Connect with us
no baners

Анализи

Четам хаус предлага нов економски сојуз меѓу Европа и Азија без САД и Кина

Објавено

на

На светот му е потребен нов економски блок составен од Европската Унија и нејзини истомисленици во Азија за да се зачува глобалната трговија заснована на правила и да се ублажат последиците од политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во нов извештај на британскиот истражувачки центар Четам хаус.

Автор на анализата е Крион Батлер, поранешен директор за меѓународни економски прашања во Секретаријатот за национална безбедност на Владата на Обединетото Кралство и учесник на самитите на Г7 и Г20.

Во извештајот се предлага формирање на таканаречен „трет економски пол“, кој во почетната фаза би го сочинувале земјите од Европската Унија и членките на Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство (CPTPP). Според авторот, овие држави се посветени на почитување на меѓународните трговски правила и би можеле да создадат силен економски простор независен од најголемите светски сили.

Предложениот сојуз би ги исклучил САД и Кина. Во извештајот се наведува дека Вашингтон направил драматичен пресврт во однос на воспоставените трговски правила, додека Пекинг никогаш целосно не се придржувал до принципите на Светската трговска организација.

Анализата посочува дека земјите од ЕУ и CPTPP заедно создаваат околу 32 проценти од светскиот бруто-домашен производ, а како потенцијални партнери се споменуваат и Јужна Кореја, Бразил, Турција и Јужна Африка.

Според Четам хаус, постои голема веројатност економските политики на администрацијата на Трамп во иднина значително да влијаат врз економскиот раст и стабилноста на САД, но и на пошироката светска економија.

Во извештајот се оценува дека Велика Британија би можела да има важна улога во развојот на ваквата иницијатива, но се нагласува дека потребата од „трет економски пол“ постои независно од тоа која администрација се наоѓа во Белата куќа.

Анализи

Народната банка бара дебата за банкарските надоместоци и можни законски измени

Објавено

на

Народната банка смета дека прашањето за висината на надоместоците за платежните услуги што ги наплаќаат банките заслужува поширока јавна и институционална дебата, имајќи предвид дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите.

Од централната банка посочуваат дека во моментов немаат законска надлежност директно да ги регулираат надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, според нив, актуелните случувања укажуваат на потреба од разгледување на можностите за дополнување на законската рамка.

Како што наведуваат, вакви решенија веќе постојат во повеќе европски земји, каде што се воспоставени механизми за заштита на корисниците и за обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги.

„Целта е граѓаните и компаниите да имаат пристап до ефикасни платежни услуги по разумни надоместоци, во согласност со современите европски практики“, порачуваат од Народната банка.

Темата за банкарските провизии и надоместоци во последниот период е во фокусот на јавноста, по реакциите за висината на трошоците што ги плаќаат корисниците при користење на одредени банкарски услуги.

Продолжи со читање

Анализи

Европските земји не се откажуваат од оданочувањето на пензиите

Објавено

на

Иако Хрватска најави дека од 1 јануари 2027 година ќе го укине данокот на доход од пензии, повеќето европски држави и натаму ги оданочуваат пензиските примања, но со различни олеснувања и поволности за пензионерите.

Во Европа пензиите генерално се третираат како вид приход, а не како социјална помош. Затоа тие остануваат дел од даночниот систем, при што за лицата со пониски примања се предвидени посебни даночни олеснувања, одбитоци и неопорезливи прагови.

Во Хрватска во моментов данок се плаќа на делот од пензијата што надминува 600 евра, а пензионерите имаат и дополнително намалување на даночната стапка од 50 проценти. Од 2027 година, пензиите до 5.000 евра месечно ќе бидат целосно ослободени од данок.

Германија применува преоден модел на оданочување што зависи од годината на пензионирање. За 2026 година основниот неопорезлив износ изнесува 12.348 евра годишно, а над тој праг се применува прогресивно оданочување.

Во Австрија пензиите се оданочуваат како доход, а данокот се пресметува при исплатата. Неопорезливиот праг изнесува 13.541 евро годишно, по што следуваат прогресивни стапки од 20 до 55 проценти. Во оваа земја се оданочуваат и дополнителните пензиски исплати, вклучувајќи ги 13-тата и 14-тата пензија.

Ирска, исто така, не ги ослободува сите пензии од данок. Лицата постари од 65 години не плаќаат данок доколку нивниот годишен приход не надминува 18.000 евра, додека над овој износ пензиите влегуваат во даночниот систем.

Во Словенија постојат повеќе олеснувања за пензионерите. Редовните приматели на пензија имаат општа даночна олесница од 5.551,93 евра годишно, како и дополнителна пензиска олесница од 13,5 проценти од износот на пензијата. Од март 2026 година, аконтацијата на данок почнува да се одбива само за пензии повисоки од 1.729 евра месечно.

Италија ги третира пензиите како оданочив приход преку системот IRPEF. За 2026 година се применуваат три основни стапки – 23 проценти за приходи до 28.000 евра, 33 проценти за делот меѓу 28.000 и 50.000 евра и 43 проценти за приходи над 50.000 евра.

Слична практика има и во Шведска, каде пензиите се оданочуваат преку локалниот данок на доход. Во 2026 година просечната стапка изнесува околу 32,38 проценти, со разлики меѓу општините. За нерезидентите што примаат шведска пензија се применува посебен данок, кој годинава е намален на 22,5 проценти.

Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека пензионерите во развиените земји вообичаено плаќаат помалку даноци и придонеси од работниците со ист приход, но пензиите речиси никаде не се целосно изземени од даночниот систем. Според ОЕЦД, просечната вкупна стапка на даноци и придонеси за пензиски приходи изнесува околу 15 проценти, што е за приближно 12 процентни поени помалку во споредба со вработените со исто ниво на приходи.

Продолжи со читање

Анализи

Златото под продолжен притисок, техничките показатели сигнализираат натамошен пад

Објавено

на

Цената на златото продолжува да се движи под притисок на продавачите, откако и во последните тргувања не успеа да го пробие клучното ниво на отпор од 4.500 долари, покажува најновата анализа на Economies.com.

Според анализата, златото бележи осцилации во текот на денот, но слабата куповна активност и недостигот од доволен импулс за пробив на отпорот укажуваат дека краткорочното закрепнување сè уште не е потврдено.

Техничките индикатори дополнително ја поддржуваат негативната слика. Цената и натаму се движи под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што го потврдува доминантниот надолен тренд на пазарот.

Во меѓувреме, индикаторот за релативна сила (RSI) испраќа негативни сигнали, што според аналитичарите ги зголемува очекувањата за понатамошно слабеење на цената на благородниот метал во наредниот период.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange