Connect with us

Продукти

100 денари попуст на Студентски пакет во Cineplexx со Mastercard картичките од Комерцијална банка

Објавено

на

Во твојата набиена студентска агенда резервирај го понеделник за филм во Cineplexx. Имаме супер понуда – Плати со Mastercard картичка од Комерцијална банка и добиј попуст од 100 денари на редовната цена од 300 денари.

Со нашата промотивна акција „За чиста десетка“, добро познатиот Студентски пакет во Cineplexx во секој понеделник до крајот на годината и за секој студент е по цена од 200 денари.

За да добиеш чиста десетка:

  • Покажи ја твојата студентска легитимација или индекс при купување билет во Cineplexx
  • Плати го Студентскиот пакет со твојата Mastercard картичка од Комерцијална банка и добиј 100 денари попуст

Провери го репертоарот, одбери филм и се гледаме во Cineplexx.

Дознај повеќе за промоцијата на следниот линк.

Доколку немаш Mastercard дебитна картичка, одбери Пакет за млади од Комерцијална банка со банкарски услуги по супер услови.

Компании

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Објавено

на

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.

Продолжи со читање

Продукти

УНИБанка потпиша рамковен договор со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции

Објавено

на

УНИБанка склучи рамковен договор со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции со средства обезбедени од Француската агенција за развој (АФД).

 Во фокусот на кредитната линија ќе биде и поддршката на женското претприемништво, како и проектите поврзани со процесот на дигитализација, овозможувајќи ни да ја интензивираме нашата улога во поттикнувањето на понудата за финансирање на климатските промени, како и во стимулирање на иновативниот и инклузивниот раст во приватниот сектор. Се поддржуваат инвестиции од компании кои се минимум 51% во сопственост на жени или се раководени од жени.   

 Со оваа кредитна линија која има силна социјална компонента, цел е да се поттикне родова еднаквост, инклузивност како и поттикнување и развој на зелените проекти во земјата. Да се овозможи личен и професионален развој на жените претприемачи, да се поттикнат иновации и инвестиции во проекти кои позитивно влијаат врз животната средина, и кои имаат силен придонес за постигнување здрава животна средина.

“Со поддршката на жени претприемачи придонесуваме кон порамноправна и просперитетна иднина. Во нашата земја има многу жени кои се вистински лидери, кои со своите бизнис идеи можат да придонесат кон развој на економијата и општа благосостојба. Жените раководат со интегритет, непристрасност и принципиелност, но не секогаш им се даваат еднакви можности. Додека пак зелените проекти се поврзани со нашиот одржлив раст и развој, со здравата животна средина, и токму затоа е важно да ги поддржиме”, истакна Катица Кузмановска, Одговорен директор за бизнис развој во УНИБанка.

 УНИБанка ќе биде дел од банките во земјава преку кои ќе бидат достапни кредити во вкупен износ од 50 милиони евра, средства од кои 25% се наменети за финансирање на бизниси раководени од жени и инвестиции во дигитализација, а 75% за зелени проекти кои придонесуваат кон подобрување на климатските услови. Кредитите се отплатен рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и се со поволна фиксна каматна стапка, што ги прави интересни и прифатливи.

 УНИБанка е значаен дел од оваа заедница, и како општествено одговорен субјект и во иднина ќе поддржува различни еко проекти и инклузивни иницијативи, иницирани од институции или поединци, придонесувајќи на тој начин кон поттикнување на позитивни тенденции и корисни општествени пракси.

Продолжи со читање

Банки

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4%

Објавено

на

Во октомври, светскиот месец на штедење, Халкбанк го активираше познатиот производ ПРОМО депозит, кој сега е со фиксна каматна стапка за орочување од дури 4% за штедење во денари, односно 3,1% за штедење во евра. Понудата за штедење, која во моментов е најтрактивна во земјата, важи во промотивниот период до 31.10.2024 година.

Со ПРОМО депозитот на Халкбанк, клиентите имаат можност да го зголемат својот капитал преку сигурен и стабилен финансиски партнер, користејќи ја поволната каматна стапка и одличните банкарски услови.

Рокот на орочување на заштедите е 13 месеци, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Исплатата на каматата може да биде на крајот на периодот на орочување или месечно.

Кај овој производ не е предвидена можност за делумно повлкување на средства, ниту за
дополнителни уплати. Штедниот влог автоматски ќе се реорочи по истекот на период на
орочување при што ќе се земат предвид каматните стапки од генералното штедење кои
ќе бидат важечки според Одлуката за пасивни каматни стапки. Во случај на предвремено
раскинување на договорот за депозит, ќе се пресмета камата по видување, која во
моментот изнесува 0%.

Бидејќи штедењето пари се смета за здрава животна навика која обезбедува финансиска сигурност и е гаранција за побезгрижна иднина, најновата понуда на Халкбанк претставува идеална можност вашите заштеди да ги доверите на сигурен партнер и со понудената атрактивна камата да ја зголемите нивната вредност.

Продолжи со читање

Популарно