Connect with us
no baners

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска – Басани: Светска банка го поздрави поднесувањето на барањето  за пристапување во СЕПА

Објавено

на

Народната банка во рамки на своите надлежности континуирано и посветено работи на процесот на европска интеграција. Имплементирањето на европската регулатива во платежната сфера и поднесувањето на барањето за пристапување во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) е значен чекор и дел од процесот на патот на земјата во Европската Унија.

Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, што се одржа на маргините на Годишниот состанок на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, на која ѝ припаѓа нашата земја, а кој се одржа во Кишињев, Молдавија.

Потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Басани ги поздрави реформските активности на Народната банка и истакна дека Светската банка ќе продолжи со поддршка на истите.

На средбата гувернерката Ангеловска – Бежоска ја потенцира важноста на  техничката поддршка од Светската банка за подготовка на нашата земја за исполнување на условите за пристапување во СЕПА со цел интеграција во европската платежна инфраструктура и зголемување на сигурноста и ефикасноста на прекуграничните плаќања во евра, а со тоа и поголема трговска и финансиска соработка со земјите од СЕПА.

На средбите помеѓу гувернерката Ангеловска – Бежоска и Басани беа разгледани повеќе проекти коишто Народната банка ги реализира со поддршка од Светската банка со цел дополнително јакнење на капацитетите на земјата и централната банка во повеќе области, како што се техничката помош за натамошно унапредување на анализите на финансиската стабилност, пред сè во доменот на  климатските ризици. Светската банка ни дава поддршка и во подготовката на подзаконската регулатива за Законот за решавање банки, а обезбедува и поддршка за  централната банка во развивањето на методологијата за стрес-тестирање од климатските ризици.

Банки

НЛБ Банка со поддршка за младите кошаркарски таленти на минибаскет хепенингот во Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година ја продолжува својата традиционална поддршка на детскиот спорт, учествувајќи во минибаскет хепенингот за генерацијата 2014 што се одржа викендов во Скопје, во организација на Македонската кошаркарска федерација.

На специјално прилагодените терени во СРЦ „Кале“ настапија повеќе од 20 екипи од целата држава, создавајќи позитивна енергија, спортски дух и забава за најмладите учесници и нивните родители.

Од НЛБ Банка истакнуваат дека поддршката на спортот и младите генерации е важен дел од нивната корпоративна стратегија и општествена одговорност.

„Како пријатели на кошарката, веруваме дека спортот игра клучна улога во растот и развојот на децата, ги учи на тимска работа, дисциплина и здрави навики. Овие млади таленти се идните спортски шампиони, а ние со гордост стоиме зад нивниот пат. Се радуваме што оваа година сме со нив, рамо до рамо, во рамките на Мини баскет Караванот“, велат од НЛБ Банка АД Скопје.

Со континуираната поддршка на ваквите иницијативи, НЛБ Банка ја зајакнува својата улога како активен партнер во развојот на спортот, младинските програми и заедницата во целина.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!

Објавено

на

Комерцијална банка слави 30 години од првата издадена Mastercard картичка од банката со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро!

Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае до 15 јануари 2026 година.

„Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard од Комерцијална банка, извршена со картичка, телефон или смарт часовник и стани потенцијален добитник на вредни награди.

Покрај главната, Комерцијална банка доделува и:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB,
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце,
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7,
  • 100 подарок-картички во вредност од 3.000 ден. – 50 за Skopje City Mall и 50 за East Gate Mall.

Колку повеќе плаќања – толку повеќе шанси за награда. Со секоја трансакција со Mastercard од Комерцијална банка добиваш шанса за добивка (еден код). А, за корисниците на Zipp пакетот за млади, шансата за добивка е двојна! Со секоја извршена трансакција со Zipp Mastercard картичката добиваат две шанси, а тоа се два кода.

Добитниците ќе бидат извлечени на 22.01.2026 година.

Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк 

Среќно!

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност

Објавено

на

„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред насловена како „Инвеститорски појадок на Ерсте“, којашто традиционално ја организираат австриската групација „Ерсте“ и македонската „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека инфлацијата во домашната економија постепено се намалува и е далеку од максимумот достигнат во екот на светската инфлациска епизода. „Иако инфлацијата главно се движи по надолна патека, процесот сè уште не е целосно завршен. Нашите проекции упатуваат на нејзино постепено враќање кон историското ниво во следните две години, под услов да не се појават нови шокови на светските пазари и да има ограничени притисоци на страната на домашната побарувачка“, рече Митреска.

Таа подвлече дека девизниот пазар е стабилен, а нивото на девизните резерви е високо и е доволно за целосно да ја гарантира стабилноста на денарот. Ваквата стабилност, заедно со смирените инфлациски очекувања и растот на денарските заштеди, ги потврдува довербата и кредибилитетот на Народната банка како важни фактори за ефикасноста на монетарната политика.

Говорејќи за монетарната политика, вицегувернерката посочи дека во 2024 година Народната банка започна со постепена нормализација на каматната стапка, во услови на опаѓање на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и поволна надворешна позиција. Сепак, со повторното појавување на неизвесност во светот на почетокот на 2025 година и на одредена инерција кај инфлацијата, политиката беше приспособена со определба за повнимателен пристап со цел да се осигури понатамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување кон историскиот просек во догледен временски период.

Во однос на финансискиот систем, Митреска истакна дека Народната банка во изминатиот период го засили макропрудентниот инструментариум за дополнително да ја зајакне отпорноста на банкарскиот сектор и за да ја поддржи ефективната поставеност на монетарната политика.

На крајот од своето обраќање, вицегувернерката нагласи дека во услови на зголемени геополитички ризици и можни почести непредвидливи шокови на страната на понудата, Народната банка и во иднина ќе има внимателен и приспособлив пристап заснован на релевантни информации и податоци, заради одржување на ценовната и финансиската стабилност како предуслов за одржлив економски раст.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange