Банки
ТБИ банка одобри дополнителни 5 милиони евра за станбен проект во Романија
Бугарската ТБИ банка одобри дополнително финансирање од 5 милиони евра за романската компанија за недвижности „Хексагон“, со цел завршување на станбениот проект „Someșului 15“ во градот Клуж-Напока.
Со новиот кредит, вкупното финансирање што банката го обезбедила за проектот достигна 15 милиони евра. Претходно, во 2025 година, „Хексагон“ доби кредит од 10 милиони евра.
Проектот „Someșului 15“ предвидува изградба на 136 станови, деловни простории и подземен паркинг на две нивоа.
„Хексагон“ работи според интегриран бизнис-модел кој го опфаќа целиот процес на развој на недвижности, од купување земјиште и урбанистичко планирање, до проектирање, изградба, управување со имотот и продажба. Градежните активности главно ги реализира „Hexagon Structures“, компанија која е дел од групацијата.
Во портфолиото на компанијата се наоѓаат завршени станбени, трговски и деловни проекти во Клуж и Букурешт.
ТБИ банка работи во Бугарија, Романија, Грција и Турција и опслужува околу 2,7 милиони клиенти. Во текот на 2025 година банката одобрила повеќе од еден милион кредити.
Во февруари годинава ТБИ банка беше преземена од американската инвестициска компанија „Advent International“. Во јули банката одобри и кредит од 7,85 милиони евра на романската компанија „Redesign“ за продолжување на развојот на станбениот проект „Stejeris“ во Брашов.
Банки
Централна кооперативна банка со ново седиште во Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје ја промени адресата на своето седиште, информираше банката преку Македонската берза.
Новото седиште на банката се наоѓа на улица „Столтенбергова“ број 2 во Скопје.
Промената е направена по претходна согласност од Извршниот одбор на Народната банка, дадена со решение од 24 јули 2026 година, а измената на Статутот и новата адреса се запишани во Централниот регистар на 1 септември 2026 година.
Од Централна кооперативна банка нагласуваат дека нема други промени во работењето на институцијата. Матичниот број, сметката и даночниот број остануваат непроменети.
Во иднина банката во правниот промет со трети лица ќе ја користи новата адреса на седиштето.
Информацијата е објавена денеска, 3 септември, како ценовно чувствителна информација согласно Правилата за котација.
Банки
Комерцијална банка обезбеди 4 милиони евра од ЕБОР за зелени инвестиции
Комерцијална банка АД Скопје обезбеди нова кредитна линија во износ од четири милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), наменета за поддршка на инвестиции во енергетска ефикасност во домаќинствата, станбените згради и јавниот сектор.
Кредитната линија е дел од програмата Western Balkans Green Economy Financing Facility III (WB GEFF III), преку која ќе се финансираат проекти за подобрување на енергетската ефикасност и користење зелени технологии.
Средствата ќе може да се користат за инвестиции во термичка изолација, енергетски ефикасни прозорци и врати, современи системи за греење и ладење, топлински пумпи, фотоволтаични системи и други технологии кои придонесуваат за намалување на потрошувачката на енергија.
Кредитите ќе бидат достапни со максимален износ до 50.000 евра и рок на отплата до 20 години. По успешното реализирање на проектот, предвидена е и можност за грант во висина до 20 проценти од вредноста на инвестицијата.
Договорот за новата кредитна линија го потпишаа Билјана Максимовска-Поповиќ, главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
„Како една од водечките банки во земјата, Комерцијална банка продолжува активно да ги поддржува инвестициите што носат долгорочни придобивки за клиентите, економијата и за животната средина. Преку оваа кредитна линија, повторно ќе придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност, за намалување на емисиите на штетни гасови и за зголемување на отпорноста на енергетските предизвици“, изјави Максимовска-Поповиќ.

Ова е петта кредитна линија што Комерцијална банка ја реализира во рамките на програмата GEFF, преку која банката ја продолжува поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и одржлив економски развој.
Програмата се спроведува со поддршка од Европската Унија преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан и Рамката за инвестиции во Западен Балкан, додека дополнителната техничка соработка е поддржана од Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР.
Банки
НЛБ Банка со силна порака за пензионерите: Активниот живот не завршува со пензионирањето
Вработените од експозитурата на НЛБ во Охрид беа дел од 30. Републички пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во комплексот „Билјанини извори“ во Охрид, во годината кога се одбележуваат 80 години пензионерско организирање во Македонија.
НЛБ со пензионерската заедница гради долгогодишна соработка, која опфаќа активности поврзани со финансиска едукација, поголема финансиска сигурност, спорт и дружење.
Од НЛБ посочуваат дека учеството на спортските натпревари е уште една можност за поддршка на активниот живот и создавање позитивни моменти за пензионерите.
„Активниот живот не завршува со пензионирањето. Напротив, токму тогаш можат да започнат нови навики, пријателства и нови причини за движење“, порачаа од Банката.
Со своето учество на јубилејниот настан, НЛБ даде придонес кон традицијата која повеќе децении ги обединува пензионерите од целата земја преку спорт, дружење и активен начин на живот.
Од Банката упатија честитки за 30. Републички пензионерски спортски натпревари и порака до пензионерите за уште многу години исполнети со спорт, дружење и активен живот.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 1 месецДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 4 неделиПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Советипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво: Вториот столб е лична заштеда за посигурна пензија
-
Кариерапред 1 месецАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес





