше соларни решенија дизајнирани за специфичните енергетски потреби и оперативни барања на компаниите, додека компанијата Батери Еволушн се фокусираше на системи за складирање енергија, кои стануваат сè поважни за локалните бизниси.

Воедно, учесниците имаа можност да добијат одговори на важни прашања: „Како да се избегнат типични грешки и ризици при инсталирање соларни системи и фотоволтаици“, „Кој е вистинскиот систем за складирање енергија за веќе постоечки соларен систем?“, и „Како да се аплицира за финансирање од Европската Инвестициска Банка (EIB7)?“.
Кредитната линија EIB7, имплементирана во соработка со Развојна Банка на СМ и локалните комерцијални банки, е наменета за подобрувања на енергетската ефикасност и проекти за обновлива енергија за микро, мали и средно-капитализирани компании и нуди атрактивни услови за финансирање како што се повластени каматни стапки, опција за грејс период и долги рокови за исплата.

Заинтересираните инвеститори можат да аплицираат за EIB7 во една од петте партнерски банки: Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка, Стопанска банка и Шпаркасе банка. Кредитната линија EIB7 изнесува 100 милиони евра, има за цел да влијае на намалување на јаглеродниот отпечаток и да овозможат раст на малите бизниси кои ќе бидат отпорни на климатските промени.
Претседателот на Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ, Тодор Анѓушев на отворањето на настанот истакна задоволство што бројот на членки во Групацијата секојдневно се зголемува. Тој ги поздрави инвестициите во сите видови на обновливи извори на енергија кои се градат со јасен план, како еден начин за зголемување на домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност на земјата.

“Растот на изградба на фотоволтаици, носи зголемено производство на електрична енергија, но и предизвик за дебаланс на енергетскиот систем и големи разлики на цени во различно периоди од денот. Токму затоа, сега е време да зборуваме за изградба и инсталирање на батериски системи за складирање на енергија, кои ќе донесат сигурност на инвеститорите, како и постабилни и пониски цени на електрична енергија во текот на денот за индустријата, но и за домаќинствата во иднина. Се надеваме дека институциите брзо ќе постапуваат и за кратко време ќе се регулираат сите аспекти за воведување на батериско складирање на електрична енергија и со поголем капацитет во интерес на целото општество и електро-енергетскиот систем”, нагласи Тодор Анѓушев.

Александро Василевски од Батери Еволушн изјави: „Нашата долгорочна определба е да ја зголемиме одговорноста кон животната средина, преку обезбедување на иновативни решенија за батерии и системи за складирање на енергија. Северна Македонија е сончева земја со просечно 300 сончеви денови годишно и сакаме да им помогнеме на бизнисите да постигнат целосна енергетска независност, истовремено намалувајќи го нивниот јаглероден отпечаток“.
Бизнис
Kave Home официјално влегува на македонскиот пазар преку Flex Group
Flex Group го проширува своето портфолио со уште еден меѓународен бренд. Компанијата го најави официјалното пристигнување на шпанскиот бренд за мебел и ентериер Kave Home на македонскиот пазар.
Kave Home е светски познат бренд со потекло од Шпанија, присутен во повеќе од 80 земји. Препознатлив е по современиот медитерански стил, функционалниот дизајн и употребата на природни материјали, со производи наменети за модерни домови, деловни простори, дворови и градини.
Со влезот на Kave Home во Македонија, потрошувачите ќе добијат пристап до широк избор мебел, осветлување, декоративни елементи и решенија за уредување на внатрешни и надворешни простори.
Од Flex Group истакнуваат дека производите на брендот се создадени со фокус на квалитет, долготрајност и одржливост, а секое парче мебел е дизајнирано да спои практичност, удобност и современа естетика.
Според компанијата, Kave Home не претставува само понуда на мебел, туку концепт за уредување автентични и пријатни простори, во кои дизајнот и функционалноста се надополнуваат.
Со ова партнерство, Flex Group продолжува со стратегијата за внесување меѓународно признати брендови на домашниот пазар и проширување на изборот за македонските потрошувачи.
Повеќе информации за брендот и неговата понуда ќе бидат достапни преку официјалните канали на Kave Home на социјалните мрежи.
Бизнис
Visa претстави нови AI и stablecoin решенија за иднината на дигиталната трговија
Visa претстави нови решенија базирани на вештачка интелигенција, токени и стабилни дигитални валути, со кои компанијата најавува нова фаза во развојот на дигиталната трговија и платните услуги.
Новитетите беа претставени во пресрет на Visa Payments Forum во Париз, а се насочени кон клиентите во регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Според компанијата, две големи технолошки промени, вештачката интелигенција и stablecoin решенијата, веќе го менуваат начинот на кој се одвиваат трговијата и трансферот на средства.
„Трговијата влегува во нова фаза во која станува сè поинтелигентна, програмбилна и целосно интегрирана во секојдневниот живот“, изјави Тарек Махмуд, регионален претседател на Visa за регионот CEMEA.
Компанијата посочува дека вештачката интелигенција сè повеќе ќе има улога во иницирањето, одобрувањето и заштитата на трансакциите. Преку платформата Visa Intelligent Commerce, Visa развива системи што ќе им овозможат на AI агентите безбедно да пребаруваат производи, да иницираат и да завршуваат трансакции во име на корисниците и компаниите.
Во рамки на овие решенија е претставен и Agent Score, развиен во соработка со New Generation, кој треба да им помогне на трговците да проценат дали нивните веб-страници се подготвени за продажба преку AI агенти. Visa го претстави и Agentic Directory, база во која ќе бидат вклучени проверени AI агенти и трговци, со цел да се обезбеди поголема доверба во автоматизираната трговија.
Значаен дел од новата стратегија на Visa е и токенизацијата. Во регионот CEMEA уделот на токенизираните трансакции пораснал од 26 проценти во 2023 година на 70 проценти во 2026 година. Од компанијата оценуваат дека токените стануваат основа за побезбедни дигитални и мобилни плаќања, особено во услови кога трансакциите сè повеќе се автоматизираат.
Visa најавува и дополнително унапредување на сигурноста преку нов сигнал за доверливост на токените, кој ќе се формира врз основа на начинот на нивно издавање и историјата на користење. На тој начин клиентите ќе добиваат повеќе информации за нивото на сигурност на секоја трансакција.
Компанијата работи и на модернизација на трансферот на средства преку stablecoin и blockchain инфраструктура. Со решението Tokenized Deposits, Visa развива технолошки слој што ќе им овозможи на банките традиционалните депозити да ги претвораат во програмбилни дигитални средства, достапни во секое време.
Од воведувањето на порамнување преку stablecoin во регионот CEMEA пред една година, обемот на ваквите трансакции се зголемил речиси 60 пати. Преку мрежата VisaNet веќе е реализиран промет со stablecoin во вредност од повеќе милијарди долари, а компанијата најавува проширување на моделот на повеќе региони, blockchain мрежи и валути.
Visa продолжува и со развој на картички поврзани со stablecoin средства, со цел корисниците да можат да ги користат своите дигитални средства на продажни места што прифаќаат Visa картички. Повеќе од 160 вакви програми во светот веќе се активни или се во фаза на развој.
Како дел од новите решенија, компанијата го претставува и Visa Trip Intelligence, алатка базирана на вештачка интелигенција, наменета за банките. Таа ги комбинира податоците од VisaNet со информации од независни извори за да препознае кога корисникот планира патување и да им овозможи на банките навремено да понудат релевантни услуги, поддршка и поволности.
Од Visa велат дека целта е да се создаде посигурна, побрза и поинтелигентна платна инфраструктура, која ќе им помогне на банките, трговците и корисниците полесно да се приспособат на новата ера на дигиталната економија.
Бизнис
Компаниите што отпуштаа работници поради вештачка интелигенција веќе се каат
Сè повеќе компании кои отпуштаа работници со образложение дека вештачката интелигенција може да ги замени нивните задачи, сега почнуваат повторно да вработуваат луѓе, откако се покажало дека автоматизираните системи не можат целосно да ги покријат потребите на бизнисот, пишува CNBC.
Еден од најновите примери е Ford, кој, според извештаите, повторно ангажира стотици искусни инженери за да работат на проблеми со квалитетот што автоматизираните системи не успеале да ги решат. Од компанијата посочуваат дека вештачката интелигенција е корисна алатка, но дека нејзината ефикасност зависи од податоците со кои се обучува.
Слични примери има и кај Commonwealth Bank of Australia и IBM. Австралиската банка минатата година отпуштила повеќе од 40 вработени во корисничка поддршка и ги заменила со AI гласовен бот. Но, системот не успеал да се справи со обемот на работа, па бројот на повици се зголемил, по што банката ги повлекла отпуштањата.
IBM, пак, користел вештачка интелигенција за дел од HR функциите, при што системот можел да обработи околу 94 проценти од рутинските барања, но не и посложените случаи, вклучително и етички дилеми. Компанијата потоа најавила дека во 2026 година ќе го зголеми бројот на почетни вработувања во САД.
Аналитичарите предупредуваат дека отпуштањето работници само поради воведување AI не е секогаш најдобар пат до раст. Според податоци на Orgvue, 39 проценти од бизнис-лидерите отпуштиле работници поради воведување вештачка интелигенција, но повеќе од половина од нив подоцна признале дека одлуките биле погрешни.
Истражување на Robert Half, доставено до CNBC, покажува дека 32 проценти од менаџерите за вработување во САД укинале работно место главно поради AI, а потоа повторно вработиле лице за иста или слична позиција.
Пораката од овие примери е дека вештачката интелигенција го менува пазарот на труд, но сè повеќе компании сфаќаат дека најголема вредност не носи целосната замена на луѓето, туку соработката меѓу човечкото знаење и новите технологии.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Советипред 2 месеци
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата
-
Продуктипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Останатопред 2 месеци
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
