Connect with us
no baners

Банки

Финансиската писменост станува сè поважна во време на дигитални финансиски услуги според главната економистка на НБРСМ

Објавено

на

Финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но брзиот развој и дигитализацијата на финансиските услуги ја зголемуваат потребата граѓаните постојано да ги надградуваат своите знаења, истакна главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, во интервју за „Слободен печат“.

Според Крстевска, финансиската писменост подразбира способност за ефикасно управување со личните финансии, што вклучува планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти поврзани со штедењето и инвестирањето.

Таа посочи дека Народната банка презема активности за унапредување на финансиската писменост кај населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во образовниот процес. Младите, како што нагласи, покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се поподготвени да се вклучат во современите дигитални текови.

„Во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна Крстевска.

Во делот на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите и надоместоците за платежни услуги. Со новата регулатива, како што беше посочено, дополнително се зајакнува транспарентноста на банките.

Крстевска оценува дека финансиската едукација треба да добие соодветно место и во формалниот образовен систем, со системски опфат на младите. Според неа, на тој начин ќе се создадат идни генерации кои ќе знаат да управуваат со своите финансии, да избегнуваат прекумерно задолжување, да се заштитат од финансиски ризици и да носат одржливи финансиски одлуки.

За ова, како што нагласи главната економистка на Народната банка, потребен е заеднички напор на финансиските регулатори и образовните институции.

Банки

Комерцијална банка нуди продолжен промотивен период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Промотивниот период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена на имот продолжува до 30 септември, информираат од Комерцијална банка.

Кредитот е наменет за купување нов дом, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Од банката посочуваат дека финансиското решение овозможува намалени почетни трошоци, фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години, како и можност за грејс период до 12 месеци.

Дополнително, за поголема сигурност, достапна е и опција со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации или да поднесат податоци за контакт преку веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Банки

Јунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк

Објавено

на

Јунските пензии од денеска, 29 јуни 2026 година, се достапни за пензионерите кои ги примаат средствата преку Халкбанк АД Скопје.

Од банката информираат дека средствата се достапни на сметките на корисниците и можат да се подигнат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Важни се луѓето“, порачаа од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со Mastercard промоција: 10% поврат за плаќања во ресторани, барови и достава на храна

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави нова промоција за корисниците на Mastercard картички, преку која можат да добијат 10% поврат на средства при плаќање во ресторани, барови или за достава на храна.

Според објавата на банката, промоцијата важи за плаќања направени на првиот ден во месецот со Mastercard картичка издадена од Стопанска банка. За учество, корисниците треба претходно да се регистрираат на платформата Priceless.

Повратот на средствата се исплаќа директно на сметката на корисникот.

Од банката порачуваат дека промоцијата е можност месецот да започне со прослава и дополнителна заштеда при секојдневните плаќања со Mastercard картичка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange