Осигурување
Триглав со раст на приходите во првиот квартал, ја задржува прогнозата за 2026 година
Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година оствари вкупен обем на работење од 633,4 милиони евра, што претставува раст од 14 проценти во однос на истиот период лани. Од компанијата посочуваат дека најголем придонес за растот имаат меѓународните пазари и зголемените премии.
Деловниот резултат пред оданочување достигна 49,3 милиони евра, додека нето добивката изнесува 39,8 милиони евра. И покрај нешто пониските резултати во споредба со минатата година, групацијата останува на ставот дека ќе ја исполни годишната проекција за 2026 година.
Според проценките на компанијата, очекуваниот деловен резултат пред оданочување за целата година треба да се движи меѓу 170 и 190 милиони евра.
Комбинираниот количник на групацијата изнесува 93 проценти, додека профитабилноста на новите договори во сегментот животно осигурување е подобрена на 14,8 проценти.
Од Триглав информираат и дека капиталната адекватност на крајот на кварталот останува во планираниот опсег меѓу 200 и 250 проценти.
Бизнис
Iute го претставува iuteCare, новиот дигитален стандард во патничкото осигурување
Иуте Македонија, во соработка со СИГАЛ Иншуренс Груп, Allianz Partners, MediGuide, IUTE AFFINITY и АМСМ, го претставува iuteCare – нов, уникатен и целосно дигитален осигурителен производ на македонскиот пазар, креиран за корисници кои сакаат поголема сигурност при патување, практична поддршка во непредвидени ситуации и пристап до помош кога е најпотребно.
iuteCare е доброволно осигурување кое во еден пакет комбинира патничко осигурување во Европа, второ медицинско мислење од меѓународни лекари, осигурување од незгода и помош на пат. На овој начин, производот носи поинаков пристап кон осигурувањето – не само како документ што се активира при штета, туку како реална услуга за критични ситуации кои можат да се случат во странство, за време на патување, но и дома.
Во период кога граѓаните сè почесто патуваат, а непредвидените ситуации можат да создадат сериозни финансиски и организациски предизвици, iuteCare е позициониран како практично, достапно и модерно решение за поголема лична сигурност, спојувајќи ги придобивките на класично патничко осигурување со дополнителни услуги, кои вообичаено не се дел од стандардните понуди на пазарот.
Наместо повеќе одделни полиси, сложени процедури и различни провајдери, iuteCare во партнерство со глобални и локални експерти отсега ќе нуди едноставно решение: комплетна заштита преку еднократна годишна претплата во износ од 1.490 ден, без комплицирани процедури и без непотребна администрација.
Услугата е достапна преку мобилната апликација MyIute, во само неколку клика – брзо, едноставно и дигитално.
Осигурувањето се активира само еднаш и има важност од една година, со покритие за патување до 30 последователни дена за секое патување, без разлика колку пати клиентот ќе патува во рамки на годишниот период на осигурување.
Во рамки на патничкото осигурување, iuteCare обезбедува покритие за итни медицински и стоматолошки трошоци при патување, итен транспорт, загубен, оштетен или украден багаж, како и доцнење на багаж. Исто така, корисниците добиваат пристап до второ медицинско мислење од меѓународни медицински експерти, осигурување од незгода и пакет асистенција за помош на пат и шлепување до 200 евра, достапен во Северна Македонија и во сите соседни земји: Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Грција.
„iuteCare го гледаме како следниот чекор во тоа како треба да изгледа осигурувањето за денешниот клиент: едноставно, дигитално и корисно во реални ситуации. Полисата и сите документи се достапни во Myiute мобилната апликација, а со една активација клиентот добива годишно патничко осигурување и асистенција во соработка со Allianz Partners, покритие до 30.000 евра и до 30 дена за секое поединечно патување, помош на пат преку АМСМ, второ медицинско мислење преку MediGuide и осигурување од незгода од СИГАЛ. На пазарот има добри поединечни осигурителни производи, но вредноста на iuteCare е во комбинацијата — патување, автомобил, здравствена експертиза и дигитална достапност во едно практично решение“, посочува Борјан Колемишевски, Извршен директор на осигурително-брокерско друштво Иуте Сафе АД.
Како дополнителен бенефит за клиентите, премијата може да се плати преку опцијата „Плати подоцна“, со наменски кредит од Иуте и можност за одложено плаќање до 30 дена.
Со iuteCare, Иуте отвора ново поглавје во развојот на дигиталните осигурителни услуги и поставува нови стандарди за подостапно и помодерно корисничко искуство на домашниот пазар, прилагодено на современиот начин на живот.
Повеќе информации за продуктот и начинот на апликација се достапни тука.
Осигурување
Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Осигурување
На 4 јуни ќе се одржи Кроација Осигурување Business Run 5K во Скопје
По завршувањето на „Прв до врв“, љубителите на спортот и рекреацијата ќе имаат можност да бидат дел од уште еден голем спортски настан – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K, кој ќе се одржи на 4 јуни во Скопје.
Организаторите најавуваат дека станува збор за најголемиот бизнис рекреативен настан во Македонија, наменет за компании и тимови кои сакаат да комбинираат спорт, дружење и тим билдинг надвор од канцелариската атмосфера.
Настанот ќе се одржи во комплексот на Acibadem Sistina Hospital и Premium Sport Center, а учесниците ќе трчаат патека од 5 километри по работното време.
Покрај трката, предвидени се музика, забава, храна и освежување за сите учесници.
Пријавувањето на тимовите е веќе отворено преку официјалната страница на настанот: PrvdoVrv Business Run 5K
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија


